Топ 10 книги од „Литература.мк“ во чест на Светскиот ден на музиката

Музиката го разубавува нашиот живот. Taa може да предизвика чувства на среќа, возбуда, но и на тага. Знае да нè развесели, да нè разигра или, пак, да нè растажи, па дури и да нѐ расплаче. Генијалниот научник Алберт Ајнштајн има речено: „Да не бев физичар, веројатно ќе бев музичар. Често размислувам со музика. Јас ги…

„Необичното розово ладало“ – нова авантура на тинејџерка-детектив Енола Холмс

По „Исчезнатиот маркиз“, „Левораката дама“ и „Бизарните букети“ од печат излезе четвртата книга од серијалот за Енола Холмс од авторката Ненси Спрингер – „Необичното розово ладало“. Книжевниот серијал „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ за авантурите на помалата сестра на познатиот детектив Шерлок Холмс на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина…

Книгата „Матилда“ од Роалд Дал – инспирација за нов мјузикл на „Нетфликс“

Врз основа на популарната книга за деца „Матилда“, од еден од најдобрите британски писатели Роалд Дал, се снима нов истоимен мјузикл, во продукција на стриминг-сервисот „Нетфликс“. Главната улога на девојчето со бујна имагинација, Матилда Вормвуд, ќе ја толкува младата актерка Алиша Вир. Како злобната госпоѓица Транчбул ќе се појави познатата британска актерка Ема Томпсон. Во…

Сликовницата „Девојчето и градот“ од Ване Костуранов објавена на португалски јазик

Книгата за деца „Девојчето и градот“ од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов деновиве излезе од печат и на португалски јазик, со наслов „A Menina e a Cidade“. Книгата ја објавува португалскиот издавач „Алфароба Едисоенж“ (Alfarroba Edições). Сликовницата првично беше објавена во 2020 година, на македонски јазик, во издание на „Либи“, дел од „Арс…

Комплетот „Шерлок Холмс за деца“ отсега и во колекционерска кутија

Новиот серијал „Шерлок Холмс за деца“, со десет книги за генијалниот детектив, адаптирани за деца, отсега е достапен и во колекционерска кутија. Станува збор за десет романи базирани на книгите од славниот шкотски писател сер Артур Конан Дојл, наменети за најмладите читатели, кои на македонски јазик се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина…

Орце Нинески: Илустрирањето на бајката „Сончевото момче Ил“ беше прекрасно искуство

По деценија работно искуство како историчар на уметност, Орце Нинески нашол нов животен предизвик – како самостоен уметник, сликар и графички дизајнер. За него, уметноста е исклучително предизвикувачка, привлечна и забавна. Неговиот стил е создавање илустрации и ликови кои се смешни, шарени и детално нацртани. Овој пристап е соодветен за илустрација на книги за деца,…

Музичка промоција на книгата „Забранети луѓе“ од џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен

Познатиот џез-вокалист Џон Илија Апелгрен на 22 јуни (среда), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ ќе ја промовира својата книга „Забранети луѓе“. Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап во живо на Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс…

Домашното за домашни задачи – „Збогум, Вано, Ванке“ од Оливера Николова е роман со клуч

Јелена Лужина: Автентичните писатели како Оливера Николова секогаш читаат помеѓу редовите, умеат да ги декодираат навидум „невидливите“ причинско-последични релации и интуитивно ги препознаваат оние загадочни сигнали кои „бликнуваат“ од таканаречениот поттекст. Романот „Збогум, Вано, Ванке…“ е „составуван“ токму од тој и таков материјал. Формално невидлив. Како и секоја фикција.

„Шила“ е најбараното издание за деца во „Литература.мк“ во мај

Новата несекојдневна сликовница „Шила“ од авторката Јана Мишо и илустраторката Калиопи Трпчева, која беше промовирана за време на Саемот на книгата, е најбараната книга за деца во мај во книжарниците на „Литература.мк“. Следува најновата едиција „Нови бајки од Македонија“, што ја сочинуваат четирите бајки: „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“. Високо…

Александар Русјаков добитник на годинашното „Рациново признание“ за романот „Хотел меѓу две војни“

Писателот Александар Русјаков е добитник на годинашнoто „Рациново признание“ за неговата најнова книга „Хотел меѓу две војни“. Комисијата, во состав Јасминка Делова-Силјанова (претседател) и членовите Снежана Петрова-Џамбазова и Маја Апостолска, едногласно одлучи, од доставени 22 книги на конкурсот, наградата да се додели за ова прозно остварување кое плени со својата оригиналност и нестереотипен раскажувачки дискурс.…

Катерина Соколова: Уште при првото читање на „Бакнежот на пролетта“ веднаш ми се родија идеи за илустрациите

„Во една земја, на крајот од последната улица на едно гратче, во една малечка куќичка под еден рид, живееше едно девојче со баба си. Откако знаеше за себе, девојчето секое утро седеше покрај прозорецот и гледаше надвор. Во дворот пред куќичката сѐ беше бело, а голите гранки на дрвјата на ридот беа клапнати под тежината…

Мимоза Рајл: „Соништата на писателот“ е книга за патот од страдањето до златната доба на убавината и на смислата

Со мултимедијален настан, вчеравечер (9 јуни), во „Салон 19:19“ при Културно-информативниот центар – Скопје, беше промовирана новата книга „Соништата на писателот“ од проф. д-р Мимоза Рајл. На промоцијата имаше книжевна, драмска, музичка и ликовна презентација, со еминентни уметници, актери и музичари. „Соништата на писателот“, во издание на „Арс Ламина“, е најновото дело на д-р Рајл…

„Прочитај повеќе“ – нова кампања на „Арс Ламина“ со попусти до 60 отсто

Под слоганот „Прочитај повеќе“, со попусти до 60% на над сто наслови, издавачката куќа „Арс Ламина“, од 8 до 30 јуни, ја организира новата продажна кампања во рамките на целата држава. Во акцијата ќе биде вклучен голем избор на книги од белетристиката за возрасни и литературата за деца, како и интерактивни изданија за најмладите. Во…

Поговор кон „Куќичка“ од Оливера Николова

Румена Бужаровска: Се чудам како досега никому не му текнало да направи филм од овој роман. Парадоксално, иако се вика „Куќичка“, тој постојано се движи. Тој е напнат од чувството на мистерија, тој е во постојана трансформација, тој е и интимно и политички возбудлив. Иако во него среќаваме прељуба, убиство, бегство и измама, тој е цврсто втемелен во принципите на вербата во човештвото и во солидарноста. И на крајот, ова е роман што е длабоко вљубен во зборовите со кои е напишан и во културата од која произлегува, па така самиот по себе претставува дом за нашиот јазик.

Среќен распуст со лесно читливите лектири и читанки

По успешно завршената учебна година, време е за заслужен распуст. Време е за одмор, безгрижна игра, дружба и патувања. Конечно доволно време да се прочитаат и омилените книги. Летото е идеален период да заминете во неповторливи патувања и авантури преку страниците на лектирите и други книги. Ќе се согласите дека читањето е една од најубавите…