Два романа од мајсторот за трилери Харлан Кобен наскоро на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“

Два романа од еден од најпознатите автори на трилери, Харлан Кобен, наскоро ќе бидат објавени на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“. Станува збор за новите книги „Момчето од шумата“ и „Бегај“. На делата на овој американски автор воедно се базирани и неколку хит ТВ-серии меѓу кои последните…

Почнува конкурсот за текстови што ќе бидат дел од проектот „Современи бајки од Македонија“

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“ го објави конкурсот за новосоздадени бајки за проектот „Современи бајки од Македонија“. На конкурсот кој е објавен денеска и ќе трае до 17 август 2020 година, можат да конкурираат сите автори кои сакаат својата креативност да ја изразат…

Александар Русјаков: „Курвински хроники“ е роман за искрените луѓе кои живеат во време без дух

Минатата година реномираниот писател Александар Русјаков го пријави својот роман „Курвински хроники“ на конкурсот „Пегаз“ организиран од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, и доби позитивни критики од жири-комисијата. Сега, ова дело го гледа и светлото на денот и на 2 јули (четврток) во 19 часот…

На роденден кај Петре М. Андреевски во Слоештица

По повод 25 јуни, роденденот на големиот македонски зборотворец, Петре М. Андреевски, го посетивме неговото родно место, селото Слоештица во Демир Хисар. Таму нè пречекаа неговиот син, уметникот Сергеј Андреевски со семејството. Благодарение на нивната посветеност, уште при влезот во селото, обележани се сите важни точки поврзани со писателот Андреевски. На влезот наидовме на дрвена…

Пристигна 61 ракопис на конкурсот за најдобар необјавен роман ‒ „ПЕГАЗ 2020“

Вториот конкурс за книжевната награда за најдобар необјавен роман на годината – „ПЕГАЗ“, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, предизвика голем интерес кај авторите. Од 15 мај до крајниот рок, 15 јуни 2020 година, на е-поштата на „ПЕГАЗ“ пристигна 61 ракопис. Во следниот период…

НОВО: „Разделба“ од Силвија Араси во издание на „Арс Либрис“

Романот „Разделба“ од Силвија Араси излезе од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел до „Арс Ламина – публикации“. Отсуство. Што да се прави со тој празен простор, со таа тишина што обзема сè? Како да се издржат бесконечните секунди во кратките секојдневија, кога некој веќе не е присутен каде што секогаш…

Почина шпанскиот писател Карлос Руиз Зафон

По долго и тешко боледување, денеска (19.06.2020) почина славниот шпански писател Карлос Руиз Зафон. Авторот на популарниот роман „Сенка на ветерот“, почина во својот дом во Лос Анџелес, на 55-годишна возраст, губејќи ја битката со ракот на дебелото црево. Автор е на бројни бестселри, меѓу кои се: „Играта на Ангелот“,„Затвореник на небото“, „Полноќна палата“, „Принцот…

„Читањето е супермоќ“ – кампања на „Арс Ламина“ за поттикнување на читачките навики кај децата

Под мотото „Читањето е супермоќ“, издавачката куќа „Арс Ламина“ втора година по ред ја организира кампањата за поттикнување на читачките навики кај децата. Идејата на акцијата е подигнување на читачката култура кај најмладите, затоа што дете што чита е возрасен што размислува. Онлајн кампањата на „Арс Ламина“ има за цел да ја поттикне љубовта кон…

Промовирана книгата за деца „Будимир и ретките животни“ од српскиот автор Зоран Пеневски

Книгата за деца „Будимир и ретките животни“ од српскиот автор Зоран Пеневски, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ беше промовирана вчеравечер (18 јуни), онлајн, преку платформата „Зум“ (Zoom). Пеневски, кој е уредник на изданијата за деца во етаблираната српска издавачка куќа „Лагуна“, напишал духовита приказна што нè потсетува на…

Препорака за читање: Детскиот класик „Тајната градина“ од Франсес Хоџсон Барнет

Еден од најубавите книжевни класици за деца, „Тајната градина“ од британската авторка Франсес Хоџсон Барнет неодамна излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Тоа е една од книгите, кои секое дете треба да ги прочита. Приказната, која е сместена на почетокот на 20 век, се движи околу десетгодишната Мери…

Поетската награда „Книжевен жезол“ за Михаил Ренџов и Мирослав Биелик

Реномираната поетска награда „Книжевен жезол“, што ја доделува Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) на еден домашен и на еден странски автор, годинава им се доделува на македонскиот поет Михаил Ренџов и на Мирослав Биелик од Република Словачка. Чествувањето на поетското творештво на овие писатели ќе се изрази преку објавување заедничка збирка поезија во рамки…

НОВО: „Што направи?!“ од Клер Мекгован ‒ нов возбудлив трилер во издание на „Арс Либрис“

Уште еден нов возбудлив бестселер во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“. Трилерот „Што направи?!“ од ирската авторка Клер Мекгован е неизвесна приказна за довербата. Требаше да биде совршено повторно обединување: шест пријатели од средно заедно по дваесет години. Домаќинката Али има живот каков што посакувала отсекогаш, кариера со која може…

Зоран Пеневски: Моите дела се за љубопитните луѓе, кои знаат да се соживеат со приказните

Будимир благодарение на нотесот на неговиот татко, собира шест ретки животни, а секое од нив е последниот примерок од својот вид. Но, како да се живее со една зајадлива птица и со другите палави суштества покрај секојдневните обврски? Авантурата почнува кога сите ќе тргнат во посета на Домот за стари лица… Сите љубопитни деца, но…

НОВО: „Мала книга за Мерилин“ од Мишел Морган: Нека блесне твојата внатрешна Мерилин!

Книгата инспирирана од славната холивудска актера, „Мала книга за Мерилин“ од Мишел Морган излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“. Станува збор за водич за живот и оддавање почит на стилот, гламурот и моќта да забавува на најголемата холивудска икона. Ова издание нуди инспиративни лекции од Монро за…

Онлајн промоција на „Будимир и ретките животни“ од Зоран Пеневски

На 18 јуни (четврток), во 19 часот, ќе се одржи онлајн промоција на книгата за деца „Будимир и ретките животни“ од српскиот автор Зоран Пеневски, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Промоцијата ќе се одвива на платформата „Зум“ (Zoom), а ќе може да се проследи на „Фејсбук“ преку профилот…