Денови на правната литература

Службен весник на РМ и Арс Ламина во заедничка акција   ЈП Службен весник на РМ, во соработка со Арс Ламина публикации, а во пресрет на претстојниот Саем на книгата, организираат заедничка акција за промоција на правната литература под наслов „Денови на правната литература“. Акцијата ќе се одржи од 20 до 24 април 2015 година…

Гледај тенис, купи си книга

Спортскиот центар Јане Сандански во соработка со Македонската Тениска Федерација го организираат овогодинешното отворено првенство на Македонија во “зелен тенис” на кое ќе учествуваат девојчиња и момчиња до 11 години. За времетраењето на турнирот ќе биде овозможена продажба на двете книги за Новак Ѓоковиќ: “Спортскиот амбасадор Новак Ѓоковиќ и подемот на Србија” и “Сервирај за победа“.  

Галерија: Трибина „ СМРТТА ЗБОРУВА СО ГОЛЕМИ БУКВИ“

На 15 април 2015 година во Менада се одржа трибина посветена на неодамна починатиот писател Тери Прачет, насловена „СМРТТА ЗБОРУВА СО ГОЛЕМИ БУКВИ“. Тери Прачет, кој почина на 12 март годинава, е најпознат по епското дело – хумористично-фантастичниот серијал „Дисксвет“.

Приказна за љубовта, гревовите и тајните

„Невини“ на Бурхан Сонмез ја раскажува приказната за двајца млади, дојденци од различни земји, кои случајно се сретнуваат во една продавница во Кембриџ: Брани Таво, Курд, политички бегалец од Турција, и Ферузе, пребегната во Белика Британија од Иран за време на тамошната револуција. И двајцата имаат свои тајни и гревови.

Краткиот чудесен живот на Оскар Вао

„Краткиот чудесен живот на Оскар Вао“ на Џуно Диаз е роман – добитник на Пулицеровата награда за проза и е прогласен за најдобриот роман на 21. век досега, според анкета на BBC спроведена кај најреномираните американски книжевни критичари 

БЕЛГРАЃАНКИ – книга за поинаквите жени

Во приказните во „Белграѓанки“ на читателите им се претставуваат поинакви девојки, жени, пријателки, мајки и љубовници. Сите тие заедно како белграѓанки, но и секоја за себе, ни откриваат чудни ликови од велеградското милје, какво што, на прв поглед можеби не забележуваме.

Подарок за денот на љубовта и виното

Одберете подарок за денот на љубовта и виното: – бестселерот „Нека снежи“ со трите романтични приказни на Џон Грин, најпродаваниот автор на денешницата, заедно со Лорин Миракл и Морин Џонсон – тинејџерските љубовни романи, бестселери на листата на Њујорк Тајмс – „Делириум“ и „Пандемониум“

Што ако љубовта беше болест?

Бестселерите „Делириум“ и „Пандемониум“ се прогласени за едни од најдобрите тинејџерски романи на сите времиња и се споредуваат со „Игри на гладта“ (Hunger Games). Моќниот дистописки роман на Лорен Оливер – „Делириум“ (првиот дел од трилогијата „Делириум“) претставува свет страшен како Орвеловата „1984“ и една забранета романса споредлива со онаа на Ромео и Јулија. „Делириум“ е најпродавана…

Најпродавани наслови во 2014 година

2014-тата година за нас беше без сомнение година на многу нови и успешни приказни. Од почетокот на годината, па до овој момент издадовме преку 400 нови наслови, како од областа на белетристиката, така и од стручната литература.

Нов наслов во едиција Лауреати: „Времето на жените“ од Елена Чижова

Во Мртви души, Гогољ пишува дека постојат некои мали нешта што се чинат мали само кога ќе станат дел од книжевно дело; вон него – изгледаат небаре се најважни на светот. И буквално и симболично, Времето на жените на Елена Чижова како да го тврди спротивното: постојат некои мали (намерно и немарно нарекувани) женски нешта – лупењето кромид,…

Новогодишни попусти на Литература.мк

Подарок за Нова година за саканиот, саканата, мама и тато, баба и дедо, дада и бато :)… Многу подароци, многу дилеми. Но кога е книга во прашање, најчесто нема утка. Новогодишните попусти на Литература.мк се во тек! Одберете книга за подарок за најмилите или за себе :).

Имаме блог, а имаме и награда!

Пред некое време на фејсбук и на твитер напишавме: имаме блог! Тоа беше пред само неколку месеци, поточно на средината на септември. На крајот на годината, покрај сите други убави работи, можеме да напишеме и – имаме награда! Blog.literatura.mk го освои третото место во категоријата најдобар блог на манифестацијата сајт на годината 2014, вест што…