Извадок: ПАДОТ НА БЕРЛУСКОНИ

„Извини Ландолфи, ќе сакаш ли да ми објасниш што всушност се случи минатата вечер?“ Агентот Марко Ландолфи, шеф на патролата „Монфорте бис“, сè уште е преморен. Во очите е како претепан. Премногу ноќни смени. Како и да е, се гледа од него дека нешто друго го јаде. Нешто што се случило вечерта на 27 мај.…

Новогодишни попусти на Литература.мк

Подарок за Нова година за саканиот, саканата, мама и тато, баба и дедо, дада и бато :)… Многу подароци, многу дилеми. Но кога е книга во прашање, најчесто нема утка. Новогодишните попусти на Литература.мк се во тек! Одберете книга за подарок за најмилите или за себе :).

Имаме блог, а имаме и награда!

Пред некое време на фејсбук и на твитер напишавме: имаме блог! Тоа беше пред само неколку месеци, поточно на средината на септември. На крајот на годината, покрај сите други убави работи, можеме да напишеме и – имаме награда! Blog.literatura.mk го освои третото место во категоријата најдобар блог на манифестацијата сајт на годината 2014, вест што…

Извадок: ХАРЕМОТ НА ГАДАФИ од Аник Кожан

Едно утро во 2004 г., само што наполнив петнаесет години, директорот на училиштето им  се обрати на сите ученици собрани во дворот: „Водачот ќе ни направи голема чест и ќе нè посети денес. Ова е голема радост за целото училиште. Така, од вас очекувам да дојдете навреме, да бидете дисциплинирани и да се однесувате беспрекорно.…

Пишувањето е прекрасна и ужасна работа

Гудридс интервју со Стивен Кинг по повод неговиот најнов роман „Оживување“   Последниот роман на Стивен Кинг „Оживување“ (Revival), го обележува враќањето на екстремно натприродниот хорор со кој се прослави авторот на повеќе од 50-те глобални бестселери- вклучувајќи ги и „Сјаење“ (The Shining), „Гробишта за домашни миленици“ (Pet Sematary) и Тоа (It).

Конечно! Водич за почетници по бебе-технологија!

Книгата, или поточно прирачникот „Бебе – упатство за употреба“е наменет за татковците-почетници – да ги поучи, насмее и да им се обрати на јазикот кој тие го разбираат, со типични „машки“ паралели и термини. Од неговото деби во 2003 година па сè до денес, овој прирачник е преведен на повеќе од 25 јазици и продадени…

„Quo Vadis“ ми е првата катарза

Моја библиотека: Румена Бужаровска   Писателка, професорка, борец за човекови (и женски права), девојка од „град“ и умница уште од многу мала :). Неколку зборови што само донекаде се трудат да ја доловат Румена Бужаровска, која деновиве ја промовираше својата трета збирка раскази „Мојот маж“ (едно многу фино заокружување на „Чкртки“ и „Осмица“).

„Харемот на Гадафи“ ексклузивно со Вест

„Харемот на Гадафи“ – дел од нова едиција на Литература.мк Од петок, 14 ноември, Литература.мк и Вест ќе ја престават новата едиција со наслов „Женски исповеди – Тајниот живот на лидерите“,  достапна ексклузивно со Вест, со доплата од само 200 денари во продажните места на МПМ.

„Мајсторот и Маргарита“ ми отвори цел еден универзум

Моја библиотека: Срѓан Јаниќијевиќ   Режисер, сценарист, актер, музичар, уметник, Ди-Џеј… најверојатно има уште многу работи со кои се занимава, а не се на оваа листа. Покрај тоа, за Срѓан Јаниќијевиќ можеме слободно да кажеме дека е еден од малкуте ликови што биле директно инволвирани во создавањето на урбаната култура во Скопје.

Омилените книги на Џонатан Френцен

Американскиот писател Џонатан Френцен се прослави со романот „Корекции“ (2001), додека со романот „Слобода“ (2010) тој стана еден од најчитаните светски писатели и едно од најголемите книжевни имиња на 21. век.

Книги и мода – совршен пар!

Арс Либрис и Литература.мк – дел од овогодинешниот FWSK   Зошто книги и мода, или книги и стил? Затоа што, според нас, книгите се исто толку битни за градењето на стилот како што е тоа и облеката – едното те оформува однадвор, а другото однатре :).   Арс Либрис катчето на FWSK ќе можете да…

Задоволството помеѓу агониите е еликсир на постоењето

Моја библиотека: Илина Јакимовска   Илина Ј., или Илина Букбокс, или професорката Илина – како милувате. Девојка чиј ведар лик го знаат и оние генерации кои „на времето“ киснеле во Галерија и Безистен, цел твитер МК, студентите на етнологија кои не може да не ја споменат „омилената“ професорка…

Ричард Фланеган добитник на Букеровата награда

Овогодинешниот добитник на најпрестижното книжевно признание на светот – Букеровата награда (Man Booker Prize 2014) е Австралиецот, или поточно Тасманиецот Ричард Фланеган, за неговиот епски роман „Тесниот пат кон длабокиот север“ (The Narrow Road to the Deep North).   Ова е шести роман на Фланеган и е дело со епски размери, кое ја раскажува приказната…

Франкфурт 2014: Книжевни трендови оваа есен

Минатата недела го посетивме најголемиот саем на книга во светот – Frankfurt Buchmesse. Саемот траеше од 8 до 12 октомври, распослан на површина 190.000 м2, со 7.300 излагачи од 102 земји од светот, 600 литературни агенти, 9.300 новинари од 71 земја, преку 300.000 посетители, и непознат број изодени километри низ 8-те огромни хали на саемот.…