Македонски ден во Франкфурт: Големите предизвици на малите јазици

На саемот на книга во Франкфурт денеска се одржа дебата на тема „Преку границите: предизвиците за меѓународна промоција на литературата на „малите јазици“, во организација на Македонската асоцијација на издавачи. За напорите на издавачките компании и авторите во освојување на меѓународната книжевна сцена говореа еден од најпреведуваните македонски автори и добитник на повеќе награди меѓу…

Сè поголем интерес за македонската детска литература

Над 80 наслови од македонска детска литература од повеќе македонски издавачи денеска беа  промовирани на Саемот на книга во Франкфурт. Според претставниците на Македонската асоцијација на издавачи, во последниве години расте интересот за детската литература меѓу издавачите, а особено барани се авторските дела на млади писатели за деца. „Детската литература станува сè побаран производ на…

Франкфурт: Интернационална промоција на романите на Јана Мишо

Авторката Јана Мишо и нејзините два романи на англиски јазик – „Almost Parisian“ и „Anais from Monmartre“, денеска беа промовирани на македонскиот штанд на Саемот за книга во Франкфурт, во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“ „Првпат промовираме книги од жанрот романтична комедија, но според реакциите на посетителите кои дојдоа на промоцијата гледаме дека има…

Отворен Саемот во книгата во Франкфурт

Отворен најголемиот саем на литература во Франкфурт: Македонија со над 400 наслови од 250 авториПод мотото „Магијата на македонската литература“, со над 400 наслови од 250 македонски автори, преведувани и наградувани, Македонија се претставува на Саемот на книга во Франкфурт кој се одржува од денеска до 15 октомври. Во фокусот годинава е привлекување на интересот…

Меркел и Макрон го отвораат Саемот на книгата во Франкфурт

Претседателите на Германија и Франција, Ангела Меркел и Емануел Макрон, утре, 10 октомври, ќе го отворат Саемот на книгата во Франкфурт 2017Годинешново учество на Франција како земја почесен гостин на саемот е под закрила на претседателот Емануел Макрон. Инаку, според Јирген Бос, директор на Саемот за книга: „Присуството на Меркел и Макрон треба да ја…

МАГИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ВО ФРАНКФУРТ

Октомври е месецот во знак на книгата. Најзначајниот светски настан во областа на издаваштвото и литературата – Саемот на книга и годинава од 11 до 15 октомври повторно на едно место ќе ги спои издавачите, авторите и љубителите на книгата, а меѓу земјите-учесници е и Македонија. Претставувањето на Македонија на Саемот во Франкфурт годинава е…

Славење на преведувачката професија

30 септември „Меѓународен ден на преведувачите“ Ширум светот 30 септември се одбележува како „Меѓународен ден на преведувачите“ започнувајќи од 1991 година, кога Меѓународната федерација на преведувачите го прогласи овој ден за ден на преведувачи со цел ширење на свеста за важноста на оваа професија и искажување на солидарноста со колегите ширум светот. Свети Еероним или…

„Мини Либи“ и „Либи“ подготвени за во училиштата

По три години истражување, анализирање и подготовка „Арс Ламина“ со гордост го најавува новиот септемвриски, четврти број на списанијата МИНИ ЛИБИ (1-3 одд.) и ЛИБИ (4-6 одд.) одобрени за издавање од Министерството за образование.МИНИ ЛИБИ (1-3 одд.) и ЛИБИ (4-6 одд.) се модерно дизајнирани списанија наменети за ученици од прво до трето, односно од четврто…

Со едукативниот центар „Арс Ламина“ до повисоки стандарди во образованието

Едукативниот центар „Арс Ламина“ настанува како заокружување на една целина, поврзувајќи ја учебникарската издавачка дејност на Арс Ламина и здружението на наставници – „Дидакта Нова“ во коешто членуваат врвни практичари, искусни наставници и педагози, кои работат според најсовремените методи во наставата.Врвните професионалците во своите области кои работат на изготвување на учебниците, збирките и другите дидактички…

Промоција на книгата „Социјалниот архетип во документарниот филм“ во рамки на „Македокс“

Во недела (20 август, 2017 година), со почеток од 20.00 часот во Куршумли Ан, во рамките на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, ќе се одржи промоција на книгата „Социјалниот архетип во документарниот филм“ од Маријана Котевска-Георгиева, а во издание на Арс Ламина публикации. Во книгата „Социјалниот архетип во документарниот филм“ се обработени девет документарни…

Деца и младинци на власт

Откријте како германските и француските деца и младинци ќе одиграат изненадувачка улога во годинешното составување на програмата. Програмите за книги за деца и младинци се еден од камен-темелниците на изложбата Почесни гости – Франција. За потребите на програмата, оваа година Почесни гости – Франција овозможува да се чуе гласот на целната публика, со тоа што…

„Прошетка низ Европа“ и „Лице в лице“ на фестивалот ДримОN во Струга

„Бегалци во сопствената земја“ – инспирација за македонски уметници Арс Ламина публикации преку проектот „Прошетка низ Европа„ и магазинот „Лице в лице“ ќе имаат заеднички настап на фестивалот за процесирање култура, „ДримОN“. „Предизвиците со кои се соочуваат повратниците во земјава, при процесот на нивната интеграција, добија и свој лик, и тоа преку делата на 10…

За квалитетно преведена книга потребна е работа во тим

Нa трибината „Предизвиците на преведување на европските јазици“, дел од проектот „Прошетка низ Европа“, што се одржа денеска во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, учествуваа повеќе преведувачи, лектори, уредници и претставници од издавачките куќи. На трибината беа отворени повеќе прашања што се однесуваат на процесот на работа и предизвиците со кои се соочуваат…

Трибина: Предизвиците во преведувањето на европските јазици

Утре (вторник, 18 јули), во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, со почеток од 10.30 часот, ќе се одржи трибина на тема предизвиците во преведувањето на европските јазици. На трибината ќе учествуваат повеќе преведувачи од различни европски јазици, а модератор ќе биде Ана Зафирова. Трибината е дел од проектот „Прошетка низ Европа“ на издавачката…

Изложба на корици „Прошетка низ Европа“ во „Литература.мк“

Креативните решенија за корици на романи од едицијата „Прошетка низ Европа“, во издание на „Арс Либрис“, дел од Арс Ламина публикации оваа недела ќе бидат изложени во во книжарницата „Литература.мк“ на ул. Македонија. Изложените корици се дела на студенти кои учествуваа на конкурсот за дизајн организиран од Арс Ламина публикации, а најдобрите решенија беа наградени и објавени…