Најдобрите книги за готвење

Книгите за готвење се најбараната литература што по невообичаени патишта се сместува на полиците на домашната библиотека, па некои изданија се пренесуваат како „чеиз“ од колено на колено. Пребарувајќи ја глобалната кулинарска сцена, каде што имињата на готвачите со мишлен-ѕвезди и култните ресторани со децениски стаж се орбита по која се движат пребирливите гости, стигнавме…

Нова едиција „Басни од Македонија“ – волшебни народни приказни во модерно издание

По големиот успех на едицијата „Бајки од Македонија“, Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ „Браво сине“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ издадоа нова едиција „Басни од Македонија“. Едицијата е составена од басните „Кучето и зајакот­“, „Лакомата мечка“, „Војската на лавот“ и „Жабата и глушецот“, басни од усното народно творештво, собрани од Марко Цепенков. Креативните…

„Трите сестри“ на Чехов би ги претворил во скулптури

Скулптурите од керамика се рефлексијата на неговата специфична појавност. Природен, каков што е и материјалот преку кој се изразува професионално, сака да зборува за сè, но најмногу за уметноста. Токму таа го има централното место во библиотеката на Филип Фидановски. Филип, меѓу уметноста и модата, каде е сместена литературата во твојот живот? Во полето на…

Со текот на времето се станува голем писател

Необичниот роман за млади „Отчукувања“, структуриран како преписка на социјална мрежа со фокус на вечната тема љубовта. Алгоритамот на апликацијата „Хартбитс“ е слободен простор, каде што се отвораат темите и дилемите, се споделуваат ставовите, стравовите и размислите на главните протагонисти Елија, Феникс-Маркос, Су, Томи, Марион… И меѓу многуте специфики на оваа хит-читанка, го издвојуваме авторството…

Јас сум лик за книга

Музиката е нејзиниот канал, a низ него нè запознава со нејзиниот активистички порив да не се прифаќаат нештата такви какви што се, туку да им се влијае и да се менуваат. Вели дека литературата многу ѝ влијаела во тоа. Ова е библиотеката на Кристина Арнаудова. Кристина, според приоритети, ако ја исклучиме музиката, како ќе ги…

Секое дете може да биде суперхерој

Длабоко нурнување во светот на децата, без да им се додворувате, да ве засакаат и да бараат уште, тоа од рака и појде на писателката Билјана С. Црвенковска, која по првиот роман, „Што сонуваше Дедо Мраз“, го издаде и вториот „Приказни од Зеленпарк – Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“. Романот беше промовиран на неодамнешниот…

Експертите тврдат дека брзото читање е полошо отколку да не читате ништо

Сите знаеме дека читањето е важно, но едновремено сите сме ангажирани со дневни задолженија и тешко ни е да најдеме доволно време за читање книги или подолги анализи. Но, како да се чита побрзо? Неизбежното прашање го следат и линкови од книги и псевдонаучни статии на одредени анонимни блогери кои тврдат дека може да се…

Книга за секого, за нас не е празно ветување

Успешно завршениот Саем на книгата 2017 за издавачката куќа „Арс Ламина“, со многу нови изданија, рекордно продадени книги и освоени награди е повод за кусо интервју со Бранка Бугариска – директор на издаваштво на „Арс Ламина“, за новите тенденции што ги носат тие. Годинешниот саем „Арс Ламина“ го завршува со четири освоени награди, од кои…

Сакам да работам со јазикот

Луксембуршката литература ја открива историјата, културата и јaзикот на еден народ што е далечен за нас, независно што нè одвојуваат неколку часови удобен авионски лет. Но, присуство на етаблираниот автор Жан Бак на Саемот на книгата во Скопје како да ни отвори нови хоризонти. Со добитникот на Европската награда за литература во 2010 година за…

Најпродавани книги на „Арс Ламина“ за време на Саемот на книгата 2017

Eден од најпосетуваните настани во земјава, 29. Саем на книгата, издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ го заврши со 12 успешни промоции, 14 настани, работилници и активности, неколку специјални гости и многу посетители, како и со рекорден број продадени книги на саемот досега. Убедливо најпродавана книга во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина…

Татковско-ќеркински приказни за читање и смеење на глас

Кога раскажување приказни ќе се претвори во игра и ќе се развие во нов процес, од репродуцирање во создавањето, тогаш настанува книга, и тоа не каква било, туку книга од 14 татковско-ќеркински приказни за читање и смеење на глас. Александар и Гала Таковски се татко и ќерка, кои станаа коавтори на книгата за деца „Тато,…

Тато, имаме приказна!

14 татковско-ќеркински приказни за читање и смеење на глас Сте чуле ли за кит што јаде сладолед? Или, пак, за змија што сака пуканки? Какви магии прави волшебниот делфин, што сонуваат лулашките, зошто плаче една санка и како крапот ја научи Мила да сурфа – ова се само дел од приказните од оваа книга, кои,…

Ново ексклузивно издание на едицијата „Бајки од Македонија“

Скопје, 07. април 2017, Скопје – По големиот успех на едицијата „Бајки од Македонија“ која веќе го има своето второ издание, сите љубители на пишаниот збор ќе можат да уживаат и во новото ексклузивно издание. Отсега, четирите бајки – „Вејко Северко“, „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“ и „Девојчето и дванаесетте месеци“…

Седум нови наслови од добитниците на наградата Ханс Кристијан Андерсен

Наградата Ханс Кристијан Андерсен е највисокото меѓународно признание кое се доделува од страна на Меѓународниот одбор за книги за млади (International Board on Books for Young People – IBBY) на еден жив автор и еден жив илустратор на детски книги, за нивниот континуиран придонес кон детската книжевност. Андерсеновата награда, наречена уште и Нобелова награда за детска…

ЛИБИ и Мини ЛИБИ – нови списанија за ученици во издание на „Арс Ламина – публикации“

На Саемот на книгата, издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ ги претстави првите броеви на своите две нови детски списанија – Мини ЛИБИ (наменето за ученици од прво до трето одделение од основното образование) и ЛИБИ (за ученици од четврто до шесто одделение). Станува збор за две содржајни месечни изданија од по 36 страници, што, според…