Јелена Лужина: Со поемата „Нова Атлантида“ Петре Бакевски полноправно влегува во македонските книжевни класици

Во присуство на членовите на семејството, многубројни познати писатели и новинари, пријатели, соработници и почитувачи на творештвото на истакнатиот македонски писател Петре Бакевски, на 23 ноември, во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје беше промовирано неговото последно дело – „Нова Атлантида“. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –…

„Пијанистика 1“ на м-р Дирона Соколовска е нова публикација со основи на музичката писменост за пијано

Новата книга „Пијанистика 1: Основи на музичката писменост за пијано“ на м-р Дирона Соколовска неодамна излезе од печат во издание на „Арс Ламина“. Публикацијата претставува учебно помагало за целосно изучување на техниката на интерпретација на музичкиот инструмент пијано, наменето пред сè за возрасни почетници, вклучително и учениците во средните музички училишта кои немаат претходно музичко…

Златко Василкоски доби признание од Општина Велес за книгата „Мултиверзум за почетници“

Авторот на првата популарна книга за космологија, астрономија и космогонија напишана на македонски јазик – „Мултиверзум за почетници“, проф. д-р Златко Василкоски, доби признание од Општина Велес, што се доделува по повод 9 ноември – Денот на ослободувањето и Денот на Општината. Благодарницата му е врачена за меѓународна афирмација на Велес и Македонија во областа…

Black Friday во книжарниците на „Литература.мк“ од 23 до 27 ноември

Во рамките на големиот шопинг-настан Black Friday (Блек фрајдеј), од денеска (23 ноември), па сѐ до 27 ноември (недела), во книжарниците на „Литература.мк“ ќе има попусти до 70 отсто на книги и 30 отсто на дел од гифт-програмата. На листата со намалувања се многубројни бестселери, современи класици и книги за деца и млади од издавачката…

Промоција на последното дело од Петре Бакевски – поемата „Нова Атлантида“

Последното дело од истакнатиот македонски писател Петре Бакевски, „Нова Атлантида“, што е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирано на 23 ноември (среда), во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Промотори на книгата ќе бидат етаблираната критичарка, есеистка и театролог Јелена Лужина, познатиот новинар…

Зоран Спасов Ѕоф: Книгата „Џабе живиш у Скопје“ е водич до сигурна смрт од смеење

Со многу хумор, анегдоти, смеење до солзи и музика, на 16 ноември, во скопскиот локал „Интермецо мјузик бар“ се одржа промоцијата на новата книга на Зоран Спасов Ѕоф, „Џабе живиш у Скопје“. Книгата, како и претходните хит-романи на Ѕоф: „Торонто експрес“ и „Тито, мојот претпоследен херој“, е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина…

Промоција на „Џабе живиш у Скопје“ од Зоран Спасов Ѕоф во „Интермецо“

Новата книга на Зоран Спасов Ѕоф, „Џабе живиш у Скопје“, ќе биде промовирана на 16 ноември (среда), со почеток во 20 часот, во скопскиот локал „Интермецо мјузик бар“ (Intermezzo Music Bar). Специјални гости на настанот ќе бидат шоуменот Игор Џамбазов, Бранко Огњановски (познат како Миле Паника) и Сашо Мацановски-Трендо. Книгата, како и претходните хит-романи на…

Со 10 книги посветени на Скопје го одбележуваме 13 Ноември

Скопје, книжевна радост ти ќе бидеш! Денеска (13 ноември) одбележуваме 78 години од ослободувањето на град Скопје. На овој ден во 1944 година борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободиле Скопје од фашистичката окупација. Нашата метропола е инспирација за многу домашни автори, уметници и креативци. Се…

Стефан Тиќми: „Капут од мов“ е потсетување дека уметноста ќе го спаси светот

Како во прегратката на раскошна крошна од дрво (со книги), во пријатниот и топлиот амбиент на книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија“, вчеравечер (9 ноември) беше промовиран новиот роман за деца и млади „Капут од мов“ од наградуваниот српски писател Стефан Тиќми. Магијата од оваа модерна бајка, која на македонски јазик е во издание на „Либи“,…

„Низ иглени уши“ од Кен Фолет е возбудлив шпионски трилер од Втората Светска војна

Шпионскиот трилер сместен за време на Втората Светска војна, „Низ иглени уши“ од познатиот велшки писател Кен Фолет, неодамна излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата, која првично била публикувана во 1978 година, е добитник на престижната награда „Едгар“ за најдобар роман, што ја доделува Американското здружение…

Моџо Килингтон ја доби наградата „4 Ноември“ од Град Битола за достигнувања во литературата со романот „Уништување“

Младиот автор Божидар Божиновски, познат како Моџо Килингтон, е еден од годинашните лауреати на општинската награда „4 Ноември“, што ја доделува Град Битола по повод денот на ослободувањето. Тој е еден од петте добитници на ова признание за едногодишни постигнувања. Божиновски за оваа награда бил предложен заради достигнувања во областа на литературата со романот „Уништување“,…

Урнебесните книги „Корнет Лизи во Шаренџам“ и „Бибисек Втори“ од Велко Неделковски ќе ги насмеат децата до солзи

Двете урнебесни книги за деца „Корнет Лизи во Шаренџам“ и „Бибисек Втори“, од реномираниот писател Велко Неделковски, деновиве излегоа од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Двете читанки се дел од едицијата „Лесно читливо“ и се наменети за сите деца кои сакаат да прочитаат книга плус, надвор од задолжителните листи…

Романот „Капут од мов“ од Стефан Тиќми ќе биде промовиран во „Литература.мк“

Новиот роман за деца и млади „Капут од мов“ од наградуваниот српски писател Стефан Тиќми ќе биде промовиран на 9 ноември, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“. Промотори на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе бидат уредничката Оливера Ќорвезироска и Ермис Лафазановски. „Капут од…

„На полпат: (критика или молк)“ е збирка со книжевни осврти на Оливера Ќорвезироска кон современите домашни и регионални изданија

Критички текстови кон 44 значајни изданија од современи македонски и регионални автори се собрани во новата збирка со книжевни осврти „На полпат: (критика или молк)“ од писателката Оливера Ќорвезироска. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи рецензии и колумни пишувани во периодот од 2016 година до денес.…

„Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен е роман за болката, љубовта и срамот

Со онлајн-промоција, преку фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“, вчеравечер (27 октомври) беше претставен романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од данскиот поет и писател Бјорн Расмусен. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е првиот наслов од новата едиција „Порта Европа“. Кон делото…