Најпродавани наслови на Саем на книгата 2019

Под мотото „Пронајди се во добра книга“, издавачката куќа „Арс Ламина ‒ публикации“ и книжарниците „Литература.мк“ на годинашниот Саем на книгата понудија богата програма. Во седумтте саемски денови посетителите имаа можност да присуствуваат на десет промоции на книги од домашни автори и познати имиња од Унгарија, Србија, Хрватска и Албанија, беа понудени 400 нови наслови,…

Промовирана новата едиција „Лесно читливи лектири“ со 40 книги во издание на „Арс Ламина“

Новата едиција „Лесно читливи лектири“, со 40 нови лектирни изданија за основно образование, беше промовирана денеска (21 мај 2019) во локалот „Амбрела“ (Umbrella Lounge Bar) во Скопје. Издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“, преку својот импринт „Либи“, ги објави новите лектири, кои се разликуваат од сите претходни лектирни изданија на пазарот, пред сѐ, по тоа…

Повеќе илјади посетители, десет промоции и четири награди од МАИ за „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ на Саемот на книгата 2019

Неколку илјади љубители на книгата, од сите генерации, го посетија штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ на Саемот на книгата 2019, што од 8 мај до денеска (14 мај) се одржа во ВИП арената „Борис Трајковски“. Вчера, на претпоследниот саемски ден (13 мај), се одржа промоцијата на „Бајки од Македонија за цела година“ ‒ проект…

Македонската асоцијација на издавачи по третпат ги награди најдобрите меѓу двата саема на книгата

Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) по третпат додели признанија за најдобрите изданија, автори и издавачи кои го одбележаа периодот меѓу двата саема на книгата. Во рамките на 31. издание на Саемот на книгата беа врачени признанија во осум категории. За наградите одлучуваше стручно жири во состав: писателот Петар Андоновски, креативниот директор Ивица Спасовски и авторот…

„Арс Ламина“ и „Браво Сине!“ ја промовираа новата книга „Бајки од Македонија за цела година“

Најмладите љубители на безвремените приказни во кои сѐ е можно, но и возрасните кои веруваат во моќта на имагинацијата, отсега имаат нови приказни, по една за секоја недела. Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ денеска (13 мај) го промовираа новото издание „Бајки од Македонија за цела…

Ѕвездан Георгиевски: „ПЕГАЗ“ ќе лансира нова книжевна ѕвезда

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ја основаа новата книжевна награда за најдобар необјавен роман на годината – „ПЕГАЗ“. За наградата, до 15 мај 2019, можат да конкурираат сите необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца. За идејата, условите и очекувањата од конкурсот разговаравме…

Промовиран романот „Солунска 28“ од Неле Карајлиќ на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ на Саемот на книгата 2019

Ѕвездата на „Забрането пушење“ и „Топ-листа на надреалистите“, д-р Неле Карајлиќ, вчеравечер (9 мај) ја промовира својата втора книга „Солунска 28“ на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“, за време на Саем на книгата 2019. Романот, кој неодамна ја доби престижната српската книжевна награда „Момо Капор“, на македонски јазик го објави „Арс Ламина ‒ публикации“.…

Дружба со авторите на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ на отворањето на Саем на книгата 2019

Под мотото „Пронајди се во добра книга“, на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина ‒ публикации“ и книжарниците „Литература.мк“ беше одбележан почетокот на 31. издание на Саемот на книгата, што до 14 мај ќе се одржува во ВИП арената „Борис Трајковски“. Вчеравечер, со коктел и дружба со авторите, преставници од дипломатскиот кор и Министерството за…

Ведрана Рудан и Неле Карајлиќ на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ на Саемот на книгата 2019

Промоции на популарната хрватската писателка Ведрана Рудан и на ѕвездата на „Забрането пушење“ и „Топ-листа на надреалистите“, д-р Неле Карајлиќ, повеќе од 400 нови наслови и попусти до 70%, се дел од богатата понуда на издавачката куќа „Арс Ламина ‒ публикации“ и книжарниците „Литература.мк“ на годинашниот Саем на книгата. На 31. издание на најголемата книжевна…

Отворена нова книжарница на „Литература.мк“ во „Веро центар“

Со коктел, попусти и слатки изнедувања за најмладите читатели, на 24.04 2019 г. беше отворена новата книжарница на „Литература.мк“ во „Веро центар“ – Скопје. Продажното место е сместено на првото ниво, во близина на влезот за супермаркетот. „Литература.мк“ носи литературна свежина во еден од најпосетените трговски центри во Скопје, продолжувајќи да ги пласира светските книжарски…

Милчо Манчевски: Книгите ми помогнаа да си го најдам своето местото во светот

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска (23 април) беше одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право. Датумот 23 април има голема симболика за светската литература. На овој датум во 1616 год. починале Сервантес, Шекспир и Инка Гарсиласо де ла Вега. Тоа е исто така датум на раѓање или смрт…

Промовиран готвачот „Најдоброто од македонската кујна“ од Давор Панчевски во „Литература.мк“

Во присуство на многубројни гости, љубители на македонската традиционална кујна и на пишаниот збор и вчера (19 април 2019 година) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ беше промовирана новата книга за готвење „Dave’s kitchen: Најдоброто од македонската кујна“ од Давор Панчевски. Готвачот, што го објавува издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“, содржи 125 едноставни и…

Промовирана книгата „Аутопсија на љубовта“ од Moџо Килингтон, во издание на „Арс Ламина“

Книгата поезија „Аутопсија на љубовта“ од Божидар Божиновски, познат како Moџо Килингтон, беше промовирана вчеравечер (18 април) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. „Аутопсија на љубовта“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е прва книга на младиот автор. Книгата содржи длабоко интимна поезија, еден вид внатрешна исповед на…

Промоција на „Аутопсија на љубовта“ од Moџо Килингтон во издание на „Арс Ламина“

Поетската книга „Аутопсија на љубовта“ од Божидар Божиновски, познат како Moџо Килингтон, ќе биде промовирана денеска (18 април 2019 год.) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, со почеток во 19 часот. „Аутопсија на љубовта“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е прва книга на младиот автор. Книгата содржи…

Промовирана новата сликовница „Девојче и мече“ од Ване Костуранов во „Литература.мк“

Во весела атмосфера, со многу деца, родители, љубители на современата детска литература и по некое кадифено мече, вчеравечер во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ беше промовирана новата сликовница „Девојче и мече“ од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е топла, сонувачка…