„Арс Ламина“ со попусти до 50 отсто на предновогодишниот саем на книга во „Скопје сити мол“

Голем број бестселери, дела од домашни автори како и детски изданија од издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе може да најдат на попуст до 50 отсто на предновогодишниот саем на книга што ќе се одржува од утре (вторник, 1 декември) до 6 декември во трговскиот центар „Скопје сити мол“. На почетокот од празничната сезона, вљубениците во…

Онлајн промоција на романот „Боксерот од Ново маало“ од Владимир Плавевски

Романот „Боксерот од Ново маало“ на Владимир Плавевски, во кој се раскажува уникатна приказна за боксерот Шуре Катиљ од старото Скопје, ќе биде онлајн промовиран на 2 декември (среда) во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Делото е издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина публикации“, а воедно е достапно во книжарниците „Литература.мк“, и…

Радмила Костова-Мила: Со „Биди среќна ѕвездичка“ ги учам децата да бидат храбри и да се почитуваат

− Мислам дека секој од нас е роден под среќна ѕвездичка и е дел од еден голем синџир во кој имаме свое важно место. Мојата најголема цел со оваа книга ми беше децата да научат дека секое од нив е посебно и притоа да се почитуваат меѓусебно, иако се различни. Можеби некое дете е добро…

„Најстар стил на македонското народно пеење“ не е книга само за етномузиколозите туку и за сите љубители на нашиот фолклор

Универзитетскиот професор и етномузиколог Ѓорѓи Ѓорѓиев пред многу децении се фасцинирал од извикот, како дел од македонската музичка традиција, кога слушнал група од жени во селото Блаце кои сосема случајно изведувале каначки песни со кои ги повикувале луѓето на свадба. Љубопитен околу генезата, која тогаш не била доволно истражена, тој минал долг период работејќи за…

Онлајн промоција на „Биди среќна ѕвездичка“ од Радмила Костова-Мила

Илустрираната книга „Биди среќна ѕвездичка“ на писателката Радмила Костова-Мила е составена од 11 кратки поучни приказни за деца, а ова издание ќе биде промовирано онлајн на 27 ноември (петок) во 18.30 часот на фејсбук-страницата „Литература.мк“. Делото е објавено од „Либи“, импринт на „Арс Ламина – публикации“ и може да се најде во книжарниците „Литература.мк“ или…

Онлајн промоција на книгата „Најстар стил на македонското народно пеење“ од основоположникот на катедрата за етномузикологија Ѓорѓи Ѓорѓиев

Книгата „Најстар стил на македонското народно пеење“ на универзитетскиот професор и етномузиколог Ѓорѓи Ѓорѓиев ќе биде промовирана онлајн на 25 ноември (среда) во 19 часот на фејсбук-страницата „Литература.мк“. Книгата ја објави издавачката куќа „Арс Ламина“ и ќе може да се најде во книжарниците „Литература.мк“ или да се нарача преку веб-страницата http://www.literatura.mk. Модератор на онлајн промоцијата…

За „Црниот петок“, цела недела попусти до 70 отсто во книжарниците „Литература.мк“

„Црниот петок“ е ден кој е познат по специјалните понуди и намалувања на цените, а оваа година во сите книжарници „Литература.мк“ ќе трае цела недела почнувајќи од 23 ноември (понеделник) па сè до 29 ноември. Голем број бестселери, книги и сликовници за деца како и производи од реномирани брендови ќе може да се купат на…

Читателите наградија изданија од „Арс Ламина“ на изборот „Книга на годината“

Издавачката куќа „Арс Ламина“ беше дел од првиот натпревар „Книга на годината“ во земјава, што се одвиваше онлајн на веб-страницата http://www.kniganagodinata.com.mk, каде што читателите имаа можност да гласаат, а воедно доби признанија во неколку категории. „Сакај ја диво“ од познатиот инстаграм-поет Атикус освои најмногу гласови и беше прогласена за најдобра на листата за „поезија“. Книгата…

За светските медиуми е новиот Стивен Хокинг, а Карло Ровели во „Редоследот на времето“ ни ја доближува најголемата мистерија

Никој не пишува за космосот како Ровели, а неговата нова приказна за времето е елегантна и луцидно раскажана без разлика дали се зборува за факти или авторот се впушта во романтични филозофски шпекулации за природата на времето. Вака светски реномираниот весник „Вашингтон пост“ ја оцени книгата „Редоследот на времето“ од италијанскиот физичар и писател Карло…

Романот „Очи на темнината“ кој ги стресе социјалните мрежи со споменување на вирусот Вухан-400, достапен во книжарниците „Литература.мк“

Романот „Очи на темнината“ на Дин Кунц е објавен во 1981 година, но годинава предизвика вистинска бура на социјалните мрежи откако читатели од цел свет објавија делови од книгата кои се чинат дури и предвидувачки. Секако, станува збор за комплетна фиктивна приказна, но е интересна коинциденција што во делото се споменува вирусот наречен Вухан-400. Овој…

Новиот филм „Вештерки“ со Ен Хатавеј е базиран на култен роман од Роалд Дал кој е достапен и на македонски јазик

Филмот „Вештерки“ на реномираниот американски режисер Роберт Земекис е базиран на романот за деца со истиот наслов на авторот Роалд Дал и во моментов е едно од најзборуваните остварувања кај филмската публика од целиот свет. Главните улоги ги толкуваат холивудските ѕвезди Ен Хатавеј, Оливија Спенсер и Стенли Тучи, а оваа авантура веќе е достапна да…

Изданија од „Арс Ламина“ се дел од изборот „Книга на годината“ во Македонија

Издавачката куќа „Арс Ламина“ е дел од натпреварот „Книга на годината“ во земјава, кој се одвива онлајн на веб-страницата http://www.kniganagodinata.com.mk и каде што сите читатели можат да го дадат својот глас за омилените изданија. Селекцијата се базира на 9 жанровски категории каде што се номинирани по 15 до 20 изданија, а сите заинтересирани можат да…

Александра Тодоровиќ: Интерактивната книга „Мистериозниот град под калето“ е авантура низ спомениците во Скопје од османлискиот период

Секој човек треба да ја познава историјата на својата земја и на својата нација. Има и една убава народна мудрост која вели: „Ако не знаеш од каде доаѓаш, не може да знаеш ни каде одиш“, истакна писателката Александра Тодоровиќ сумирајќи ја идејата зад нејзиното ново дело „Мистериозниот град под калето“ на вчерашната онлајн промоцијата која…

Ермис Лафазановски: Од она што Марко Цепенков го посеал пред сто години, ние сė уште црпиме

Поговор на книгата „Од згода до згода, заграб бистра вода“ од Васил Мукаетов Еве една прекрасна можност, оваа година, кога се одбележува стогодишнината од смртта на нашиот најплоден собирач на народни умотворби Марко Цепенков, да се потсетиме на неговите умнозборки, пословици и поговорки, но на еден необичен, инвентивен и, пред сè, поучен начин. „Што ќе…

Онлајн промоцијата на „Мистериозниот град под калето“ поместена за 13 ноември, Денот на ослободување на Скопје

Поради технички проблеми, онлајн промоцијата на интерактивната книга за деца „Мистериозниот град под калето“ која требаше да се одржи вчера (четврток, 12 ноември) е презакажана за денес (петок, 13 ноември). Токму на Денот на ослободување на Скопје во 18 часот на фејсбук-страницата „Литература.мк“, гледачите ќе може да дознаат нешто повеќе за новата книга на авторката…