„Писатели и љубовници“ од Лили Кинг е нежна приказна за љубовта, загубата и пишувањето

По успехот на нејзиниот високо ценет и наградуван роман „Еуфорија“, писателката Лили Кинг се враќа со нова, нежна приказна за љубовта, загубата и за предизвиците на една млада авторка. Станува збор за романот „Писатели и љубовници“, кој неодамна излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.…

„Дизајн меѓу полици“ – нова акција со брендирани производи за домот во „Литература.мк“

Дизајнирани производи за кујната и домот, уникатни додатоци за во канцеларија, како и „смарт“ уреди од познати интернационални брендови, се дел од продажната акција „Дизајн меѓу полици“ на „Литература.мк“, што ќе трае од 4 до 13 март. Со специјални попусти се селектирани производи од најбараните европски дизајнерски компании за домот: Gingkо („Гинко“), Lexon („Лексон“), Fundamental…

Три наслови од „Арс Ламина“ меѓу десетте книги во трка за наградата „Роман на годината“

Три книги во издание на „Арс Ламина“ се меѓу десетте романи што ја продолжуваат трката за престижната награда „Роман на годината 2021“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Во потесниот избор влегоа: „Втората месечина“ од Владо Димовски, „Уништување“ од Моџо Килингтон и „Деса“ од Ивана Трајаноска, кои се…

Милена Лунеска во стихозбирката „Љубов облечена во бело“ ги овековечува своите тажни и весели спомени

…Денес, кога на домот наш, ново име му запишуваме, а ѕвонлива смеа танцува по подовите, Ти, закопчај ја со душата љубовта наша, како скапоцен костум, Јас, во невестинско бело ќе ја облечам среќата, па со насмевки и музика на радоста да ја отвориме вратата, свечено да го пречекаме ЖИВОТОТ!… Ова се дел од стиховите од…

Кон „Хамнет“ од Меги О’Ферел: Роман за болката и за трансформацијата на животот во уметност

Дејството на романот „Хамнет“ од Меги О’Ферел е сместено во времето на пандемијата на грозницата наречена Црна смрт, што косела во Европа во 16 век и од која биле зафатени и театрите во Лондон. Во еден од нив, младиот Вилијам Шекспир создавал нов вид историја. Во „Хамнет“ Шекспир останува неименуван, а е прикажан како грижлив,…

Прв интегрален препев на македонски јазик на збирката „Сто љубовни сонети“ од Пабло Неруда

Познатата стихозбирка „Сто љубовни сонети“ на големиот чилеански поет Пабло Неруда деновиве излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за прв интегрален препев на македонски јазик на оваа зборка. Во делото, кое првично било објавено во 1959 година во Аргентина, добитникот на Нобеловата…

„МАРТИНКИ: конци, плетки и црвено-бели сплетки“ им ја доближува традицијата на најмладите читатели

Традиционално, на први март се изработуваат мартинки. Тоа се украси од засукани конци (од волнено или памучно предиво) во две бои – црвена и бела. Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа. За значењето и изработката на мартинките повеќе можете да дознаете со специјалното издание „МАРТИНКИ: конци, плетки и…

„Волшебните прегратки“ од Марија Костадиновска е волшебно освежување во литературата за деца

Си беа еднаш… еден Ведран и една Мила, кои живееја во градот Гушкоград, во една земја Вистинија… со една Злоба и еден Шугавко… А, пак, тоа еднаш всушност е и денес… „Волшебните прегратки“ од Марија Костадиновска, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е приказна-метафора за среќата. За непроценливата детска среќа и…

Номинации за блогот и сајтот на „Литература.мк“ на изборот „Сајт на годината 2021“

Блогот и интернет-страницата на „Литература.мк“ се меѓу номинираните на изборот „Сајт на годината 2021“. Нашиот blog.literatura.mk, кој изминатите години неколкупати беше прогласен за најдобар блог на овој избор, овој пат е во конкуренција за најдобар сајт за образование, наука и култура. Страницата Literatura.mk, пак, е номиниранa во категоријата за најдобар сајт за е-трговија. Специјализираниот блог…

„Семејство“ од Луиз Џенсен е тензичен трилер за застрашувачка тајна на една заедница

Од авторката на светските бестселери „Сестрата“, „Подарокот“ и „Рандеву“, Луиз Џенсен, неодамна од печат излезе романот „Семејство“. Книгата, која е интернационален бестселер, на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. „Семејство“ е тензичен трилер за една жена, Лора, која е скршена по ненадејната смрт на нејзиниот сопруг. Борејќи…

Романот  „Хамнет“ е круна на книжевната кариера на писателката Меги О’Ферел

„Приказната за Хамнет Шекспир го чекала својот раскажувач повеќе од четиристотини години. Меги ѝ ја даде должната почит. Извонредно, потресно, импресивно.“ Овој коментар на наградуваната британска авторка Камила Шамси најдобро ја опишува една од најбараните и најнаградувани книги изминатите две години – „Хамнет“. Ова импресивно дело на Меги О’Ферел е меѓу најфалените романи напишани на…

Нова едиција со 10 книги за Шерлок Холмс адаптирани за деца во издание на „Арс Ламина“

Познатите книги за генијалниот детектив Шерлок Холмс, од славниот шкотски писател сер Артур Конан Дојл, адаптирани за најмладите читатели, се дел од новата едиција во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во серијалот „Шерлок Холмс за деца“ на македонски јазик се десет книги: „Студија во скарлетна боја“, „Знакот на четворката“, „Синиот гранат“,…

Топ 10 најбарани изданија за деца и млади во „Литература.мк“ во јануари

Популарните пиши-бриши вежбанки за најмладите: „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“ се најбарани изданија за деца во „Литература.мк“ и во јануари. Овие интерактивни дела, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, неколку месеци се на врвот на листата со најкупувани книги за деца. Во континуитет, голем интерес има и за книгите…

Светот на Хари Потер – инспирација за литературен, ликовен и фото-конкурс

Волшебниот свет на Хари Потер е инспирација за новиот литературен, ликовен и фото-конкурс во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“. На овој креативен предизвик, кој ќе трае од 18 февруари до 20 март 2022 година, право на учество имаат сите ученици од основните и од средните училишта, како и сите фанови на овој серијал. Тие…

Со книжарницата „Литература.мк“ се отвора нов свет на книгата во Струмица

„Без светлина нема радост за окото, без книга нема радост за душата.“ Со оваа мисла на големиот македонски писател Видое Подгорец, врежана заедно со неговиот портрет на плафонот, новата книжарница на „Литература.мк“ во Струмица им посакува добредојде на сите посетители во светот на книгите. Во саботата (19 февруари), на убавиот сончев ден, неколку стотици гости,…