Објавено класичното дело „За управувањето со царството“ од Константин Порфирогенет

Издавачката куќа „Арс Ламина“, под импринтот „Арс Либрис“ неодамна го објави класичното дело „За управувањето со царството“ од Константин Порфирогенет. „За управувањето со царството“ е латинскиот наслов на делото „На мојот син Роман“, напишано во оригинал на средновековен грчки јазик, од царот Константин VII Порфирогенет. Станува збор за теориски, дипломатски прирачник за внатрешната и надворешната…

„Арс Ламина“ донираше изданија за деца за хуманитарната акција на Црвен крст – „Подари пакетче, подари радост“

Со донација на новогодишни и зимски изданија за деца, издавачката куќа „Арс Ламина“ по четврти пат се вклучи во предновогодишната хуманитарна акција на Црвен крст – Кисела Вода, „Подари пакетче, подари радост“. Боенките, сликовниците и книгите со активности беа дел од пакетчињата што на 23 декември 2022 година, волонтерите од Клубот на млади им ги…

Романот „Ние“ од Ана Стојаноска ја раскажува љубовната приказна низ призмата на жената и низ призмата на мажот

Четвртиот роман на писателката Ана Стојаноска, „Ние“, деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Ракописот на Стојаноска влезе во потесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2021 година (заедно со „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, кој ја доби наградата „Пегаз“, и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска),…

„Шила“ соши инспиративна работилница за деца во „Млади Хаб“

Среќа, радост, љубов, надеж… се само дел од убавите емоции со кои беше реализирана работилницата инспирирана од сликовницата „Шила“ со учениците од 2-1 одд., при ОУ „Ј. Х. Песталоци“ од Скопје. Неслучајно, тоа се и имињата што им ги дадоа на своите кукли/човечиња, кои ги изработија овие вредни и креативни дечиња, заедно со своите наставнички.…

„Зелениот дворец“ од авторот Сибо е добитник на наградата „Пегаз“ за 2022 година

Ракописот со наслов „Зелениот дворец“ од авторот Сибо е победник на четвртото издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2022 година. На годинашниот конкурс за наградата за најдобар необјавен роман на годината – „Пегаз“, што ја организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“,…

Ненадејно почина писателот Дејан Тиаго-Станковиќ

Наградуваниот српскиот писател и книжевен преведувач Дејан Тиаго-Станковиќ ненадејно почина денеска во својот дом во Лисабон, на 57-годишна возраст. Роден е во Белград во 1965 година, каде што живеел до 1991 година, сè додека не дипломирал архитектура со која никогаш не се занимавал. Во Лондон живеел до 1995 година, а оттаму се преселил во Португалија.…

„Ноќта пред Божиќ во Земјата на чудата“ е празнична сликовница за добрината и радоста

Новата сликовница „Ноќта пред Божиќ во Земјата на чудата“ од Карис Бексингтон и Кејт Хиндли е топла, празнична приказна за добрината и радоста. Ова издание на „Либи“, дел од Арс Ламина – публикации“, ќе ги стопли срцата на децата, но и на возрасните во овој претпразничен период. Во книгата се зборува за Принцезата Срце, која…

Дирона Соколовска: „Пијанистика 1“ е чекор кон модерните тенденции на педагогијата за пијано како дел од културата

Со мини-концерт на ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје и м-р Јована Трајчева, вчеравечер (12 декември), во малата сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје беше промовирана новата стручна книга „Пијанистика 1: Основи на музичката писменост за пијано“ од м-р Дирона Соколовска. Промоторки на книгата, која е во издание на „Арс Ламина –…

„Литература.мк“ со понуда за сите новогодишни желби

Со попусти до 60 отсто, подароци и музички настапи почнува новогодишното прославување во книжарниците „Литература.мк“. Во акцијата „За сите желби…“, која ќе трае од 10 декември 2022 до 8 јануари 2023 година, има специјални празнични понуди на едукативни пакетчиња за деца, намалувања на цените на книги и пакет книги, како и на различни производи од…

Романот „Збунетост“ ја отвора дилемата како на децата да им ја кажеме вистината за оваа прекрасна, загрозена планета?

Интернационалниот книжевен хит за 2021 година, новиот роман „Збунетост“ од добитникот на Пулицерова награда – Ричард Пауерс, деновиве излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.Станува збор за најдобрата книга за 2021 година според речиси сите релевантни сајтови и списанија. Влезе во селекцијата најдобри книги на…

Музичка промоција на „Пијанистика 1“ од м-р Дирона Соколовска на Факултетот за музичка уметност – Скопје

Новата книга „Пијанистика 1: Основи на музичката писменост за пијано“ од м-р Дирона Соколовска ќе биде промовирана на 12 декември (понеделник), со почеток во 19:30 часот во малата сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје. Промоторки на книгата ќе бидат уредничката Бранка Бугариска и рецензентката Катерина Ќетковиќ-Фидановска. Промоцијата ќе биде збогатена со музичка изведба…

Тринаесет книги од „Арс Ламина“ во конкуренција на изборот Reader’s Choice Book Awards 2022

Тринаесет книги од издавачката куќа „Арс Ламина“ влегоа во потесниот избор на наградата за најдобри книги според читателите – Reader’s Choice Book Awards 2022. Натпреварот „Книга на годината“ во Македонија, кој се одвива онлајн на интернет-страницата http://www.kniganagodinata.mk и каде што сите читатели можат да го дадат својот глас за омилените изданија. Селекцијата се базира на…

Лукаш и Камењаров: Со „Поклони се и почни“ им порачуваме на децата да не престанат да се радуваат и да другаруваат

Со римување, микрофони и креативна игра со штурчето Свирче, богомолката Богдана и дабарот Дрварко – создадени од вештите рачиња на децата, во петокот (втори декември), беше промовирана новата сликовница „Поклони се и почни“. Пред младите читатели во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ се поклонија: авторот Владимир Лукаш, илустраторот Љубиша Камењаров и уредничката Оливера…

Новата сликовница „Поклони се и почни“ од Владимир Лукаш и Љубиша Камењаров ќе биде промовирана заедно со работилница за деца

Новата книга за деца „Поклони се и почни“, со текст на Владимир Лукаш и илустрации од Љубиша Камењаров, ќе биде промовирана на втори декември (петок), во 18:30 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Промоторка на сликовницата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера…

„Ќе се најдеме во Бомбај“ е трогателна и нежна приказна за една забранета љубов

Претпразничната понуда на издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ деновиве се збогати со новиот роман „Ќе се најдеме во Бомбај“ од британската авторка на историска фикција – Џени Ешкрофт. Книгата е во издание на импринтот „Арс Либрис“ и е достапна во сите поголеми книжарници во државата. Џени Ешкрофт има дипломирано историја на универзитетот „Оксфорд“ и…