Ерина Богоева ја доби наградата „13 Ноември“ за монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963 ‒ 1990)“ во издание на „Арс Ламина“
На свечена церемонија во Национална опера и балет, вчеравечер (13 ноември) на фотографката Ерина Богоева ѝ беше врачена престижната награда „13 Ноември“ за монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963 ‒ 1990)“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“…













