Како Доктор Дулитл стана Доктор Офболи?

Во советската детска литература прераскажувањето и изменетите верзии на странските класици го привлекуваа интересот на општеството многу повеќе од преводите – до тој степен што некои ликови од класиците беа целосно русизирани. Многубројни ремек-дела на западната детска литература пристигнаа во Русија во форми што многу се разликуваа од оригиналите: Вини Пу, Мери Попинс, Алиса во…

Подари книга за денот на љубовта и виното

Денот на љубовта и виното е ден кога сакаме да им посветиме посебно внимание на нашите најсакани, а книгата е секогаш добар избор за подарок. Задоволство ни е да ви предложиме неколку одлични наслови за љубовта и виното кои ќе ги најдете во нашите книжарници. Најпрво ги издвојуваме најновите наслови со љубовна содржина:   „Ти…

Врвниот македонски пијанист Дино Имери, гостин во „Астрорум“

Тој е еден од најреномираните македонски музички изведувачи од поновата генерација, прекрасен соговорник и пример за млада личност со зрели погледи на животот. Годинава му е јубилејна и исполнета со неверојатна динамика на концертни претставувања. Името му е Дино Имери, а биографијата веќе видно исполнета. Од неа издвојуваме дека во неговата десетгодишна професионална пијанистичка кариера…

Бора Чорба со нова збирка поезија, во која нема пцуење

Во Клубот на книжевници на Србија, во Белград, беше претставена десеттата книга на Бора Ѓорѓевиќ, збирка песни „Пуст остров“ („Арте“), која рокерот, композиторот и водачот на „Рибја чорба“ ја посвети на својата последна, најголема љубов Дубравка. Книгата го добила насловот по истоимената песна објавена во рамките на колумната што Бора Чорба, своевремено, ја пишувал за…

Детето задлабочено во читање е една од највеличествените глетки на светот

Тој е меѓу водечките поети од помладата генерација во Србија, кому наградите какo „Бранкова награда“, „Бранко Миљковиќ“, „Меша Селимовиќ“, „Доситеево перо“ или, пак, меѓународната награда „Ана Франк“ не му беа предвидени додека пишувал и се забавувал со детето во него. Како тајни состојки во творештвото за деца ги има: играта, хуморот, авантурата, тајната, мистеријата и…

Градските чистачи создадоа библиотека од фрлени книги

 Комуналната служба на Анкара има своја библиотека, а сите книги во неа ги собрале нејзините вработени од контејнерите на различни локации ширум градот. „Тие требаше да завршат на отпад, а ние им дадовме нов живот. Идејата се роди кога заедно со колегите размислувавме што можеме да работиме, покрај редовната работа“, вели Емирали Уртекин, управник на…

Циклусот емисии „Астрорум“ од денеска и на интернет, а во првото издание гостува писателот Томислав Османли

  Од денеска па натаму, еднаш седмично на нашата страница ќе објавуваме по едно интервју од циклусот „Астрорум“ коишто ги подготви и водеше нашиот уредник Бранка Костиќ-Марковиќ во книжарницата Литература.мк. Оваа книжарница е отворена кон крајот на 2016 година, во строгиот центар на Скопје, во најпрестижната пешачка зона – улицата „Македонија“. Визијата на сопствениците беше…

Марија ни зборува за книгата „Морските самовили“

Марија ни зборува за книгата „Морските самовили“ од Лиман Френк Баум (Скопје: Арс Ламина – публикации, 2016). *Деца! Која е вашата омилена книга? Кој е вашиот омилен лик? Пишете ни писмо, нацртајте ни цртеж, снимете видео! Пратете ни e-mail на marijaimagi@literatura.mk Ве очекуваат убави изненадувања!

Најчитани книги во 2017 година

Изминатата 2017 година, беше година која нè почести со голем број нови изданија и наслови, многу промоции и настани, како и многу нови читатели, кои низ страниците откриваат многу нови светови. Подолу ги издвојуваме најчитаните книги за 2017 година од светот на белетристиката и на детската литература во издание на Арс Ламина.   1. „Анаис од Монмартр“ –…

Никој не е поважен од Другиот

Ќе кажеме дека сака да плете, но за разлика од другите вешти плетачки, само таа умее да сплете (и сошие) раскази, романи, есеи… Оливера Ќорвезироска е писателка, есеистка, уредничка, лекторка и книжевен критичар. Автор е на романот „Заклученото тело на Лу“, збирките раскази „Страдањата на младиот лектор“, „(С)плетени раскази“, „Две перници“, „(Со)шиени раскази“…, а повод…

И Хилари Клинтон на Греми наградите

Поранешната демократска кандидатка на претседателските избори во САД во 2016-тата година, Хилари Клинтон, се појави на доделувањето на Греми наградите во Њујорк, каде на глас заедно со Шер, Џон Леџенд и други ѕвезди читаше делови од контроверзната книга за актуелниот американски претседател Доналд Трамп – “Оган и гнев”. Таа се појави во скеч во кој…

Четири начини како книжевноста влијае на нашиот живот (видео)

Дали се сеќавате на чувството кога на училиште бевте присилени да прочитате одредена лектира? Некој роман од XIX век што вам ви се чини дека е целосно непотребен, наспроти реалниот живот што се случува некаде надвор.Ако го читате овој текст, веќе го имате надминато чувството на сомнеж во вредноста и значењето на книжевноста. Книгата „Училиште…

Не сакам да бегам од врската човек-природа-животни

Таа сака да пишува, за егзистенција тоа се новинарски текстови, а за душа е нејзината поезија и проза. Но, пишува и за деца и за возрасни, секогаш држејќи се до себе и до ставот дека време е да станеме луѓе, наместо да „еволуираме“ во крволочни диви животни кои меѓусебно почнуваат да се јадат. Нејзиниот последен…

ДЕВОЈЧЕТО И ДВАНАЕСЕТТЕ МЕСЕЦИ

Магдалена (2 одд.) ни ја чита приказната ДЕВОЈЧЕТО И ДВАНАЕСЕТТЕ МЕСЕЦИ (адаптација Билјана С. Црвенковска, илустрации Катерина Николовска, Скопје: Арс Ламина – публикации, Либи, 2016). * Деца! Која е вашата омилена книга? Кој е вашиот омилен лик? Пишете ни писмо, нацртајте ни цртеж, снимете видео! Пратете ни e-mail на marijaimagi@literatura.mk Ве очекуваат убави изненадувања!  

ШТО СОНУВАШЕ ДЕДО МРАЗ

Како дел од својата кампања за негување на читањето и љубовта кон книгите кај најмладите, „Арс Ламина“ ја започна својата соработка со Марија и Маги, двете сестри кои обожаваат да читаат. Омилено хоби на Марија и Маги се книгите, за коишто потоа снимаат видеа каде ги раскажуваат своите впечатоци од прочитаното. Последните книги за кои…