Објавен третиот роман од серијалот „Црвена кралица“ од Викторија Авејард – „Кралски кафез“

Ова е свет поделен според бојата на крвта – на оние со црвена и на оние со сребрена крв. Црвените едвај сврзуваат крај со крај, додека со светот владеат Сребрените, воини со натчовечки моќи, способности да управуваат со огнот и со водата, да владеат со природата, да предвидуваат, да исцелуваат… Ова е воведот во еден…

Наградуваните книги за деца „Срцето и шишето“ и „Тука сме“ од Оливер Џеферс објавени на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“

Едни од најнаградуваните сликовници „Срцето и шишето“ и „Тука сме“ од илустраторот и автор Оливер Џеферс излегоа од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за две извонредни книги за деца, но и за возрасни, од артистот со ирско потекло, кој е роден во Австралија, но стационира е во…

Второ издание на „Зошто јас?“ од Мартин Јованоски

Неполни три месеци по официјалната промоција, објавено е второ издание на книгата „Зошто јас?“ (Мојата борба со анксиозноста, стравовите и со паничните напади) од Мартин Јованоски. Првиот тираж на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше распродаден брзо по промоцијата, која се одржа на 11 февруари во…

Со биографијата од Хенри С. Џилиет го одбележуваме роденденот на Леонардо да Винчи

На денешен ден (15 април) во 1452 година во Винчи, Италија, е роден легендарниот уметник Леонардо да Винчи. Со биографијата од Хенри С. Џилиет, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, го одбележуваме роденденот на Да Винчи, кој е отелотворение на поимот „ренесансен човек“. Надарен со љубопитност и остроумност, Да Винчи…

Зоран Михајлов: Книги со спорт, хумор и носталгија во периодот на изолација

Легендарниот спортски коментатор и автор на книгата „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“, Зоран Михајлов, својот немирен новинарски дух, во периодот на домашна изолација го скротува читајќи книги. Во неговиот избор покрај спортските книги, има наслови со доза на хумор и носталгија. Ова се неговите топ 5 предлози од „Литература.мк“ што да читате овој период.…

Второ издание на „Анаис од Монмартр“ со нова корица

Освежено со нова корица, неодамна од печат излезе второто издание на популарниот роман за млади „Анаис од Монмартр“ од Јана Мишо, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот во оригинална верзија е напишан на англиски јазик („Anais from Monmartre”), а на македонски е објавен во 2017 година. Важи…

Излезе од печат „Другиот Ајнштајн“ – роман за бурната љубов меѓу Алберт и Милева

Романот „Другиот Ајнштајн“ од Мари Бенедикт излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за извонредна биграфска фикција што пишува за бурната љубов меѓу Милева и Алберт. Книгата открива многу историски детали за нивната врска, но и за времето во кое живееле. Мица Мариќ секогаш била различна…

НОВО: Романот „Змејови од хартија“ од Мира Оташевиќ, објавен на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“

Романот посветен на културната парадигма на „Баухаус“, „Змејови од хартија“ од писателката Мира Оташевиќ деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за врвно книжевно остварување по повод стогодишнината од формирањето на влијателниот образовен центар на модерната уметност, „Баухаус“. Ова е прва книга на истакнатата српска…

НОВО: „Анонимна девојка“ од Грир Хендрикс и Сара Пеканен во издание на „Арс Либрис“

Во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ деновиве од печат излезе бестселерот „Анонимна девојка“ од Грир Хендрикс и Сара Пеканен. Се бараат млади жени на возраст од 18 до 32 години да учествуваат во студија за етика и морал. За учеството е ветена великодушна компензација, плус анонимноста е загарантирана. Кога Џесика…

Природно убави со Биодевојка во домашни услови

Љубителите на органската козметика почнувајќи од неделата (5 април) можат во живо да проследат онлајн совети за нега од блогерката за убавина Вики Андонова. Преку нејзиниот профил на „Инстаграм“ @biodevojkav, покрај туторијалите како се изработува природна козметика во домашни услови, ќе имаат можност да поставуваат прашања и да се вклучат во дискусија. Првото вклучување во…

Го одбележуваме Светскиот ден на книгите за деца

Со читање приказни, работилници, конкурси, награди за најдобри автори секоја година на 2 април се одбележува Светскиот ден на книгите за деца. Овој празник на литературата за најмладите се одбележува од 1967 година, а воспоставен е во чест на роденденот на славниот данскиот книжевник и еден од најголемите писател за деца Ханс Кристијан Андерсен (1805…

Објавена новата сликовница од Ване Костуранов, „Девојчето и градот“, во издание на „Арс Ламина“

  Новата книга за деца од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов, „Девојчето и градот“, излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за трета сликовница од Костуранов, по успешните и наградувани: „Ѕвездено дете“ и „Девојче и мече“. Во „Девојчето и градот“ се раскажува приказна за едно…

Книгата на годината според „Гудридс“ ‒ „Дејзи Џонс енд Д Сикс“, објавена на македонски јазик

Книгата на годината според најголема светска заедница на љубители на книгите „Гудридс“ (Goodreads), „Дејзи Џонс енд Д Сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Само неколку месеци по прогласувањето за една од трите најпопуларни книги, како и најдобрата во областа на историска фикција…

ВИДЕО: Вработените на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ ви читаат

Сѐ со цел да ги поттикнеме читањето и љубовта кон пишаниот збор кај најмладите, деновиве ја почнавме акцијата видеочитална, во чии рамки на нашиот канал на „Јутјуб“ објавуваме видеа во кои вработените на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ ги читаат омилените детски книги. „Облачињата кои не сакаа да плачат“, „Бајки од Македонија“, „Кучето што Нино го…

„Легенди“ од Густаво Адолфо Бекер (6 дел)

КРСТОТ НА ЃАВОЛОТ Ако сакаш, верувај, ако не, не ми е битно воопшто. Дедо ми му раскажал на татко ми; татко ми мене ми пренесе, и јас ќе ти раскажам сега, не само за да помине времето. I Самракот почнуваше да ги шири лесните испарувачки крилја врз питорескните брегови на Сегре, кога по едно уморно…