Топ 10 најпродавани книги за возрасни во „Литература.мк“ во февруари

Автобиографската книга „Моите изуми“ на генијалниот научник и еден од најзначајните изумители и визионери, Никола Тесла, е најбаран наслов во книжарниците „Литература.мк“ во февруари. Во месецот посветен на љубовта, едно од најбараните изданија беше „Сплеткарот Купидон“ од Џина Ардито. Високо на листата е и крими-романот „Смрт на Нил“ од Агата Кристи, чијашто нова филмска верзија…

Инспиративни книги од „Литература.мк“ за Меѓународниот ден на жената

Силни жени се жени со книга в рака. Книгата е најмоќната „алатка“ во секоја битка. Таа е истовремено е најинспиративниот и најтраен подарок што можеме да го подариме некому, но и себеси. Во чест на Меѓународниот ден на жената – 8 Mарт, денот кога во целиот свет се одбележува борбата на жените за економска, политичка…

Топ 10 најбарани изданија за деца и млади во „Литература.мк“ во јануари

Популарните пиши-бриши вежбанки за најмладите: „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“ се најбарани изданија за деца во „Литература.мк“ и во јануари. Овие интерактивни дела, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, неколку месеци се на врвот на листата со најкупувани книги за деца. Во континуитет, голем интерес има и за книгите…

Топ 10 најпродавани книги во „Литература.мк“ на почетокот на 2022 година

Втор месец по ред, „Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ од Зоран Спасов Ѕоф е најпродавана книга во книжарниците на „Литература.мк“. Книгата, која е во издание на „Попули“, беше распродадена за само неколку недели по промоцијата, а веќе има и втор тираж. На второто место е една од најкупуваните книги за минатата година – „ЗЕН: Уметноста…

Подарете книга со љубов за Денот на вљубените

Љубовтa е прекрасно, возвишено чувство без кое не може да се живее. Таа е најголема инспирација и движечка сила за многу знајни и незнајни креативци и автори. Во историјата на книжевноста, љубовта се појавува како чест мотив за пишување. Некои од најубавите книги се инспирирани токму од ова возвишено чувство. Во чест на Денот на…

Топ 10 образовни изданија од „Арс Ламина“ кои најмногу се бараа во 2021 година

Најбарани изданија од „Арс Ламина“ во сегментот образование, што опфаќа дополнителна литература и дидактички материјали што се поддршка на наставно-образовниот процес, во 2021 година беа збирките задачи по математика со активности и тестови од 1 до 9 одд. На второто место се прирачниците и вежбанките по природни науки од 4 до 6 одд., а веднаш…

Топ 10 најбарани изданија за деца од „Арс Ламина“ во 2021 година

Листата со најпродавани изданија за деца и млади од „Арс Ламина“ годинава ја предводи романот за деца и лектирно издание „Збунети години“ од Велко Неделковски – топла приказна за тинејџерските години и првата љубов. Борче и Димитар се вљубени во Виолетка. До неа стигнуваат љубовни писма од Борче, кои всушност ги пишува Димитар. Различни во…

Топ 10 мотивациски книги за подобар и посреќен живот

Како да бидете посреќни, поуспешни и поздрави? Како да го надминете стресот, анксиозноста и да ја подигнете самодовербата? Како до подобар и поквалитетен живот? Ова се дел од темите опфатени во книгите за самопомош, кои се во издание на „Арс Либрис“, дел од  „Арс Ламина – публикации“, а се достапни во книжарниците „Литература.мк“. Станува збор…

Топ 10 најбарани изданија за деца во „Литература.мк“ во декември

Замислете подароци што се отвораат повеќепати и секојпат се еднакво интересни, едукативни и возбудливи. Токму такви се книгите. Со нив децата заминуваат на најубавите авантури, дури и кога не ја напуштаат топлината на својот дом. Книгите се интересен и здрав подарок, кој, за разлика од слатките изненадувања во пакетчињата, не ги расипуваат детските заби и…

Топ 10 најбарани книги во „Литература.мк“ во декември

Новата книга „Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ од Зоран Спасов Ѕоф е најбараната книга од областа на фикцијата во книжарниците на „Литература.мк“ во декември. Само неколку недели по промоцијата во книжарницата „Literatura.mk Superstore“ во „Ист гејт мол“, книгата, која е во издание на „Попули“, речиси се распродаде. На втората позиција на топ 10 листата е…

Кои изданија за деца и млади беа најбарани во „Литература.мк“ минатиот месец?

Интерактивните вежбанки за најмладите, „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“, неколку месеци по ред се најбарани изданија за деца во „Литература.мк“. Минатиот месец имаше голем интерес и за новото продолжение од серијалот на Хариет Мункастер, за малата вампир-самовила: „Исидора Мун оди на свадба“, како и за серијалот „Умствени вежби, гениј“ и новите изданија од…

„Седумте мажи на Евелин Хуго“ три месеци по ред е најпродавана книга во „Литература.мк“

Три месеци по ред, интернационалниот бестселер „Седумте мажи на Евелин Хуго“ од Тејлор Џенкинс Рејд е најпродавана книга во книжарниците на „Литература.мк“. Приказната за возрасната и повлечена холивудска филмска икона Евелин Хуго, која конечно е подготвена да ја каже вистината за нејзиниот гламурозен и скандалозен живот ја предводи топ-листата со најбарани романи од областа на…

Мотивациски книги што беа најчитани минатиот месец

Мотивациски книги за подобрување на квалитетот на нашето секојдневие, за создавање на среќни спомени, за уметноста на едноставното живеење и откривање на скриените моќи на нашиот внатрешен глас, се меѓу најбараните изданија во книжарниците „Литература.мк“ минатиот месец. Од областа на нефикцијата, во ноември беа барани и новиот водич за родителство, како и „Астрофизика за луѓе…

Со 10 изданија инспирирани од Скопје го одбележуваме 13 Ноември, Денот на ослободувањето

Денеска ја одбележуваме 77-годишнината од ослободувањето на Скопје. На овој ден во 1944 година борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација. По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та гренадирска германска дивизија, борците со победоносен марш влегоа во градот. По тој повод,…

Топ 10 образовни изданија кои најмногу се бараа во октомври

Збирки на задачи со наставни листови и тестови по математика, хемија и биологија, вежбанки по општество, македонски и германски јазик, како и познатиот „Атлас на човечката анатомија“ се меѓу најбараните образовни изданија во книжарниците на „Литература.мк“, изминатиот месец. Книгите се во издание на „Арс Ламина“, и се адаптирани на програмата за основно, односно средно училиште.…