Мемоарите на Мишел Обама попродавани од „Педесет нијанси сиво“

Автобиографската книга „Becoming“ на некогашната прва дама на САД, Мишел Обама, урива рекорди по продаваност. Само два месеци по објавувањето таа претендира да стане меѓу најчитаните книги на деценијата – јавува „Си-ен-ен“. Според податоците од „Амазон“ мемоарите на Мишел Обама 47 дена се број еден на листата. Тие се попродавани од книгата „Педесет нијанси сиво“,…

Од Кенеди до „Битлсите“ – ова се новите биографии што треба да ги имате во домашната библиотека

Биографските приказни за некои од најинтерсните историски личности, од Џон Ф. Кенеди до „Битлсите“ се дел од новите изданија на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Меѓу новите мемоари што вреди да ги имате во своите домашни библиотеки се култни политичари, филмаџии, уметници, писатели и музичари: Леонард Бернштајн, Пол Гоген, Пабло Неруда и…

Детските изданија на „Либи“ најчитани во Универзитетската библиотека во Битола

Книгите за деца во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се најчитани во 2018 година во Универзитетската библиотека во Битола, јавува порталот „Битолањуз“ (bitolanews.mk). Според податоците од Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, најбараните наслови меѓу младите читатели се: „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ од Билјана С. Црвенковска,…

Мемоарите на Мишел Обама наскоро на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“

  Автобиографската книга „Becoming“ на некогашната прва дама на САД, Мишел Обама, наскоро ќе биде објавена на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Мемоарите, кои беа промовирани во ноември 2018 година, за кратко време станаа бестселер. На првиот ден од издавањето беа продадени повеќе од 725 илијади примероци…

Австрија го награди преводот од германски на македонски јазик на збирката поезија „Вербариум“ во издание на „Арс Либрис“

Австриското министерство за култура го награди преводот на збирката поезија „Вербариум“ од Ханс Карл Артман, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Преводот од германски на македонски јазик го направи Елизабета Линднер. Ова е трет пат како австриското министерство за култура ја наградува Линднер за превод. Претходно доби признанија…

Новата книга на Мартина Млинаревиќ Сопта наскоро на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“

Новата книга „Узур“ (Huzur)  на популарната авторка од Босна и Херцеговина, Мартина Млинаревиќ Сопта, наскоро ќе биде објавена на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата на босански јазик беше промовирана кон крајот на 2018 година во Сараево. Во неа 36-годишната писателката и колумнистка открива детали за својата…

„Арс Ламина“ донира новогодишни пакетчиња во Детската клиника – Скопје и во Клиничката болница во Битола

Издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ деновиве донира новогодишни пакетчиња во Детската клиника – Скопје и во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола. Станува збор за трајни, едукативни и интерактивни пакетчиња со боенки, книги со активности, сликовници, судоку-решавалки, детски книги, тефтери и календари. Тие ќе бидат наменети за децата-посетители на Дневниот центар „Собата…

Книжевно сеќавање на музичката легенда Леонард Бернштајн

Сто години од раѓањето на еден од најпознатите американски композитори, диригент и пијанист Леонард Бернштајн е објавена биографската книга, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Авторот на книгата Хемфри Бартон вели: „Каква ли предност имав пред кој било друг конвенционален биограф! Дискретно ја скривав сопствената блискост со Леонард Бернштајн, ограничувајќи…

„Девојчето кое танцуваше со пролетта“ од Билјана Црвенковска и Ана Петрова

Графичката новела „Девојчето кое танцуваше со пролетта“ е коавторски проект на Билјана Црвенковска и Ана Петрова и едно од ретките дела во овој жанр во Македонија. Делото е повеќеслојно од повеќе аспекти: од една страна, текстот и илустрациите претставуваат два паралелни наративи кои не можат еден без друг, односно илустрацијата не го прикажува она што…

Книгата „Македонска традиционална медицина“ од Драган Јованов промовирана во Македонска Каменица и во Струмица

Книгата „Македонска традиционална медицина“ од Драган Јованов, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, овој месец беше претставена пред читателите во Македонска Каменица и во Струмица. На први декември се одржа промоцијата во Домот на културата – Македонска Каменица, а викендов (15 декември) во Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица.…

„Арс Ламина“ донира книги во рамки на акцијата „И јас сум Дедо Мраз”

  Издавачката куќа „Арс Ламина“ со своја донација и оваа година е дел од најголемата добротворна предновогодишна акција „И јас сум Дедо Мраз”, организирана од здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“. Хуманитарниот пакет на „Арс Ламина“ содржи над 100 книги, сликовници и боенки, кои ќе бидат наменети за деца од висок социјален ризик.  Донацијата ќе…

Нова книга: „Светлината на Сатурната“ од Кристина Димовска

„Светлината на Сатурната“ е прв роман на Кристина Димовска, кој според својата структура претставува жанровски хибрид, што третира тема што инаку припаѓа на епска фантастика. Романот е слоевит и експериментален и е наменет на читатели со теориски компетенции, но и за публика која би го доживеала текстот како една заводлива и интригантна приказна. Сместен на…

Имаме најдобар блог во 2018 година!!!

На изборот „Сајт на годината 2018“ нашиот blog.literatura.mk е прогласен за најдобар блог! Наградите за најдобрите сајтови беа врачени вчеравечер во просториите на ЕУ-инфоцентарот во Скопје, а за победниците одлучиле гласовите на публиката. Слецијализираниот блог за љубителите на пишаниот збор, blog.literatura.mk, четири години е во постојана потрагата по интересни содржини и ширење на мисијата за…

Состанок „на слепо“ со книга

Веројатно веќе сте уверени во вистината на изреката „Не суди ја книгата по нејзината корица“. Во морето од книги сигурно имате фаворит чија корица не е атрактивна за очи, но приказната ве одушевува. Но, дали би купиле книга ако не сте ја виделе корицата? Дали сте доволно љубопитни да ја прочитате без да го знaете…

Новогодишна магија за најмладите со „Литература.мк“

Светкав, разигран, распеан… декември е највеселиот месец во годината. Додадете магија на претпразничниот амбиент со волшебните приказни од полиците на „Литература.мк“. Во нив самовилата Исидора Мун создава зимска магија, Дина и Додо прават Снешко-смешко и сретнуваат двајца Дедо Мразовци. Дознајте како изгледа волшебната ноќ во шумата. Откријте што сонува Дедо Мраз, и патувајте во светот…