Марина Костова – добитничка на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за монографијата „Манчевски“

Марина Костова, долгогодишната филмска критичарка и заменик-главна уредничка на САКАМДАКАЖАМ.МК, е добитничка на највисокото државно признание „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, за остварувања во областа на публицистиката. Таа ја добива наградата за повеќегодишниот комплексен, меѓународен и мултидисциплинарен публицистички проект – монографијата „Манчевски“, која е посветена на творештвото на режисерот и уметник Милчо Манчевски. Книгата беше објавена во…

Пет нови предлози: што да читате во декември?

Студените декемвриски денови поминете ги во топлиот домашен амбиент со книга в раце. Со вкусен чај и покриени со топло ќебе, одморете од секојдневните обврски читaјќи ги своите омилени изданија. Доколку сакате да ги збогатите своите домашни библиотеки со нови наслови ви претставуваме предлог-листа со пет свежи наслови од полиците на „Литература.мк“ што може да…

Промоција на илустрираната книга „Девет“ од Славимир Стојановиќ – Футро во книжарницата „Литература.мк“

На 27 ноември, вторник, со почеток во 19.30 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ ќе се одржи промоција на романот „Devet – roman u ilustrovanim pričama“ од еден од најпознатите графички дизајнери, Славимир Стојановиќ Футро. Книгата со илустрирани раскази е автобиографски и емотивен роман на Славимир, составен од 47 кратки раскази од најраните почетоци…

Номинација за blog.literatura.mk на изборот „Сајт на годината 2018“

Почитувани, blog.literatura.mk повторно е номиниран во категоријата за најдобар блог на изборот „Сајт на годината 2018“. Покрај блогот, номинирани се и Literatura.mk за е-трговија и огласување, Libi.mk и resursi.literatura.mk во категоријата сајтови за образование, наука и култура, додека obrazovanie.literatura.mk/ е во конкуренција за најдобар сајт. Вашите гласови може да ги дадете на веб-страницата sajtnagodinata.mk, каде…

Отворена нова книжарница на „Литература.мк“ на Широк Сокак во Битола

На 17 ноември (сабота) на најфреквентното шеталиште во Битола, Широк Сокак, официјално беше отворена новата книжарница на „Литература.мк“. Почетокот на новата приказна на „Литература.мк“ во градот на конзулите беше одбележан со коктел-забава и концерт на познатата битолска група „Фолтин“. Уште во првите неколку часови, неколку стотици битолчани, од сите генерации ја посетија книжарницата, којашто е…

Промовирана книгата „Упатство за употреба на креативниот ум” од Дејв Бирс во „Литература.мк“

Светски популарната книга „Упатство за употреба на креативниот ум” од Дејв Бирс на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ беше промовирана во петокот, на 16 ноември, во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. – Ова е првпат некоја од моите книги да биде преведена на друг јазик. И среќен…

Промоција на „Упатство за употреба на креативниот ум” од Дејв Бирс во „Литература.мк“

На 16 ноември, петок, со почеток во 19.30 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ ќе се одржи промоција на светски популарната книга „Упатство за употреба на креативниот ум” од Дејв Бирс. Книгата на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Ова е првпат некоја од книгите на…

Нова книжарница на „Литература.мк“ на Широк Сокак во Битола

Нова ексклузивна книжарница на „Литература.мк“ ќе биде отворена на 17 ноември (сабота) во 12 часот, на најфреквентното шеталиште во Битола, Широк Сокак. Стартот на новиот продажен простор ќе биде одбележан со концерт на познатата битолска група „Фолтин“, коктел-забава, како и многубројни изненадувања за најмладите. На денот на отворањето во книжарницата ќе има специјален попуст од…

Промовирана монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“ од Ерина Богоева во „Литература.мк“

Монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“ од Ерина Богоева, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (13 ноември) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Книгата содржи 80-ина фотографии, со фокус на 33 објекти создадени во втората половина на дваесеттиот век, меѓу кои: Управата за хидрометеоролошки работи,…

Интервју со Ерина Богоева, авторка на монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“

Модерната архитектура претставува основна тематска преокупација во новиот циклус фотографии на Ерина Богоева. Преку своите најнови фотографии на кои се прикажани триесетина градби изградени во втората половина на дваесеттиот век, гледано од архитектонска перспектива, Богоева нè навраќа на најважниот период од историјата на развојот на градот – периодот на интензивната постземјотресна обнова. Избор од 80-ина…

„Арс Ламина“ со поддршка за младите физичари

Издавачката куќа „Арс Ламина- публикации“ продолжува да ги поддржува талентираните ученици, младите физичари и идни научници во Македонија. Имено, компанијата обезбеди награди за најдобрите ученици и нивните ментори во рамки на 42. Школа „Млади физичари“, што се одржува на 9 и 10 ноември (петок и сабота) во Природно-математичкиот факултет и во „Скопје сити мол“ (втор…

Објавена третата книга од серијалот „Загадочни приказни“ од Урош Петровиќ

Третата книга од серијалот „Загадочни приказни“ на најпродаваниот автор за деца во Србија – Урош Петровиќ, е објавена на македонски јазик, во издание на „Арс Ламина – публикации“. Книгата ќе биде застапена на Едукативното предавање на авторот на Програмата на НТЦ-системот на учење, д-р Ранко Рајовиќ, што ќе се одржи на трети ноември 2018 (сабота)…

Книги за големи и мали за Ноќта на вештерките

  Секој 31 октомври во повеќе земји се слави Ноќта спроти Сите светци, попозната како Ноќта на вештерките или „Халовин“ (Halloween). Децата, но и возрасните, маскирани како вештерки, чудовишта, духови и други страшни ликови од приказните, филмовите и стриповите шетаат од врата на врата, барајќи слатко честење или ќе ги исплашат домаќините (trick or treat).…

Авторката Франческа Кавало воодушевена од македонското издание на „Бунтовни девојчиња“

Франческа Кавало, една од авторките на светскиот книжевен хит „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“, е воодушевена од македонското издание на книгата. Своето задоволство од верзијата на македонски јазик им го пренесе на претставниците од македонскиот издавач на книгата – „Арс Ламина – публикации“, на средбата што се одржа вчера (11 октомври 2018 година)…

Претставување на македонската литература на Саемот на книгата во Франкфурт

Седум македонски писатели ќе бидат претставени на 13 октомври (сабота) во рамките на јубилејното 70-то издание на Саемот на книгата во Франкфурт. Домаќин на настанот ќе биде Асаф Адеми, министерот за култура на Р. Македонија. На т.н. „македонскиот ден“ гостите на саемот ќе можат одблизу да се запознаат со писателите Петар Андоновски, Зоран Анчевски, Скендер…