Новите книги „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“ го комплетираат серијалот „Безнадежно“ од Колин Хувер

Две нови книги, „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“, од најпродаваната авторка на „Њујорк тајмс“ ‒ Колин Хувер, деновиве излегоа од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за трет и четврти дел од серијалот „Безнадежно“ на Хувер, во кој досега се објавени романите „Безнадежно“ и „Изгубена надеж“, двете во…

НОВО: „Грофот Магнус и други приказни за духови“ од М. Р. Џејмс

Дали сакате страшни приказни за духови? Подготвени ли сте за хорор што ја смрзнува крвта? Новата книга во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, „Грофот Магнус и други приказни за духови“ од М. Р. Џејмс е токму таква, неизвесна и страшна, но доволно интересна за да не се откажете при првото…

„Жената со црвена коса“ од Орхан Памук e комплексен роман во кој се испреплетуваат политиката и психологијата

По „Истанбул: Сеќавањата и градот“, „Белата тврдина“ и „Нов живот“, од најпознатиот современ турски писател Орхан Памук, деновиве од печат излезе романот „Жената со црвена коса“ во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 2006 година. Неговите…

„Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков – добитник на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2021 година

Ракописот со наслов „Хотел меѓу две војни“ од авторот Александар Русјаков е победник на третото издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2021 година. На годинашниот конкурс за наградата за најдобар необјавен роман на годината – „Пегаз“, што ја организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата „Славко Јаневски“, се пријавија и учествуваа…

Магичниот свет на илустрациите на Ване Костуранов во фокусот на фестивалот „Внимавај, книга!“ во Загреб

Богатиот, неверојатно магичен и крајно суптилен свет на илустрации од исклучителниот македонски автор Ване Костуранов, ќе биде претставен во рамките на Фестивалот на книгата и книжевноста „Внимавај, книга!“ (Pazi, knjiga!), што од 25 до 29 октомври ќе се одржи на неколку локации во Загреб. Во рамките на ова прво, сеопфатно претставување на Костуранов пред хрватската…

Пет нови книги од серијалот за џентлменот крадец Арсен Лупен во издание на „Арс Ламина“

Пет нови книги на англиски јазик од серијалот за легендарниот џентлмен крадец Арсен Лупен од францускиот писател Морис Леблан деновиве излегоа од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за романите: „Arsène Lupin: The secret of Sarek“, „Arsène Lupin: The eight strokes of the clock“, „Arsène Lupin: The…

Романот за деца „Црната птица“ од Александра Јовановиќ се најде на престижната книжевна листа The White Ravens

Наградуваниот роман за деца „Црната птица“ од српската авторка Александра Јовановиќ, кој на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се најде на престижната книжевна листа „Вајт рејвенс“ (The White Ravens) за 2021 година. Станува збор за листа со 200 книги за деца и млади од автори од целиот…

Ненад Алексовски: „Сантос блуз“ е книжевно патување низ моите сеќавања

Личните доживувања од патувањата низ светот, музиката, несекојдневните настани и дружби, како и емотивните пресврти во животот на музичарот и театарџија Ненад Алексовски биле инспирација за неговиот прв книжевен наслов „Сантос блуз“. Книгата, која e во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше претставена вчеравечер (7 октомври), со онлајн-промоција. Разговорот со…

Реобјавувањето на „Пасквелија и Нова Пасквелија“ и „Големата вода“ од Живко Чинго претставува навраќање кон нашите извори

Во рамките на проектот на издавачката куќа „Арс Ламина“ за реактуализирање на најзначајните дела од нашата книжевност, неодамна од печат излегоа класиците „Пасквелија и Нова Пасквелија“ и „Големата вода“ од Живко Чинго. Реобјавените книги се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, во издание на „Арс Либрис“, односно „Арс Ламина – публикации“ и се со нов,…

„Сантос блуз“ од Ненад Алексовски е книжевен портрет на модерниот номадизам

Новиот роман „Сантос блуз“ од Ненад Алексовски ќе биде промовиран онлајн, на 7 октомври (четврток), со почеток во 19 часот. Онлајн-разговорот со авторот ќе го води уредничката на изданието Оливера Ќорвезироска, а ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. „Сантос блуз“, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од…

Со книгата „Од компетентност до комплетност“ од Киро Јорданов го одбележуваме Светскиот ден на наставниците

На 5 октомври, во интернационални рамки се прославува Светскиот ден на наставниците, познат и како Меѓународен ден на наставниците. Го одбележуваме Светскиот ден на наставниците со стручната образовна книга „Од компетентност до комплетност: водич за преживување за наставници“ од Kиро Јорданов, која неодамна излезе од печат во издание на „Арс Ламина“. Дека станува збор за…

„Карши“ од Маријана Котевска-Георгиева е стихозбирка за бескрајот на прапочетокот и на иднината кои дишат истовремено

Во автентичниот амбиент на Капан ан, со мултимедијален настан што вклучуваше изложба, поетско читање, видеопроекции и музички настап, вчеравечер (3 октомври) беше промовирана новата збирка песни „Карши“ од Маријана Котевска-Георгиева. Книгата, која е објавена на македонски и на англиски јазик, е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Англиската верзија на…

„Градината на олеандрите“ од Роза Вентрела е семејна сага за судбините на четири храбри и уникатни жени

Од авторката на бестселерот „Приказна за едно семејство“, Роза Вентрела, деновиве од печат излезе македонското издание на „Градината на олеандрите“. Станува збор за уште една семејна сага што обработува теми врзани со чувствата и грижите на жените. Авторката Вентрела воедно е и историчар и новинар, а нејзините дела ја обработуваат состојбата на жените низ историјата.…

Мултимедијална промоција на збирката песни „Карши“ од Маријана Котевска-Георгиева

Со мултимедијален настан, на 3 октомври (недела), со почеток во 19 часот, во Капан ан, ќе биде промовирана збирката песни „Карши“ од авторката Маријана Котевска-Георгиева. Книгата, која е објавена на македонски и на англиски јазик, е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Англиската верзија на стихозбирката, со наслов Across from…

Која холивудска филмска дива била инспирација за бестселерот „Седумте мажи на Евелин Хуго“?

Има нешто неодоливо во приказната за Евелин Хуго. Звучи гламурозно, мистично, скандалозно, романтично, недостижно, а сепак… познато. Како реалноста да оставила отпечатоци во фикцијата. Од авторката на бестселерот „Дејзи Џонс енд Д сикс“, Тејлор Џенкинс Рејд неодамна од печат излезе романот „Седумте мажи на Евелин Хуго“. Двете книги се во издание на „Арс Либрис“, дел…