Fingerprint Art: Боенки со кои децата создаваат уметност со отпечатоци од прсти

Поминете незаборавни моменти креирајќи уметност со прстите, наместо со четкички за боење. Во новиот иновативен серијал Fingerprint Art („Уметност со отпечатоци од прсти“) во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, вклучени се четири тематски боенки со неколку теми. Изданијата се со цртежи на тема: Велигден, Божиќ, природа и лето, и се наменети…

Го одбележуваме Светскиот ден на книгата со драмите од Шекспир адаптирани за деца

Книжевниците, издавачите, авторите, библиотекарите и љубителите на книгата од целиот свет денеска (23 април) го одбележуваат Светскиот ден на книгата и на авторското право. Датумот 23 април има голема симболика за светската литература. На овој датум во 1616 година починале Шекспир, Сервантес и Инка Гарсиласо де Ла Вега. Исто така, тоа е датум на раѓање…

„Исидора Мун ја запознава Забовилата“ – нова магична приказна од авторката Хариет Мункастер

Магична вест за сите фанови на Исидора Мун! Од печат излезе новата книга од серијалот за малата самовила-вампир Исидора Мун од авторката Хариет Мункастер. Станува збор за „Исидора Мун ја запознава Забовилата“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации. Исидора Мун е посебна, бидејќи е поинаква. Мајка ѝ е самовила,…

Се „шие“ нова несекојдневна сликовница – „Шила“

Новата несекојдневна сликовница „Шила“ од авторката Јана Мишо и илустраторката Калиопи Трпчева,  во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, наскоро ќе пристигне во книжарниците на „Литература.мк“. „Шила“ е топла сликовница за патот до среќата на едно срамежливо девојче, „сошиена“ од лирската приказна на Јана Мишо и колоритните илустрации на Калиопи Трпчева. Играта…

Шарени изданија од „Литература.мк“ со кои ќе читајте, учите и боите со вашите деца овој Велигден

Книгите се траен и вреден подарок за најмладите. Преку нив децата се едуцираат, се информираат и се забавуваат. Тие ја поттикнуваат креативноста, фантазијата, критичкото мислење и квалитетно го исполнуваат слободното време. За време на велигденските празници израдувајте ги своите најмили со изданија чијашто приказна и илустрации се поврзани со симболите на овој празник, но пораките…

Нови авантури со Дина и Додо за велигденските празници

Овие велигденски празници израдувајте ги најмладите со новите авантури на Дина и Додо. Интерактивни, забавни и едукативни, со интересни илустрации и приказни се новите боенки, книги со активности и картички, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн преку http://www.literatura.mk.…

Поговор кон романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова

Калина Малеска: „Размислувајќи на што се должи впечатокот што ми го остави „Адамовото ребро“, сфаќам дека ова не е само роман за љубовта туку и роман што се преиспитува самиот себеси, си ги соочува и видоизменува своите теми, ги става во различни контексти од кои произлегуваат различни последици, ги судира протагонистите од различни времиња, ја истражува суштината на пишувањето, има јасна свест за историските немири и за тоа колку ликовите можат да бидат и колку можат да не бидат свесни за нив.“

Волшебна дружба на денот посветен на Хари Потер во „Литература.мк суперстор“ во „Сити мол“

Многубројни ученици од основните и средните училишта, нивните наставници и родители, како и фанови на популарниот серијал за младиот волшебник од Џ. К. Роулинг, беа дел од настанот посветен на Хари Потер, што се одржа на 16 април (сабота) во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. На настанот беа промовирани книгите од серијалот „Хари…

Ден посветен на Хари Потер во „Литература.мк суперстор“ во „Сити мол“

Со промоција на книги, креативен конкурс, награди и изненадувања за фановите, на 16 април (сабота) од 11 до 13 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ ќе се одржи ден посветен на Хари Потер. На настанот ќе бидат прoгласени и наградени победниците на ликовниот и литературен конкурс „Светот на Хари Потер“, што се…

Поговор кон романот „Тромбот“ на Оливера Николова

Владимир Мартиновски: „Читајќи го исклучително слоевитиот и возбудлив роман Тромбот од Оливера Николова (првообјавен во 1997 година), многупати ни се наметнува древната идеја дека човекот е пред сè „суштество што (се) игра“. Но, за какви сè игри станува збор во овој роман? На прва топка, некој ќе рече – па лесно е, за фудбал! Така, секако, нема да се утне правецот, бидејќи фудбалот е играта околу која се плетат клучните интриги во приказните од кои е сочинет романот, но одговорот, се чини, би бил недоволен и несеопфатен.“

Магде Ангова: „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ им порачува на децата да бидат љубопитни за нови знаења

Разиграната илустрирана книга за деца, која ги актуализира и осовременува гатанките за новите генерации, „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од младата авторка Магде Ангова, беше промовирана во петокот (8 април), во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“,…

Кои изданија за деца и млади беа најбарани во „Литература.мк“ во март?

Популарните интерактивни пиши-бриши вежбанки со маркер „Животните од Австралија“ и „Животните од Африка“ се најбараните изданијата за деца во книжарниците „Литература.мк“ во март. На топ 10 листата се најдоа и новите книги за деца од младите македонски авторки: „Волшебните прегратки“ од Марија Костадиновска и „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од Магде…

Авторката Марија Костадиновска сподели волшебни прегратки и вистински приказни со учениците од ОУ „Мирче Ацев“ – Скопје

Како се родија приказните во книгите „Волшебните прегратки“ и „Вистинска приказна за двете соседни кралства“? Како изгледаат волшебни прегратки и како настануваат? Како се станува дете-крал/кралица? Која е пораката на двете книги?… Ова се само дел од прашањата на коишто авторката Марија Костадиновска одговараше на креативната дружба со учениците од трето одделение во ОУ „Мирче…

Александар Русјаков: „Хотел меѓу две војни“ е роман за љубовта на Елени и Ататурк што никогаш не се случила

Во присуство на многубројна публика од културната и книжевната сцена, вчеравечер (6 април) во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје се одржа свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2021 година и промоција на победничкиот роман – „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков. На доделувањето на наградата, покрај победникот Русјаков, се обратија и членовите…