Извадок: „Делириум“ од Лорен Оливер

Поминаа шеесет и четири години откако претседателот и Конзорциумот ја прогласија љубовта за болест и четириесет и три откако научниците пронајдоа лек. Сите во мојата фамилија веќе ја имаа поминато интервенцијата. Рејчел, мојата постара сестра, се беше ослободила од болеста веќе девет години. Таа е толку долго имуна на љубовта, што вели дека не може…

Извадок: „Нека снежи“ од Џон Грин, Лорин Миракл и Морин Џонсон

Но, морав да зборувам со некоја или барем така да изгледа. „Како лавови кога ловат газели“, реков додека упорно го гледав јатото. „Само пронаоѓаш некоја што заостанува и“, ситна русокоса девојка се одвои од групата, „напаѓаш“, реков додека скокав од столот. Ù пријдов со намера. „Јас сум Тобин“, реков, подавајќи ја раката. „Амбер“, рече таа.
„Прекрасно…

Извадок: „Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна“ од Јонас Јонасон

Алан и Херберт трите дена чекање ги поминале во одмарање, бидејќи храната во палатата на премиерот била вкусна, а креветите меки. Американските бомбардери му се приближувале на Пјонгјанг многу ретко, бидејќи нишанеле на поедноставни цели. Конечно дошол и тој ден. По Алан дошол првиот човек на првиот човек на премиерот и го испратил по ходниците…

Извадок: „Книга за телото“ од Камерон Дијаз со Сандра Барк

Кога зборувам за храна заради прехранување и јадење добра храна, јадење вистинска храна и јадење необработена храна, зборувам за храна што расте на Земјата или се одржува на Земјата и не е технолошки третирана. Како? Со избегнување брза и обработена храна. Со избирање зрна, зеленчук и овошје, кои се што е можно поблизу до земјата…

Извадок: „Уличниот мачор Боб“ од Џејмс Бовен

Морав да го носам на ветеринар. Знаев дека моите импровизирани лекови нема да бидат доволни за да се излекува раната. И немав поим какви други здравствени проблеми може да има. Не сакав да ризикувам и да чекам, па одлучив да станам рано следното утро да го однесам во најблискиот центар за незгрижени животни, на другиот…

Извадок: „Те чекам“ од Џенифер Л. Арментраут

Имаше две нешта во животот што можеа да ме извадат од памет. Едната беше да се разбудам среде ноќ и пред себе да видам дух внесен со своето проѕирно лице кон моето. Не е баш многу веројатно да се случи, а сепак прилично бизарно да се помисли. Втората работа беше да задоцнам и да треба…

Извадок: „Напред: Како Старбакс се бореше за неговиот живот без да ја изгуби својата душа“

„Овој датум е многу значаен за мене“, им реков на бармените и на нивните раководители на продавници, што седеа окулу мене во малиот ресторан. „Пред точно 28 години, на седми септември 1982 година, почнав да работам во првата продавница Старбакс, вашата продавница, овде на пазарот Пајк плејс“.

Извадок: ЈАВАЧ НА КИТОВИ од Вити Ихимаера

Излеговме од автопатот и се упативме кон патот за Вангара. Беше толку темно што морав да ги вклучам фаровите до максимум. Го погледнав осветлениот облак. Имав некое чудно чувство дека неговиот центар е точно над селото. Почувствував наплив на страв и ми олесни кога Вангара ни беше во видик.

Извадок: ПАДОТ НА БЕРЛУСКОНИ

„Извини Ландолфи, ќе сакаш ли да ми објасниш што всушност се случи минатата вечер?“ Агентот Марко Ландолфи, шеф на патролата „Монфорте бис“, сè уште е преморен. Во очите е како претепан. Премногу ноќни смени. Како и да е, се гледа од него дека нешто друго го јаде. Нешто што се случило вечерта на 27 мај.…

Извадок: ХАРЕМОТ НА ГАДАФИ од Аник Кожан

Едно утро во 2004 г., само што наполнив петнаесет години, директорот на училиштето им  се обрати на сите ученици собрани во дворот: „Водачот ќе ни направи голема чест и ќе нè посети денес. Ова е голема радост за целото училиште. Така, од вас очекувам да дојдете навреме, да бидете дисциплинирани и да се однесувате беспрекорно.…

Извадок: Наоки Хогашида, „ЗОШТО САКАМ ДА СКОКАМ“

ПРЕДГОВОР Кога бев мал не знаев дека сум дете со специјални потреби. Како дознав? Од други луѓе, кои ми кажаа дека сум различен и оти тоа е проблем. Доволно вистинито. Многу беше тешко да функционирам како нормален човек и дури и сега не можам да „водам“ вистинска конверзација. Немам проблем со читање книги на глас…

Извадок: Томас Ман, ВОЛШЕБНИОТ РИД, ТОМ 2

Каде сме ние? Што е ова? Каде нè однесе сонот? Самрак, дожд и нечистотија, огнено руменило на матното небо кое непрестајно рика од тешкиот грмеж, влажниот воздух е исполнет и раскинат од остро пеење, со бесно рикање како да лаат сите пци на пеколот, рикање кое завршува со распрснување, бликање, кршење и пламења, со јачење…

Извадок: Марсел Пруст, „ВО ПОТРАГА ПО ЗАГУБЕНОТО ВРЕМЕ“, ТОМ 1 (КОМБРЕ)

Ми се чини мошне разумно келтското верување дека душите на оние што сме ги загубиле се заробени во некое пониско суштество, во некое животно, растение, некој нежив предмет, дека се загубени за нас сè до денот, кој за многумина не доаѓа никогаш, кога ќе поминеме покрај дрвото, кога ќе ни дојде в рака предметот што…

Извадок: Новак Ѓоковиќ „Сервирај за победа“

Цонга е стројно момче од 90 килограми „суви“ мускули,  еден од најголемите и најсилните тенисери, а сервисот му достигнува брзина и до 225 км/ч. Кога целата тежина ќе ја внесе во ритернот, топчето ви се враќа „тешко“, со таква комбинација од брзина и топспин што ви се чини дека ќе ви го избие рекетот од…

Извадок: Ричард Бренсон – „Како ја изгубив невиноста“

Во авионот за инаугурацискиот лет бев опкружен од семејството и со пријателите, со луѓе кои најмногу ми значеа и и’ значеа на компанијата Вирџин последните десет години. Седнав до Џоан, Холи беше кај неа в скут. Зад нас беа речиси сите што ги познавав од групацијата Вирџин. Авионот беше преполн со новинари, фотографи, магионичари, со забавувачи. Тука беше и Ури…