Седум нови наслови од добитниците на наградата Ханс Кристијан Андерсен

Наградата Ханс Кристијан Андерсен е највисокото меѓународно признание кое се доделува од страна на Меѓународниот одбор за книги за млади (International Board on Books for Young People – IBBY) на еден жив автор и еден жив илустратор на детски книги, за нивниот континуиран придонес кон детската книжевност. Андерсеновата награда, наречена уште и Нобелова награда за детска…

ЛИБИ и Мини ЛИБИ – нови списанија за ученици во издание на „Арс Ламина – публикации“

На Саемот на книгата, издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ ги претстави првите броеви на своите две нови детски списанија – Мини ЛИБИ (наменето за ученици од прво до трето одделение од основното образование) и ЛИБИ (за ученици од четврто до шесто одделение). Станува збор за две содржајни месечни изданија од по 36 страници, што, според…

Хит читанки за млади, Отчукувања, Биди со мене, Светот на рамена

 На саемот на книгата Literatura.mk ќе промовира супер избор од најхит романите за млади од минатата година, наменети за читателската публика од 16 години па нагоре. ОТЧУКУВАЊА на Хавиер Руескас и Франсеск Миралјес Овој необичен роман, структуриран како преписка преку социјална мрежа и без нараторски патоказ, ја обработува безусловната љубов, идеалистичката, онаа што е недостижна…

„Арс Ламина“ издаде 21 наслов на Браево писмо за поддршка на учениците со оштетен вид

Во Промотивниот центар на Саемот на книгата издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ ги претстави своите изданија отпечатени на Браево писмо, што претставува дел од соработката меѓу „Арс Ламина“ и Проектот на УСАИД И ЛЦИФ за деца со пречки во видот. Изданијата се наменети за учениците со оштетен вид кои ги посетуваат дневните ресурсни центри,…

Промоција на петтата книга од едицијата „Прошетка низ Европа“

На годинашниот Саем на книга, а во рамки на саемското претставување на проектот „Прошетка низ Европа“ на издавачот Арс Ламина, ќе биде промовиран и македонскиот превод на романот „Најмал отпор“ од данската писателка Ада Дјоруп. Романот „Најмал отпор“ дава прониклив поглед врз една значајна година од животот на една млада жена. Ема решава да плови кон нови…

Неле Карајлиќ, Жан Бак, Хавиер Руескас и Франсеск Миралјес – гости на „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2017

Многу гости, странски автори, специјални настани и промоции, нови и атрактивни наслови, едукативни изданија и дидактички помагала, креативни работилници за деца, турнири во дидактички игри и многу други изненадувања Издавачката куќа „Арс Ламина“, како и досега, ќе се претстави со низа нови наслови, но и со многу промоции и специјални гости, како домашни, така и…

„Чувар“ на Пeтер Терин го води читателот низ лавиринтите на раздразливоста и неизвесноста

Нова книга од едицијата „Прошетка низ Европа“: „Чувар“ на Пeтер Терин, дистописка алегорија за современите општества Кафкијанска, и по замислата и по изведбата, „Чувар“ на Петер Терин е дистописка алегорија за современите општества што трезно и внимателно го води читателот низ лавиринтите на раздразливоста и неизвесноста кон освестување пред тешко пребродливата состојба на едновремено отсуство и потреба за…

Што ќе донесе 2017 година во издаваштвото?

Новиот претседател на САД, Доналд Трамп, Брегзит, неуспешниот пуч во Турција, поствистина, новиот збор во оксфордскиот речник, војната во Сирија, животот на музиката на дејците кои заминаа во вечноста – се само мал дел од пејзажот во кој ќе се создаваат идните бестселери или капитални литературни дела. Глобалните политички и економски случувања во 2016 година,…

Наскоро: Франкофонско катче во Литература.мк

Книжарницата Литература.мк, издавачката куќа Арс Ламина публикации и Францускиот институт во Скопје започнуваат соработка за промоција на франкофонијата во Македонија.На неодамнешната прес конференција во Францускиот институт беа претставени активностите и проектите кои институтот ги планира во првото тримесечје на 2017 година. Директорката на Францускиот институт Изабел Марки-Барбо ја презентираше програмата јануари-март „Културни патеки“ во која…

Бестселерот на Ник Кејв „Смртта на Бани Манро“ во книжарниците на Литература.мк

Вториот роман на Ник Кејв, познатиот пејач и предводник на групата „Ник Кејв енд д Бед Сидс“, именуван како „Смртта на Бани Манро“ е напишан цели дваесет години по неговиот прв роман, „И магарето го виде ангелот“. Ова дело е хроника на размислувањата на Бани Манро и портретирање на релацијата татко – син.  Романот е приказ на…

Сакам интима со литературата

Книгите ги доживува како водичи на духовното патување. Некогаш се по нејзин избор, а некогаш по препорака. Иако пасијата и професијата, музиката и контролата на летање, се разединуваат, таа ги обединува, како во албумот „Небеска“. Ова е библиотеката на Наташа Мијатовиќ-Мијата. Покрај музиката и широките координати на небото, дали има место и за литературата во…

Ново: „Легенди“ на Густаво Адолфо Бекер

Густаво Адолфо Бекер (17 февруари 1836 – 22 декември 1870) е можеби најчитаниот шпански автор по Сервантес, водечка фигура на шпанскиот постромантизам и инаугуратор на модерниот шпански книжевен сензибилитет. Делумно познат за време на својот живот, со вистинска слава се здобива дури по смртта; денес речиси сето негово творештво – седумдесетината песни од Рими и дваесет и…

Најомилени наслови во Literatura.mk за 2016 година

Ова се петнаесетте најомилените и најпродавани наслови во Literatura.mk за 2016 година: „Доктор Сон“, Стивен Спилберг (хорор) „Те чекам“, Џенифер Л. Арментраут (романса / книга за млади) Трилогија „Бриџит Џонс“ („Дневникот на Бриџит Џонс“, „На работ на разумот“ и „Луда по него“), Хелен Филдинг (женска фикција / романса) „Нултиот број“, Умберто Еко (мистерија) „Љубов во…

Нов наслов во едицијата „Прошетка низ Европа“

„Градот Бохејн“ – маѓепсувачка фантазија и амбициозна лингвистичка инвентивност Излезе од печат македонскиот превод на дистопискиот роман „Градот Бохејн“ на ирскиот писател Кевин Бери, како дел од едицијата „Прошетка низ Европа“. Дејството на романот се одвива четириесет години во иднината. Некогаш великиот град Бохејн на западното крајбрежје на Ирска е на колена, заразен од пороци…

Куса репортажа од промоцијата на монографијата „МАЕСТРО АЛЕКСАНДАР ЏАМБАЗОВ – Живот низ сеќавања, афоризми, сентенции“

Куса репортажа од промоцијата на монографијата „МАЕСТРО АЛЕКСАНДАР ЏАМБАЗОВ – Живот низ сеќавања, афоризми, сентенции“ од музиколозите Јулијана Папазова и Елени Новаковска. Книгата е во издание на Центарот за музикологија ЦЕМ, а е создадена по иницијатива на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ во чест на 80-годишнината од раѓањето на Александар Џамбазов. Промоцијата се…