Промовирана книгата „Природно убави со Биодевојка“ од Вики Андонова

Со козметичка работилница и дружба со читателите, блогерката Вики Андонова вчера (22 мај) во Центарот за дизајн и иновации во „Јавна соба“ (Public Room) ја промовира својата книга „Природно убави со Биодевојка“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. „Природно убави со Биодевојка“ содржи 175 природни, органски рецепти за нега на…

Во книжарницата „Литература.мк“ промовиран прирачникот „Како се оди во Париз“ од Јана Мишо

Во присуство на македонските блогерки, модни новинарки и љубители на пишаниот збор, во книжарницата „Литература.мк“, вчера (21 мај) се одржа промоција на прирачникот „Како се оди во Париз“ од домашната авторка Јана Мишо, позната по своите два романа „Анаис од Монмартр“ и „Скоро парижанка“. Улицата „Македонија“ доби париски амбиент, со кроасани, макарунс-колачи, кафе, современи шансони…

Дружба со блогерите на промоцијата на „Како се оди во Париз“ од Јана Мишо во книжарницата „Литература.мк“

На 21 мај (понеделник) во 12 часот во книжарницата „Литература.мк“ ќе се одржи промоција на прирачникот „Како се оди во Париз“ од домашната авторка Јана Мишо, позната по нејзините два романа „Анаис од Монмартр“ и „Скоро парижанка“. По успешната презентација во рамките на 30. издание на Саемот на книгата, водичот в понеделник ќе биде промовиран…

„Бајки од Македонија за цела година“ – нов проект на „Браво Сине!“ и „Арс Ламина“

„Бајки од Македонија за цела година“ е новиот проект од јавен интерес на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Секоја недела по една бајка или 52 бајки од народното творештво, во приспособена јазична форма и со модерни илустрации е проектот што треба да ги приближи новите…

Промоција на книгата „Природно убави со Биодевојка“ од Вики Андонова

На 22 мај (вторник) во 18 часот во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ (Public Room) ќе се одржи промоција на книгата „Природно убави со Биодевојка“ од блогерката Вики Андонова. „Природно убави со Биодевојка“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 175 природни, органски рецепти за нега на лице,…

Здружението „Проект Среќа“ и „Арс Ламина“ донираа книги за ПОУ „Златан Сремец“ – Скопје

По повод патрониот празник на ПОУ „Златан Сремeц“ – Скопје, кое одбележува 46 години постоење, здружението „Проект Среќа“, во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“, денеска донира книги и сликовници. Изданијата ќе го збогатат книжевниот фонд во библиотеката на посебното основно училиште за деца со пречки во психофизичкиот развој. Под мотото „Среќа е…“ денеска беше…

„Сè што чуваме“ од Кери Лонсдејл

Ејми Тирни го има вистинскиот рецепт за совршен живот: да се омажи за нејзината прва љубов од детските денови, да основаат семејство и да го откупи ресторанот на родителите. Но, кога нејзиниот свршеник, Џејмс Донато, ненадејно исчезнува во бродска несреќа, нејзината визија за светла иднина заедно со него исчезнува во морето. Наместо да чекорат кон…

Издавачката куќа „Арс Ламина“ доби седум награди од МАИ

Издавачката куќа „Арс Ламина“ доби седум признанија на доделувањето на наградите од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), која вчера (8 мај) по втор пат ги прогласи најдобрите меѓу двата саема на книга Прво место во категоријата за најдобра едиција е доделено на „Огнови“ на издавачкиот центар „Антолог“, а второ место на „Басни од Македонија“ од…

Промовирана збирката хаику-поезија „Реми“ од авторите Гето Руди и Теа К.

Во рамките на 30. издание на Саемот на книга, на штандот на книжарницата „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ вчера беше промовирана новата збирка хаику-поезија „Реми“ од авторите Гето Руди и Теа К. Изданието беше претставено со мал перформанс – партија шах, во која меѓу два потега со фигурите авторите читаа по една хаику-песна. Промоцијата…

Промовиран новиот серијал „ТКЦП“ и перформанс на авторот Урош Петровиќ на штандот на „Литература.мк“

Во рамките на Саемот на книгата 2018 на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина“ и книжарницата „Литература.мк“ вчера (7 мај) беа промовирани: новиот серијал за деца ТКЦП од Билјана Црвенковска и Здравко Гиров, како и македонската верзија на „Загадочни приказни“ од Урош Петровиќ. Писателката за деца Билјана Црвенковска и стрип-авторот Здравко Гиров го претставија романот…

Партија шах со збирката хаику-поезија „Реми“

  Новата збирка хаику-поезија „Реми“ од авторите Гето Руди и Теа К. ќе биде промовирана денеска (на 8 мај) во 18 часот, во рамките на 30. издание на Саемот на книга, на штандот на книжарницата „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“. Книгата „Реми“ е дел од идеја што…

Новиот серијал за деца „ТКЦП“ и гостување на Урош Петровиќ на штандот на „Арс Ламина“

Денеска (7 мај) на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина“ и книжарницата „Литература.мк“, во рамките на Саемот на книгата 2018, ќе се одржат: работилница за деца инспирирана од серијалот книги за Исидора Мун, промоција на новиот серијал за деца „ТКЦП“ и гостување на најпродаваниот автор за деца во Србија – Урош Петровиќ. Во 17 часот…

Промовиран прирачникот „Како се оди во Париз“ од Јана Мишо

Во париски амбиент, со кроасани, макаронс-колачи и француска музика во саботата (5 мај) беше промовиран прирачникот „Како се оди во Париз“ од авторката Јана Мишо, на штандот на книжарницата „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ во рамките на 30. издание на Саемот на книга во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“. Писателката позната по своите…

(ФОТО) Потписи од Ване Костуранов за ѕвездените деца

Бројни ѕвездени дечиња присуствуваа на средба и дружбата со Ване Костуранов, сликар, илустратор и автор на неодамна промовираната сликовница „Ѕвездено дете“  на 5 мај на штандот на „Литература.мк“ во рамки на 30. издание на Саемот на книгата. Тој потпиша примероци од книгата во издание „Арс Ламина“. Приказната во сликовницата се раскажува околу Ѕвездан – дете…

Носталгија и скопски приказни од Ново маало на промоцијата на „Динга стоп“ од Владимир Плавевски

Во носталгичен амбиент во петокот (4 мај) на штандот на „Литература.мк“ беше промовирана збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од авторот Владимир Плавевски. Промотор на настанот беше Мојсо Мојсовски, новинар и долгогодишен уредник на Дневникот во Македонското радио, кој се присети на старо Скопје и на некогашниот дух и мирис на градот.…