Одбележуваме 86 години од раѓањето на Живко Чинго со реобјавените „Пасквелија и Нова Пасквелија“ и „Големата вода“

На денешен ден (13 август) во 1935 година во селото Велгошти, Охридско, е роден еден од доајените на македонската литература – Живко Чинго. Со реобјавените класици „Пасквелија и Нова Пасквелија“ и „Големата вода“ одбележуваме 86 години од раѓањето на овој истакнат македонски раскажувач, романописец и драмски писател. Книгите што неодамна излегоа од печат во ново…

Детективскиот серијал „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од Ненси Спрингер наскоро во издание на „Арс Ламина“

За сите љубители на детективските романи и на Шерлок Холмс, наскоро од печат ќе излезе новиот серијал „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од авторката Ненси Спрингер, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. На полиците на книжарниците „Литература.мк“ набрзо на македонски јазик ќе се најдат првите две книги од серијалот: „Исчезнатиот маркиз“…

Попусти до 75 отсто во „Литература.мк“ на Garage Sale во „Рамстор мол“

Голем број бестселери и книги за деца ќе можат да се набават со попусти до 75 отсто, од 12 до 18 август, во книжарницата „Литература.мк“ во „Рамстор мол“. Попустите се во рамките на акцијата „Гараж сејл“ (Garage Sale), што традиционално ја организира трговскиот центар „Рамстор мол“ во Скопје. Во оваа сезонска распродажба има специјална понуда…

Наскоро: „Умствени вежби, гениј“ – нов серијал со логички игри во издание на „Либи“

Која е првата асоцијација кога ќе се споменат Шерлок Холмс, Леонардо да Винчи и Алберт Ајнштајн? Тие се генијалци! Да, тие се едни од најгенијалните умови: Холмс е најгенијалниот детектив меѓу фиктивните книжевни ликови, Да Винчи е најгенијалниот креативец меѓу уметниците, а Ајнштајн – еден од најгенијалните научни умови. Што значи да размислувате како нив?…

„Арс Ламина“ со поддршка за младите шахисти на „Ласкер“ во Охрид

Сѐ со цел промовирање на шаховската игра и поттик на младите шахисти, издавачката куќа „Арс Ламина“ традиционално ги поддржува настаните во организација на шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид. Најновата соработка е во рамките на акцијата за рекреативно играње шах на членовите на ШК „Ласкер“ со случајните минувачи и туристи кои престојуваат во Охрид. „Арс Ламина“…

„Девојче и мече“ и „Девојчето и градот“ од Ване Костуранов наскоро ќе бидат објавени на турски јазик

Сликовниците „Девојче и мече“ и „Девојчето и градот“ од Ване Костуранов наскоро ќе бидат објавени во Турција. Книгите што првично беа отпечатени на македонски јазик, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе добијат и верзија на турски јазик. Тие ќе бидат застапувани од турската агенција за копирајт и превод „Акдем“ (Akdem),…

„Ветената земја“ од Барак Обама наскоро на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“

Новата автобиографска книга на поранешниот претседател на САД Барак Обама, „Ветената земја“, наскоро ќе биде објавена на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Обама, кој денеска (четврти август) го слави својот 60-ти роденден, во возбудливиот и со нетрпение очекуван прв дел од неговите претседателски мемоари ја раскажува приказната…

„Тито и Дино“ е првата македонска сликовница целосно изработена со кирилски фонт за дислексија

Илустрираната книга за деца „Тито и Дино“, која неодамна излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е првата македонска сликовница целосно изработена со специјален фонт за дислексија. Во делото од авторката Ј. Мишо, што е збогатено со илустрации на Оливер Коларевски, е користен кирилскиот фонт DyslexicFZF, кој е специјално…

Ќе се снима серија по романот „Мојата прекрасна сопруга“ од Саманта Даунинг

Студиото „Амазон“ во соработка со компанијата „Блосом филмс“ на Никол Кидман ќе сними серија по романот „Мојата прекрасна сопруга“ од Саманта Даунинг. Станува збор за мини ТВ-серија, која ќе го носи истиот наслов како и книгата. Лимитираната серија ќе биде емитувана на стриминг-сервисот на „Амазон“. Сè уште не е познато дали во неа ќе игра…

„Пандемија! 2“ од Славој Жижек е хроника за едно изгубено време

По успехот на „Пандемија!“, во која се осврна како вирусот Ковид-19 го тресе светот, познатиот словенечки филозоф и автор Славој Жижек го објавува второто продолжение на книгата посветена на општеството за време на актуелната пандемија. „Пандемија! 2“, која е хроника за едно изгубено време, деновиве излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс…

Едукативна тура низ Скопје инспирирана од „Мистериозниот град под калето“

По повод 58 години од катастрофалниот скопски земјотрес, на 26 јули (понеделник), со почеток во 9 часот, ќе се одржи едукативната тура наречена „Скопска авантура“. Настанот, наменет за деца и младинци, е инспириран од интерактивната книга за деца „Мистериозниот град под калето“ од авторката Александра Тодоровиќ, со илустрации од Марко Јанев, која е во издание…

„Арс Ламина“ ги опреми со книги домовите во хуманитарната акција „Проект куќа“

Куќа без книги е како соба без прозорци. Секој дом е комплетен кога има книжевно катче, кое внесува посебна топлина, ведрина и надеж. Секое дете треба да живее безгрижно, со пристап до соодветна литература и едукативни изданија. Имајќи ја предвид важноста секое дете да расте опкружено со книги, издавачката куќа „Арс Ламина“ се вклучи во…

Ноам Чомски во книгата „Реквием за американскиот сон“ пишува за пропаѓањето на средната класа

Една од поновите книги на американскиот лингвист и остар критичар на современото општество Ноам Чомски, „Реквием за американскиот сон“, деновиве излезе од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во оваа книга, Чомски зборува за неолиберализмот, анализирајќи ја концентрацијата на богатство и моќ во САД во последните…

Ексклузивните изданија на „Пустина“ и „Арамиско гнездо“ од Ѓорѓи Абаџиев достапни во продажните места на „Слободен печат“

Ексклузивните изданија на класичните романи „Пустина“ и „Арамиско гнездо“ од писателот Ѓорѓи Абаџиев, кои неодамна излегоа од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, веќе можат да се најдат во сите продажни места на „Слободен печат“. Двата романа се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, чијашто цел е реобјавување на…

Душко Трифуновски: „Слана / Јазол“ е трагикомична приказна за современото семејство

Во присуство на своите верни читатели, љубители на пишаниот збор и пријатели, младиот автор Душко Трифуновски, вчеравечер (15 јули), во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, ја промовира својата книга со двете драмски дела „Слана / Јазол“. Во книгата, која е во издание на „Попули“, по првпат на едно место можат да се прочитаат двете драми…