Промоција на Детска стоматологија на Стоматолошки факултет – Скопје

На промоцијата ќе се обратат проф. д-р Ќиро Ивановски (декан на Стоматолошкиот факултет), проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска (уредничката и една од авторите на книгата), проф. д-р Џон Николсон (еден од авторите) и Бранка Бугариска (директорка на издаваштво во „Арс Ламина“). Книгата, која е во издание на „Арс Ламина – публикации“, е сублимат на долгогодишна работа…

НАСКОРО: Првата авторизирана биографија на Дарко Панчев

На денешен ден, 7 септември, во 1965 година, во Скопје е роден најславниот и најуспешниот фудбалер на Македонија – Дарко Панчев. Благодарение на своите голгетерски способности и вродениот рефлекс за скротување на топката во шеснаесетникот, тој се здобива со прекарот Кобра, како што е познат и до ден-денес во фудбалскиот свет. Решетејќи ги мрежите на…

Ново списание и прирачници за предучилишна возраст во издание на „Арс Ламина“

Издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почнува оваа воспитно-образовна година со ново списание и нови прирачници по математика и графомоторика, наменети за предучилишна возраст. Станува збор за интерактивното и модерно дизајнирано списание „Ѕвезди“, два нови прирачници по математика за 4-5 години, односно 5-6 години, како и Прирачник за предучилишна возраст со графомоторички вежби (5-6 години). Новите…

Оливера Николова – добитничка на книжевната награда „Прозарт 2022“

Македонската писателка Оливера Николова е добитничка на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, што ја доделува Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“. Јубилејното, десетто издание на книжевниот фестивал годинава ќе се одржи од 18 до 21 септември. Одлуката за доделување на наградата на Николова беше донесена едногласно од страна на Одборот…

Топ 10 книги од „Литература.мк“ за среќен почеток на првачињата

Со нетрпение го очекуваме први септември! Веруваме дека највозбудени се идните првачиња и нивните родители. Пред нив е почеток на ново поглавје, исполнето со интересни предизвици и многу новитети. Нема поубав начин да посакате некому среќен и успешен почеток на новата учебна година од дарување книга. Во очекување на првиот училиштен ден, ви претставуваме топ…

„Лејла“ од Колин Хувер наскоро на македонски јазик

По книжевните хитови „Исповеди“, серијалот „Безнадежно“ и „Без Мерит“, наскоро од број 1 авторката на бестселери на „Њујорк тајмс“ – Колин Хувер, ќе излезе романот „Лејла“. Романот, што го истражува животот по трагедија и неуништливиот дух на љубовта, на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Кога Лидс…

Популарниот француски бренд за очила во книжарниците „Литература.мк“

IZIPIZI се очила што предизвикуваат насмевка на вашето лице, шарени колекции, кои совршено одговараат на вашите потреби. Дизајнот е едноставен и тренди, а во исто време квалитетни и достапни. Очилата се лесни, флексибилни и погодни за сите возрасни групи и за сите прилики. Во понудата на IZIPIZI можете да најдете: очила за читање, очила за…

Кои беа најбарани изданија за деца во „Литература.мк“ во јули?

Летниот распуст е идеален период за читање лектири и други книги за кои учениците немаат време во текот на учебната година. Преку страниците на книгите младите читатели заминуваат на авантуристички и незаборавни патувања, запознаваат интересни личности и места, ја развиваат имагинацијата и љубовта кон читањето. Во книжарниците „Литература.мк“ минатиот месец најбарани изданија за деца и…

„Здив“ од Џејмс Нестор е најбарана книга од областа на нефикцијата во „Литература.мк“ минатиот месец

Само неколку недели откако излезе од печат, новото издание од областа на популарната наука – „Здив: нова наука за една загубена уметност“ од новинарот Џејмс Нестор, се искачи на врвот на топ 10 листатa со најпродавани книги во книжарниците „Литература.мк“.  На втората позиција е хит-водичот за самопомош „Е, баш ме заболе“ од авторот суперѕвезда во…

Топ 10 најпродавани книги во „Литература.мк“ во јули

Романот „Малибу во пламен“ од авторката на бестселерите „Седумте мажи на Евелин Хуго“ и „Дејзи Џонс енд Д сикс“, Тејлор Џенкинс Рејд, е најпродаваната книга во книжарниците на  „Литература.мк“ во јули. Минатиот месец многу барани беа и историско-фантастичниот роман „Невидливиот живот на Ади Лару“ од В. Е. Шваб, современиот класик „Сто години самотија“ од Габриел…

Средства од продажбата на „Љубов облечена во бело“ од Милена Лунеска ќе бидат донирани на здружението „Дајте ни крилја“

Авторката Милена Лунеска и издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе донираат средства од продажбата на стихозбирката „Љубов облечена во бело“ за невладината организација „Дајте ни крилја“. Со секој купен примерок од книгата, дел од заработката ќе биде наменет за поддршка на Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби – „Дајте…

Новиот роман „Смртта не е крај“ од Владо Јаневски ја разработува темата – дали умирањето е нов почеток?

Колку е реалноста објективно вистинита, а колку постои само како субјективна свест за она што е околу нас? И дали воопшто тоа што го перципираме како природа на нашето постоење не е можеби производ на нешто надвор од нас самите? Дали смртта е нов почеток, а не крај? Дали е таа коректив на постоењето што…

Оливија Георгиевска: Боенката за возрасни „Тајната градина“ е креативна антистрес терапија

Цртањето, боењето и секоја креативна работа може да дејствува терапевтски, во намалување на стресот. Ова лето можете да се релаксирате со новата креативната боенка за возрасни „Тајната градина“ од авторката Оливија Георгиевска, која неодамна излезе од печат во издание на „Скрипти“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Изданието содржи 19 прекрасни илустрации на цветови од…

Со песната „Илинденска“ од стихозбирката „Скопјани“ од Гане Тодоровски го одбележуваме 2 Август, Денот на Републиката

На 2 Август го одбележуваме Денот на Републиката – Илинден, голем државен празник, кој има посебно значење за историјата на македонскиот народ. На овој датум во 1903 година почнало Илинденското востание, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. На овој ден православните граѓани го слават и верскиот празник Свети Илија (Илинден). Со…

Поговор кон „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова

Давор Стојановски: „Песот со тажен поглед“ не е исклучиво историски или воен роман, туку е повеќе роман за тоа како војната го втиснува мрачниот печат врз индивидуата, за последиците што војната ги остава врз телото и врз психата на оној што излегол од борбата, но и за ронката хуманост што, случајно или не, останува надвор од човекот и е сместена во очите на животното што најчесто го сметаме како наш најчест домашен миленик.