Промовирани „Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните“ и „За секоја буква приказна“

   Книгите за правоговор „Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните“ и „За секоја буква приказна“, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“, беа промовирани вчеравечер (11 јуни), онлајн, преку платформата „Зум“ (Zoom).   Станува збор за реиздание на „Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата…

Конкурсот за книжевната награда „ПЕГАЗ“ за најдобар необјавен роман за 2020 година отворен до 15 јуни

До 15 јуни ќе трае вториот конкурс за книжевната награда „ПЕГАЗ“ за најдобар необјавен роман за 2020 година, кој го распишаа издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. За наградата можат да конкурираат сите необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат…

НОВО: „Прашај ме повторно, ќе ти речам ’да‘“ ‒ приказна за долгогодишното пријателство и љубовта

Во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, излезе од печат бестселерот „Прашај ме повторно, ќе ти речам ’да‘“ од Мери Бет Кин. Приказната се движи околу Френсис Глисон и Брајан Стенхоуп, двајца полицајци-почетници во њујоршката полиција, живеат еден до друг во соседство надвор од градот. Она што се случува во двете…

Кои се ексклузивните изданија од Петре М. Андреевски, илустрирани од неговата внука Воскресија Андреевска

Романот „Тунел“, збирката раскази „Боемите“ и стихозбирката „Пофалби и поплаки“ (во една книга), „Бежанци“ и збирките песни „Јазли“ (во едно издание), „Лакримариј“, „Последните селани“, „Скакулци“ и „Дални наковални“ се дел од новата ексклузивна едиција со дела од Петре М. Андреевски, кои излегоа од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –публикации“. Наскоро…

ФОТО: Literatura.mk Superstore низ објективот на фотографката Ерина Богоева и објавите на блогерката Теона Манго

Блогерката Теона Манго и фотографката Ерина Богоева деновиве ја посетија новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“. Тие уживаа во пријатниот амбиент на Literatura.mk Superstore, избирајќи од богата понуда на книги за сите генерации на неколку јазици, програма за подароци, канцелариска и училишна опрема, играчки, а ја посетија и терасата на кафе-барот Cafe Literatura.…

Промовирана книгата „Најстари приказни“ од Томислав Османли

Новата книга „Најстари приказни: Митови од мугрите на западната цивилизација“ од Томислав Османли, што е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“, беше промовирана вчеравечер (2 јуни), онлајн, преку платформата „Зум“ (Zoom). Книгата, која е веќе достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на http://www.literatura.mk, содржи митови од архајскиот период на медитеранските култури,…

Почнува со работа Cafe Literatura: Најубавото кафе во најголемата книжарница во Македонија – Literatura.mk Superstore

  Во рамките на најголемата книжарница во Македонија – Literatura.mk Superstore, што беше отворена минатата недела во соработка со „Скопје сити мол“, денеска (29.05.2020) почнува со работа Cafe Literatura. Согласно прописите за работа на локали од ваков вид во затворени трговски центри, во кафе-барот се запазени протоколите за дезинфекција и безбедна дистанца, а посетителите засега…

Онлајн промоција на „Најстари приказни“ од Томислав Османли

На 2 јуни (вторник), со почеток во 19 часот, ќе се одржи онлајн промоција на новата книга „Нajстари приказни: Митови од мугрите на западната цивилизација “ на Томислав Османли. Промоцијата ќе се одвива на платформата „Зум“ (Zoom), а ќе може да се проследи на профилот на „Фејсбук“ на „Литература.мк“. Книгата што е во издание на…

Извадок од книгата „Хордубал“ од Карел Чапек (4 дел)

10 „Кажи им, Хафије, ќе се вратам дури вечер.“ Толку треба, парче леб со сланина и бргу в планина. Хордубал се чувствува слободен, па дури и се радува како дете, што ѝ избегало на мајка си. Стои над селото, небаре којзнае колку се сменило. Што е? Не беа овде нивите Хордубалови? Е, беа – полни…

Ќе се снима документарец за бестселерот „Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон

Интернационалниот бестселер „Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон, кој на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде во фокусот на нов документарен филм. Адаптацијата ќе ја направат компанијата „Џи-еф-си филмс“ од Нов Зеланд и „Јуниверзал контент груп“ од Велика Британија. Документарецот ќе ја истражува опсесијата…

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија, отворена е Literatura.mk Superstore во „Скопје сити мол“

Со концерт на ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ТРИО, кој можеше да се проследи онлајн преку социјалните мрежи, вчеравечер (20.05.2020) свечено беше отворена новата суперпродавница на „Литература.мк“ – Literatura.mk Superstore, во соработка со „Скопје сити мол“. Станува збор за најголемата книжарница во Македонија, со површина од 500 м², која има богата понуда на книги за сите генерации на…

Холивудските ѕвезди ја читаат книгата „Џејмс и џиновската праска“ од Роалд Дал

Режисерот Тајка Вајтити ја предводи листата на холивудски ѕвезди кои во хуманитарни цели ќе читаат делови од книгата за деца „Џејмс и џиновската праска“ од Роалд Дал. Ликовите од делото на омилениот британски автор за деца ги интерпретираат: Мерил Стрип, Кејт Бланшет, Бенедикт Камбербач, Рајан Рејнолдс, Лијам Хемсворт, Лупита Нијонго и други. Акцијата се организира…

„Арс Ламина“ објави ексклузивни изданија од Петре М. Андреевски, илустрирани од неговата внука Воскресија Андреевска

  Ексклузивни изданија на делата на Петре М. Андреевски, илустрирани од неговата внука Воскресија Андреевска, излегоа од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –публикации“. Во рамки на едицијата „Македонски книжевни класици“ се 10 книги со прозни и поетски дела на великанот на македонската книжевност, со цртежи кои за оваа прилика специјално…

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“ – Literatura.mk Superstore

Во чест на отворањето на Literatura.mk Superstore, вo среда (20.05), со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ТРИО, што ќе може да се проследи онлајн, преку фејсбук-профилот и јутјуб-каналот на „Литература.мк“. Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која е со површина од 500 м², свечено ќе биде…

„Арс Ламина“ и Фондацијата „Славко Јаневски“ го распишуваат конкурсот за книжевната награда „ПЕГАЗ“ за најдобар необјавен роман за 2020 година

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишуваат вториот конкурс за книжевната награда „ПЕГАЗ“ за најдобар необјавен роман за 2020 година. За наградата можат да конкурираат сите необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата,…