Потпишување на Влада Урошевиќ, попусти до 70 отсто и работилници за деца на штандот на „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2023

Под слоганот „Следи ја приказната“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе се претстави на 35. Меѓународен саем на книгата, кој ќе се одржи од четврти до десетти мај, во СЦ „Борис Трајковски“, Скопје. На штандот на „Арс Ламина“ за време на саемот ќе има попусти до 70 отсто, многу саемски новитети, промотивни настани и работилници за…

Сибо: „Зелениот дворец“ е роман за Скопје што веќе го нема и за Скопје што го познаваме

Една од највпечатливите градби во Скопје, зелената куќа-дворец во населбата Црниче, околу која со години се плетеа мистерии и легенди, е главната инспирација за приказната во новата книга „Зелениот дворец“ од авторот Сибо. Романот, кој е добитник на наградата „Пегаз“ за 2022 година, беше промовиран вчеравечер (26 април) во Галеријата на Младинскиот културен центар во…

Книгите ни се многу потребни, особено денес, кога вредностите се изменети

Светот на книгите е светот на бескрајните можности. Светот на книгите, заедно со светот на уметностите, е непроценливата смисла на човековото постоење. Да се чита книга значи да се открива нов свет. Книги имало и ќе има секогаш, сè додека постои човековата потреба за знаење, за раскажување и за читање на сè што е напишано,…

Романот „И љубовта“ од словенечкиот писател Драго Јанчар – добитник на наградата „Латисана“ во Италија

Словенечкиот писател Драго Јанчар ја доби триесеттата меѓународна книжевна награда „Латисана за североисток“ (Latisana per il Nord-Est) за својот роман „И љубовта“ (2017), на свеченост што се одржа на 15 април во театарот „Одеон“ во Латисана, Италија. Наградата „Латисана“ е востановена во 1994 година и се доделува на писатели кои се родени или живеат во…

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2022 година и промоција на победничкиот роман „Зелениот дворец“ од Сибо

Свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2022 година и промоцијата на победничкиот роман – „Зелениот дворец“ од авторот Сибо, ќе се одржат на 26 април (среда), со почеток во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје.На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обратат членовите на жирито во состав: Владимир…

„Литература.мк“ и „Ист гејт мол“ донираа едукативни играчки во „СОС Детско село“

Книжарниците „Литература.мк“ и „Ист гејт мол“ донираа едукативни играчки во „СОС Детско село“. Донацијата е со цел да го разубави и да го развесели празничниот период, кога се слават големите верски празници: Велигден и Рамазан Бајрам. Секое дете заслужува да ја почувствува топлината, грижата, надежта и радоста што ги носат овие празници. Донацијата содржи над…

Први април во „Кафе Литература“: Маскирај се како омилениот лик од книгите

Омилените ликови од најпознатите книги за деца, со помош на детската фантазија и креативност, ќе продефилираат на Литературниот маскенбал што ќе се одржи оваа сабота (први април) од 11 до 12 часот во „Кафе Литература“ во „Ист гејт мол“. Хари Потер, Хермиона Грејнџер, Исидора Мун, Мирабела, Кити, Шерлок Холмс, Тото мачката-нинџа, Матилда, Алиса, Мери Попинс,…

„Арс Ламина“ ја објави автобиографијата на принцот Хари – „Резерва“

Една од најочекуваните книги оваа година, автобиографијата на принцот Хари, „Резерва“, излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Мемоарите на војводата од Сасекс за кратко време по објавувањето на почетокот на оваа година станаа еден од најбараните наслови. Според Гинисовата книга на рекорди, „Резерва“, на…

Влада Урошевиќ е годинашен добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата

Писателот академик Влада Урошевиќ е годинашен добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП). Лауреатот го соопшти професорката Елизабета Шелева, претседателка на Управниот одбор на поетскиот фестивал денеска на прес-конференција во Националната универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Во исто време, во Париз, во седиштето на УНЕСКО, за признанието се заблагодари…

Почина познатата хрватска и европска писателка Дубравка Угрешиќ

Познатата хрватска и европска писателка Дубравка Угрешиќ почина денеска (17 март 2023 г.), во 73 година од животот,  во Амстердам, јавуваат хрватските медиуми. Угрешиќ, која е родена на 27 март 1949 година, се етаблираше како една од најистакнатите европски книжевнички и есеистки. Од нејзините рани постмодернистички дела, преку елегичното соочување со распаѓањето на нејзината југословенска…

Новиот роман на Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Ламина“, e добитник на наградата Роман на годината

Новиот роман на Влада Урошевиќ, „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, е добитник на наградата Роман на годината за 2022. Станува збор за седмиот роман на академик Урошевиќ, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Победникот на престижната…

„Резерва“ – мемоарите на принцот Хари наскоро во издание на „Арс Ламина“

Една од најочекуваните книги оваа година, мемоарите на принцот Хари, „Резерва“, наскоро ќе биде објавена на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Автобиографијата на војводата од Сасекс за кратко време по објавувањето на почетокот на оваа година стана еден од најбараните наслови. Според Гинисовата книга на рекорди, „Резерва“,…

Промоција на „Недопрени бисери“ во библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје

Збирката раскази „Недопрени бисери“ од Ленче Милошевска, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирана утре (14 март, вторник), во 12 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. На настанот, кој ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“, кон делото ќе се осврне писателката Марина…

„Литература.мк“ – најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards 2022

Онлајн-страницата на „Литература.мк“ e прогласена за најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards 2022. На свеченоста, која се одржа вчеравечер (9 март), во „Даблтри Хилтон“ (DoubleTree by Hilton Skopje), беа наградени најдобрите во македонската е-трговија за 2022 година. Онлајн-книжарницата http://www.literatura.mk беше номинирана и во категоријата Е-трговец со најдобра достава за онлајн-нарачки. На…

Новиот роман на Влада Урошевиќ меѓу четирите финалисти за Роман на годината

Новиот роман на Влада Урошевиќ „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ влезе меѓу четирите финалисти за наградата Роман на годината. Станува збор за седмиот роман на академик Урошевиќ, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во најтесниот избор…