Ново од Либи: серијал книги „Пчеличката Маја“

За најмалите читатели – супер изненадување од Либи: серијал книги „Пчеличката Маја“! Маја е весела малечка пчела која многу ја сака слободата и затоа живее во ливадата. Маја често влегува во возбудливи авантури заедно со нејзиниот најдобар другар Вили. Ах, Вили! Тој е многу мрзлив и обожува храна! Но, тој е најдобриот пријател на светот.

Дваесет нешта што (веројатно) не сте ги знаеле за Стивен Кинг

  Ајде да си играме асоцијација со зборови. Добро, почнуваме: писатели на хорори… Е, сега, доколку првиот автор кој ви доаѓа на ум не е Стивен Кинг, тогаш или а) вие сте многу попривлечни и поначитани од нас, или б) лажете. Стивен Кинг е како биг-мек кај писателите (ова се негови зборови, а не наши).…

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ и „Арс Ламина“ ќе го реализираат проектот „Бајки од Македонија“

Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ ќе даде стручен придонес во изборот на бајките од македонската народна традиција Скопје, 2 јули 2015 година – Издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе биде партнер на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“, во реализација на проектот „Бајки од Македонија“. Едицијата „Бајки од Македонија“ ќе содржи илустрирани…

Арс Либрис дел од фестивалот Skopje Cinema City

Фестивалот на музички документирани филмови – Skopje Cinema City се организира прв пат оваа година под мотото „Филмови, музика и вино“, како дел од манифестацијата „Скопско лето 2015“ во соработка со Дирекцијата за култура и уметност – Скопје. Во текот на петте фестивалски денови, од 1-5 јули 2015, во просторот на Сули Ан (Факултетот за ликовни…

Зошто треба да почнеме повторно да читаме хартиени книги

Мислење Читањето на обични книги доаѓа со голем број на здравствени придобивки што ги нема кај електронските книги Читањето само по себе има огрoмен број придобивки за нашиот ум: Истражувањата покажуваат дека читањето во текот на животот (или дури и доколку почнете да читате редовно во вашите 60-ти или 70-ти) може да спречи ментални проблеми.…

Филмови на големото срце

Либи и Литература.мк дел од „Тинтири Минтири Филм Фест“ Под мотото „Филмови на големото срце“ ќе се одржи првото издание на меѓународниот филмски фестивал за деца „Тинтири Минтири Филм Фест“, во периодот од 5-ти до 7-ми јуни 2015 година во Кинотека на Македонија, а во организација на ДКЦ Тинтири Минтири, Аурипигмент продукција и Кинотека на…

Конкурс за краток хумористичен расказ

Издавачката куќа Арс Ламина публикации распишува конкурс за најдобар краток хумористичен расказ на македонски јазик. Делата што комисијата ќе ги оцени за најквалитетни, ќе бидат објавени во антологија на крајот на оваа година, а авторот на најдобриот расказ ќе добие награда – таблет. Целта на конкурсот е да се отвори една нова и досега малку истражена сфера на…

Најпродаваните наслови на Саемот на книгата 2015

Што беше апсолутен хит на саемот на книгата, кои беа најпродаваните „машки“, „женски“, детски, тинејџерски книги, што е најпродавано во одредени жанрови… Еве ја нашата листа на најпродавани книги, па можеби ќе пронајдете нешто што сè уште не е дел од Вашата библиотека, а е токму за вас :).

Авантурите на Дина и Додо

Дина и Додо се братче и сестриче кои, како и сите деца, многу сакаат авантури. И тоа какви авантури! Со овие најнови апсолутно пресмешни сликовници во издание на Либи, не само што читаме приказна, туку и решаваме загатки, учиме нови работи, мноооогу се смееме на глас, но и… раскажуваме своја приказна!

Најново на листата на бестселери: „Доктор Сон“ на Стивен Кинг

„Доктор Сон“ – долгоочекуваното продолжение на безвременскиот бестселер „Сјаење“ Хотелот „Видиковец“ беше местото каде што неговата момчешка дарба за „сјаење“ ја отвори вратата кон пеколот. Ден Торенс денес е возрасен човек, но духовите од „Видиковец“ – и алкохолизмот и насилството наследени од татко му – го влечеа со години. Сега, помогнат од заедницата на Анонимните…

Серијалот „Замокот на стравот“ во издание на Либи

Мои драги и баксузни пријатели, почнете веднаш да се тресете, бидејќи во Замокот на стравот треперењето си е како дома! Првите три книги од познатиот серијал детски романи „Замокот на стравот“ на Гвидо Згардоли во издание на нашиот детски бренд Либи, веќе се хит на Саемот на книгата :).

Промоција на романите „Белграѓанки“ и „PR“

Вечерва, во кафе барот, винотека и библиотека „Децата од нашата улица“, со почеток од 20.00 часот, ќе се одржи промоцијата на романите „Белграѓанки“ од Игор Маројевиќ и „PR“ од Александар Илиќ (во издание на Арс Либрис, дел од Арс Ламина публикации) и средба со авторите. Промотор на настанот ќе биде Александар Прокопиев. Промоција на романите „Белграѓанки“ и…

Арс Ламина и Literatura.mk на Саемот на книгата 2015

  Над 300 нови наслови, големи саемски намалувања, промоции и средби со реномирани автори, креативни работилници, проекции, конкурс за краток хумористичен расказ, многу настани и забава, награди и подароци – ова е само дел од она што годинава Арс Ламина публикации ќе го понуди на својот штанд на Саемот на книгата. Љубителите на добрата книга знаат дека…

Јас сум Малала и ова е мојата приказна

Малала – девојчето кое што се бореше за образование и беше застрелано од Талибанците. Малала Јусафсај (17) е и најмладиот добитник на Нобелова награда за мир. Доаѓам од земја што беше создадена на полноќ. Во моментот кога за малку ќе умрев, само што беше минало пладне. Кога Талибанците ја зазедоа долината Сват, една девојка крена глас.…

Наместо рози подаруваме лајкови

Интервју со Александар Илиќ, автор на романот „PR“ Роден во аналоген, а израснат во дигитален свет, овој млад писател ги спои тие два светогледи во една книга, која откако стана бестселер во Србија, штотуку е преведена и на македонски. Александар Илиќ ќе биде гостин на Арс Либрис за време на Саемот на книга 2015. За Александар…