Топ 10 најбарани мотивациски и автобиографски книги во октомври

„Во животот се соочуваме со мошне ограничен опсег на работи за кои треба да ни е гајле. Оттука, мораме да бидеме многу мудри во поглед на изборот за што треба да ни е гајле, а за што не“, вели авторот Марк Менсон во бестселерот „Е, баш ме заболе“, која е една од најпопуларните книги последниве…

Топ 10 најпродавани книги во „Литература.мк“ во октомври

Бестселерот на „Њујорк тајмс“, „Седумте мажи на Евелин Хуго“ од Тејлор Џенкинс Рејдвтор втор месец по ред е најпродаван роман во книжарниците „Литература.мк“. Високо на листата со најбарани книги од областа на фикцијата се и „Дамски гамбит“ од Волтер Тевис, „Париската библиотека“ од Џенет Скеслин Чарлс и „За пет години“ од Ребека Серл, кои неколку…

Кои 10 изданија за деца и млади беа најбарани во „Литература.мк“ во октомври?

Најубавиот и најтрајниот подарок што може да им го дадете на своите деца се книгите. Тие истовремено ги забавуваат, едуцираат, ги инспирираaт да размислуваат и да прашуваат, ја поттикнуваат фантазијата и креативноста и ги подготвуваат за иднината. Интерактивни вежбанки за почетно пишување и за развивање на креативноста, умствени вежби, познати наслови од едицијата „Лесно читливи…

Топ 10 најпродавани биографии и мотивациски книги во септември

Една од најочекуваните книги за оваа година, „Ветената земја“ од Барак Обама, која неодамна излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ е најпродаваната автобиографска книга во книжарници на „Литература.мк“ во септември. Биографиите, како и мотивациските книги, во кои авторите даваат совети за подобар и поквалитетен…

Кои изданија за деца беа најбарани во „Литература.мк“ минатиот месец?

Новиот, четврти дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер, сликовници и романи од нови, но и од етаблирани домашни автори за деца се најчитаните наслови за деца од „Литература.мк“ во септември. Мошне се барани и наслови од едицијата „Лесно читливи лектири“, книгите од серијалот Исидора Мун, интерактивни книги со логички вежби, пиши-бриши вежбанки со…

Топ 10 најчитани книги од „Литература.мк“ во септември

Нови романи од домашни автори, наградувани изданија и интернационални бестселери се меѓу најчитаните книги од „Литература.мк“ во септември. Од богатиот избор на наслови во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, од фикција се читаат најновите романи на едни од најактуелните автори во светската белетристика, но и постари наслови, како „Дамски гамбит“…

Со топ пет хорор-книги го одбележуваме роденденот на Стивен Кинг

„Книгите се уникатно пренослива магија…Чудовиштата се вистински, а и духовите се реални. Тие живеат во нас, а понекогаш и победуваат… Ако немате време за читање, немате време (или алатки) за пишување. Толку едноставно… Добрите книги не ги откриваат сите свои тајни одеднаш…“ Ова се само дел од познатите мисли на кралот на хоророт, Стивен Кинг,…

Топ 10 најпродавани книги на Саемот на книгата 2021

Интернационални бестселери и наградувани наслови, нови романи од домашните писатели, трилери, книги за деца од македонски и регионални автори се на листата на најпродавани наслови на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“, за време на Саемот на книгата 2021. Зад нас е уште едно успешно издание на најголемата манифестација на која се…

Го одбележуваме роденденот на Агата Кристи со нејзините најчитани дела во издание на „Арс Ламина“

Секој 15 септември, фановите ширум светот го одбележуваат роденденот на најпознатата писателка на детективски романи – Агата Кристи. Авторката на едни од најпознатите ликови во светската книжевност, белгискиот детектив Херкул Поаро и мис Џејн Марпл, е родена 1890 година. Минатата година беа одбележани сто години од нејзиното творештво, а по тој повод издавачката куќа „Арс…

Мотивациски книги и вистински приказни од „Литература.мк“ кои најмногу се читаа минатиот месец

Книгите со вистински приказни, лични есеи, анализи и сведоштвата на авторите, отсекогаш биле интересни за читателите. Особено се примамливи овие дела ако станува збор за личност со големо и необично животно искуство, некој што се нашол во несекојдневни ситуации или во клучни историски моменти… Делата од областа на нефикцијата, исто како и во фикцијата, раскажуваат…

Кои изданија за деца беа најбарани во „Литература.мк“ во јули?

Летниот распуст е исполнет со безгрижна игра, уживање во слободното време и одлични книги. Некои деца преферираат забавни изданија со активности, други се посветени на задолжителните лектири, а трети читаат книги по свој избор. Што читавте вие во јули? Какви книги избравте за на одмор? Доколку сѐ уште не сте одлучиле што ќе читате во…

Топ 10 најчитани книги од „Литература.мк“ во јули

Нови интернационални бестселери, романи по коишто се снимени серии, крими-класиците од Агата Кристи, култните дела на Милан Кундера и наслови од домашни автори се на листата со најчитани книги во јули 2021 година. Ова лето љубителите на книжевната белетристика се одлучија за романси, трилери, драми, детективски приказни и друго. Ви ја претставуваме топ 10 листата…

Топ 10 класици што треба да ги прочита секое дете

Читањето книги е една од најубавите навики што се стекнува уште од најрана возраст. Љубовта кон пишаниот збор се создава уште во првите години од живот на детето, преку слушање приказни што му ги читаат родителите или старателите. Таа љубов се надградува во годините кога детето ќе почне да чита самостојно, со постојано дополнување содржини…

Топ 10 книги од „Литература.мк“ по кои се снимени нови серии и филмови

Дали практикувате да гледате филмски и телевизиски верзии на вашите омилени книги? Дали сте прочитале некое дело откако прво сте ја погледнале екранизираната верзија? Дали книгата е подобра од филмот или обратно? Книгата и филмот се две платформи што често се инспирираат една од друга, се испреплетуваат и се надополнуваат, давајќи можност на милионска публика…

Летно освежување со книги од македонски автори

Книгата е најдобриот придружник, каде и да одите. Ве следи на секое патување, но и самата е „билет“ за нови возбудливи авантури. Со неа можете да отпатувате на најдалечното место, без притоа да го напуштите домот. Таа е истовремено е најпрактичниот сопатник. Не зафаќа многу место во багажот и се вклопува во секаков аранжман. Со…