Новите книги „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“ го комплетираат серијалот „Безнадежно“ од Колин Хувер

Две нови книги, „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“, од најпродаваната авторка на „Њујорк тајмс“ ‒ Колин Хувер, деновиве излегоа од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за трет и четврти дел од серијалот „Безнадежно“ на Хувер, во кој досега се објавени романите „Безнадежно“ и „Изгубена надеж“, двете во…

НОВО: „Грофот Магнус и други приказни за духови“ од М. Р. Џејмс

Дали сакате страшни приказни за духови? Подготвени ли сте за хорор што ја смрзнува крвта? Новата книга во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, „Грофот Магнус и други приказни за духови“ од М. Р. Џејмс е токму таква, неизвесна и страшна, но доволно интересна за да не се откажете при првото…

Literatura.mk Superstore ја почнува новата приказна во „Ист гејт мол“ со подарок книга за секоја купена книга

Новата книжарница Literatura.mk Superstore и кафе-барот Café Literatura на 29 октомври (петок) ја почнаа својата нова приказна, во рамките на најголемиот центар за шопинг, култура и забава во регионот – „Ист гејт мол“ (East Gate Mall). Во новата суперпродавница на „Литература.мк“ и кафулето, кои се сместени на првиот кат, на вкупна површина од 550 квадратни…

„Жената со црвена коса“ од Орхан Памук e комплексен роман во кој се испреплетуваат политиката и психологијата

По „Истанбул: Сеќавањата и градот“, „Белата тврдина“ и „Нов живот“, од најпознатиот современ турски писател Орхан Памук, деновиве од печат излезе романот „Жената со црвена коса“ во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 2006 година. Неговите…

Literatura.mk Superstore и Café Literatura ќе ги донесат книжарските трендови и најдоброто кафе во „Ист гејт мол“

Новата книжарница Literatura.mk Superstore и кафе-барот Café Literatura ќе бидат отворени утре (29 октомври, петок), во рамките на најголемиот центар за шопинг, култура и забава во регионот – „Ист гејт мол“ (East Gate Mall). Во новата суперпродавница на „Литература.мк“ и кафулето, кои се сместени на првиот кат, ќе бидат застапени светските книжарски трендови и најдоброто…

Го одбележуваме 75-тиот роденден на писателот Велко Неделковски

Еден од најзначајните македонски раскажувачи, романсиер, драмски писател, поет и сценарист, Велко Неделковски е роден на денешен ден (28 октомври), пред 75 години, во Скопје. Во своето литературно творештво ги негува речиси сите литературни жанрови: расказ, сказна, роман, драмски текстови, поезија. Работел во Македонската телевизија како драматург и сценарист. Член е на ДПМ од 1980…

Дамјан Николовски: Со едицијата „Лесно читливи лектири“ се подигнува свесноста за дислексијата

Во светски рамки, октомври се одбележува како интернационален месец за подигнување на свесноста за дислексијата. Меѓу најзаслужните за запознавање на нашата поширока јавност со оваа состојба на тешкотија при читањето и разбирање на прочитаното е Здружението за дислексија „Ајнштајн“. Целта на оваа организација, основана пред седум години од родители на деца со дислексија и од…

„Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков – добитник на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2021 година

Ракописот со наслов „Хотел меѓу две војни“ од авторот Александар Русјаков е победник на третото издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2021 година. На годинашниот конкурс за наградата за најдобар необјавен роман на годината – „Пегаз“, што ја организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата „Славко Јаневски“, се пријавија и учествуваа…

Недела на италијанскиот јазик во Literatura.mk Superstore и „Литература.мк“ на улицата „Македонија“

Со дела од италијански автори во издание на „Арс Ламина“ во книжарниците Literatura.mk Superstore и „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ се одбележува 21. Неделата на италијанскиот јазик. За време на манифестацијата се одбележуваат 700 години од смртта на Данте Алигиери, кој се смета за татко на италијанскиот јазик и на идејата за Италија. Неговото легендарно дело…

Магичниот свет на илустрациите на Ване Костуранов во фокусот на фестивалот „Внимавај, книга!“ во Загреб

Богатиот, неверојатно магичен и крајно суптилен свет на илустрации од исклучителниот македонски автор Ване Костуранов, ќе биде претставен во рамките на Фестивалот на книгата и книжевноста „Внимавај, книга!“ (Pazi, knjiga!), што од 25 до 29 октомври ќе се одржи на неколку локации во Загреб. Во рамките на ова прво, сеопфатно претставување на Костуранов пред хрватската…

Пет нови книги од серијалот за џентлменот крадец Арсен Лупен во издание на „Арс Ламина“

Пет нови книги на англиски јазик од серијалот за легендарниот џентлмен крадец Арсен Лупен од францускиот писател Морис Леблан деновиве излегоа од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за романите: „Arsène Lupin: The secret of Sarek“, „Arsène Lupin: The eight strokes of the clock“, „Arsène Lupin: The…

Романот за деца „Црната птица“ од Александра Јовановиќ се најде на престижната книжевна листа The White Ravens

Наградуваниот роман за деца „Црната птица“ од српската авторка Александра Јовановиќ, кој на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се најде на престижната книжевна листа „Вајт рејвенс“ (The White Ravens) за 2021 година. Станува збор за листа со 200 книги за деца и млади од автори од целиот…

Топ 10 најпродавани биографии и мотивациски книги во септември

Една од најочекуваните книги за оваа година, „Ветената земја“ од Барак Обама, која неодамна излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ е најпродаваната автобиографска книга во книжарници на „Литература.мк“ во септември. Биографиите, како и мотивациските книги, во кои авторите даваат совети за подобар и поквалитетен…

Кои изданија за деца беа најбарани во „Литература.мк“ минатиот месец?

Новиот, четврти дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер, сликовници и романи од нови, но и од етаблирани домашни автори за деца се најчитаните наслови за деца од „Литература.мк“ во септември. Мошне се барани и наслови од едицијата „Лесно читливи лектири“, книгите од серијалот Исидора Мун, интерактивни книги со логички вежби, пиши-бриши вежбанки со…

Топ 10 најчитани книги од „Литература.мк“ во септември

Нови романи од домашни автори, наградувани изданија и интернационални бестселери се меѓу најчитаните книги од „Литература.мк“ во септември. Од богатиот избор на наслови во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, од фикција се читаат најновите романи на едни од најактуелните автори во светската белетристика, но и постари наслови, како „Дамски гамбит“…