Пет нови книги за сите љубители на мачки

Тие се мили, но палави, сакаат да се галат, но се независни, навидум незаинтересирани, но многу љубопитни, често мрзливи, но супербрзи. Ова веќе добро го знаат сите љубители на мачките, кои во својот дом се грижат за едно (или повеќе) вакво милениче. Мачките често се појавуваат како инспирација за разни уметнички дела, а многу често…

НОВО: Објавена првата книга од серијалот за Хари Потер од Џ. К. Роулинг во издание на „Арс Ламина“

Првата книга од серијалот за Хари Потер од Џ. К. Роулинг излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина -публикации“. „Хари Потер и Каменот на мудроста“, како една од лектирите за деветто одделение, е дел и од едицијата „Лесно читливи лектири“ на „Арс Ламина“. Еден обичен ден во домот на Дарслиеви, на…

Најпознатите дела од Шекспир адаптирани за деца во издание на „Арс Ламина“

  Најпознатите драми од легендарниот британски драмски автор и поет Вилијам Шекспир неодамна излегоа од печат адаптирани за најмладите читатели , во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во едицијата „Шекспир за деца“ на македонски јазик се вкучени осум книги: „Ноќ спроти водици“, „Крал Лир“, „Ричард Трети“, „Хамлет“, „Зимска приказна“, „Многу врева…

Топ 5 предлози од Мартин Јованоски што да читате за време на #СедиСиДома

Авторот на „Зошто јас?“, една од најпродаваните книги во издание на „Арс Ламина“, Мартин Јованоски, се придружува на акцијата за потикнување на читањето за време на изолацијата. Тој ни ја испрати својата топ 5 листа со наслови од „Литература.мк“, кои препорачува да се прочитаат за време на #СедиСиДома. 1. „Остани во чекор: десет антологиски кореографии“…

НАСКОРО: „Како да станам моден дизајнер?“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ во издание на „Арс Ламина“

Наскоро во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе излезе од печат книгата „Како да станам моден дизајнер?“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ. Станува збор за прва книга од ваков тип на македонски јазик, којашто им излегува во пресрет на фантазијата и на желбата на оние кои сериозно сакаат да се занимаваат со…

НАСКОРО: „Најстари приказни“ од Томислав Османли ‒ книга со митови во издание на „Арс Ламина“

Во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“, наскоро ќе биде објавена најновата книга на македонскиот раскажувач Томислав Османли, „Најстари приказни“. Станува збор за книга митови од архајскиот период на медитеранските култури, наративи дојдени до нас преку грчката култура и писменост или создадени во неа. Раскажувањето на најстарите приказни од мугрите на западната…

Moџо Килингтон онлајн го промовира својот роман „Денот кога не се разбудив“

Онлајн, преку својот профил на „Фејсбук“, младиот автор Божидар Божиновски, познат како Moџо Килингтон вчеравечер (21. март) го промовира својот прв роман „Денот кога не се разбудив“, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Промоцијата беше интерактивна, па покрај промотивниот дел авторот одговараше на прашањата од читателите. „Денот кога…

НОВА КНИГА: „Уметноста на едноставното живеење“ од Шунмио Масуно во издание на „Арс Либрис“

Преку јасни и практични лекции што се учат лесно – по една на ден во текот на сто дена – познатиот будистички свештеник Шунмио Масуно евоцира мудрост стара со векови за да ви покаже како да ја применувате суштината на зен-будизмот во модерното живеење. Станува збор за новата книга во издание на „Арс Либрис“, дел…

Ана Томова: Моите топ 5 предлози на книги од „Литература.мк“ за време на #СедиСиДома

  Една од највлијателните книжевни блогерки и администраторка на една од најголемите читачки групи на „Фејсбук“ – „Чувари на книгата“, Ана Томова, позната како Ана Том, не може да си го замисли секојдневието без книга. Овој период на изолација го поминува во својот дом читајќи книги, поттикнувајќи ги и инспирирајќи ги своите следбеници на социјалните…

Пoпуст од 30 % на сите изданија на „Арс Ламина“ за сите онлајн нарачки преку Literatura.mk

Во време кога поважно од сѐ е да останеме дома и да се грижиме за своето здравје и за здравјето на останатите, „Литераура.мк“ овозможи 30 % попуст на сите изданија од издавачката куќа „Арс Ламина“, кој ќе важи само за онлајн нарачките направени преку веб-страницата: http://www.literatura.mk, додека трае изолацијата. Поволностите се со цел да го…

Онлајн промоција на „Денот кога не се разбудив“ од Moџо Килингтон

На 21 март (сабота), со почеток во 20 часот, ќе се одржи онлајн промоција на романот „Денот кога не се разбудив“ од Божидар Божиновски, познат како Moџо Килингтон. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Авторот ќе се приклучи онлајн преку својот профил на „Фејсбук“. Промоцијата ќе биде интерактивна,…

НАСКОРО: Монолозите на Тошо Малерот во издание на „Арс Ламина“

Еден од најпрепознатливите хумуристични ТВ-ликови, Васко Тодоров, попознат како Тошо Малерот од популарната серија „К-15“, наскоро ќе ја објави својата прва книга „Монологија“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата ги содржи најпознатите монолози на Тошо Малерот снимени во рамки на „К-15“, но и скечеви, кои досега не…

„Арс Ламина“ донира книги за библиотеката во „СОС Детско село Македонија“

Издавачката куќа „Арс Ламина“ донира книги за библиотеката во „СОС Детско село Македонија“. Донацијата содржи изданија од „Либи“, дел од „Арс Ламина-публикации“: сликовници од серијалите „Пчеличката Маја“ и „Бајки од Македонија“, боенки, романи од едициите „Детски класици“ и „Шекспир за деца“, читанки и лектирни изданија од „Лесно читливи лектири“ за ученици од второ до деветто…

„Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова е „Роман на годината“ за 2019 година

Книгата „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова е прогласена за „Роман на годината“ за 2019 година. Николова е прва од досегашните лауреати која оваа награда ја добива по вторпат. Претходно наградата „Роман на годината“ ѝ беше доделена за романот „Куклите на Росица“ објавен во 2004 година. Во образложението на организаторот на изборот, Фондацијата за…

Книги од „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ за жените од здружението „БОРКА“

Во чест на Меѓународен ден на жената, 8 Март, „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“ им подарија книги на жените од здружението „БОРКА – За секој нов ден“. Со овој гест, издавачката куќа им оддава почит на овие борбени дами, кои со секојдневниот ангажман за поддршка на поедниците што се соочуваат со тешката болест, се голема…