„Бело се пере на деведесет“ од Броња Жакељ е роман за растењето и за соочувањето со загубите

Наградуваниот роман „Бело се пере на деведесет“ од словенечката авторка и новинарка Броња Жакељ излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата е дел од едицијата „Литера модерна“. „Бело се пере на деведесет“ е шокантен, духовит и инспиративен роман, што ја бележи животната приказна на…

Музичко „читање“ на стиховите од сликовницата „Ши, ѕифри, копчи“ од Владимир Лукаш со илустрации на Наталија Лукомска

Сликовницата „Ши, ѕифри, копчи“ од авторот Владимир Лукаш, со илустрации на Наталија Лукомска, ќе биде промовирана на 18 ноември (четврток), во 19 часот, во книжарницата Literatura.mk Superstore во „Скопје сити мол“. Претставувањето на книгата ќе биде проследено со музичко „читање“ на Лукаш, кој во придружба на својата гитара, ќе изведе дел од песните застапени во…

Авторот на „Што ако…?“, Мет Мури, одржа литературна работилница во ООУ „Кристијан Тодоровски-Карпош“

Еден од авторите на книгата „Што ако…?“, Мет Мури, за време на својот престој во Скопје, деновиве одржа час со учениците од шесто одделение при ООУ „Кристијан Тодоровски-Карпош“. Литературната работилница, која се одржа во т.н. „отворената училница“, односно училишниот двор, беше под менторство на Марија Богоеска, уредничка на едукативни изданија во „Арс Ламина“. На интерактивниот…

Јелена Лужина: Во „Скопски есеи“ ги портретирам големците кои оставиле трага врз македонската култура

„Еден град се усвојува, а не се освојува. Природно е и нормално градовите да ги У-својуваме, а не да ги О-својуваме! И обратно: тие да нè У-својуваат нас.“ Со овие зборови познатата преведувачка, театролог и книжевен теоретичар, Јелена Лужина нѐ воведува во својата нова книга „Скопски есеи“, која беше претставена со онлајн-промоција, на 13 ноември…

Синоличка Трпкова: Најголема желба ми е да снимам филм по расказите од „Никогаш не кажувам“

Во присуство на многубројни гости од домашната културна сцена, вчеравечер (11 ноември), во книжарницата „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“ беше промовирана првата прозна книга на познатата актерка и професорка Синоличка Трпкова, „Никогаш не кажувам“. Промоцијата на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ја водеше уредничката Оливера…

Топ 10 образовни изданија кои најмногу се бараа во октомври

Збирки на задачи со наставни листови и тестови по математика, хемија и биологија, вежбанки по општество, македонски и германски јазик, како и познатиот „Атлас на човечката анатомија“ се меѓу најбараните образовни изданија во книжарниците на „Литература.мк“, изминатиот месец. Книгите се во издание на „Арс Ламина“, и се адаптирани на програмата за основно, односно средно училиште.…

Јелена Лужина во новата книга „Скопски есеи“ ги портретира големците што оставиле трага врз македонската култура

Во чест на Денот на ослободувањето на Скопје, на 13 ноември (сабота), со почеток во 19 часот, ќе се одржи онлајн-промоција на книгата „Скопски есеи“ од Јелена Лужина. Онлајн-разговорот со авторката, која е позната по својата работа како преведувачка, театрологот и книжевен теоретичар, ќе го води уредникот на изданието Ведран Диздаревиќ, а ќе може да…

Книгата „Куферот на Хана“ од Карен Левин ги едуцира децата за холокаустот

Во спомен на жртвите на холокаустот и на кобната Кристална ноќ, која се смета за почеток на погромот и злосторството врз Евреите низ Европа, вчеравечер (9 ноември) во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа промоцијата на книгата „Куферот на Хана“ од Карен Левин. Наградуваната книга за деца „Куферот на Хана“, од…

Мајк Викинг во „Уметноста на создавање спомени“ открива како да создавате и да помните среќни моменти

Која е вистинската тајна на среќата? Одлични спомени! Од авторот на меѓународниот бестселер „Мала книга за хиге“, Мајк Викинг, деновиве излезе од печат „Уметноста на создавање спомени: како да создавате и да помните среќни моменти“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Викинг, кој е истражувач на среќата и…

Три нови мотивациски книги за подобар и поквалитетен живот

Каква е моќта и потенцијалот на жените? Кои се скриените моќи на вашиот внатрешен глас во борбата со анксиозноста? Како да го подобрите психичкото и менталното здравје и како да ги продлабочите врските со другите? Што пропуштате да слушнете додека друг зборува и кога последен пат некој навистина ве слушал вас? Ова се само дел…

Синоличка Трпкова е брутално искрена во својата прва прозна книга „Никогаш не кажувам“

Книжевниот првенец на познатата актерка и професорка Синоличка Трпкова, „Никогаш не кажувам“, ќе биде промовиран на 11 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, во книжарницата Literatura.mk Superstore во „Скопје сити мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. „Никогаш не…

Кире Лазаров ќе ја потпишува својата автобиографија „Секогаш на победа“ во Literatura.mk Superstore во „Ист гејт мол“

Во недела (7 ноември), во 16 часот, во Literatura.mk Superstore во „Ист гејт мол“ (прв кат), најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров, ќе ја потпишува својата штотуку објавена автобиографија „Секогаш на победа“. Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“. Во книгата, која беше промовирана деновиве во скопскиот хотел „Александар Палас“, најдобриот стрелец…

Промоција на „Куферот на Хана“ од Карен Левин во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

На 9 и 10 ноември 1938 година, во цела Германија и во делови од Австрија се случи Кристалната ноќ (или Ноќ на скршено стакло), чин на масовно прогонство на Евреите од нивните домови.  Осумдесет и три години по таа кобна ноќ, преку промоцијата на наградуваната книга „Куферот на Хана“ од канадската авторка Карен Левин, се…

Соња Китановска-Кимовска: Книгата „Разбуди го родителот во себе“ е наменета за секој што сака да стане најдобрата верзија од себе како родител

Како родителството да стане уживање? Како да се биде подобар родител? Како да се оствари подобра комуникација со децата? Како родителите да се справат со сите предизвици што ги носи воспитувањето на децата?… Ова се само дел од прашањата на кои одговара проф. Соња Китановска-Кимовска во својата книга за самопомош „Разбуди го родителот во себе“.…

Книгата „Разбуди го родителот во себе“ од Соња Китановска-Кимовска открива како родителството да стане уживање

Книгата „Разбуди го родителот во себе: како родителството да стане уживање“ од проф. Соња Китановска-Кимовска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирана онлајн, на 4 ноември (четврток), со почеток во 19 часот. Онлајн-разговорот ќе го води Татјана Димовска-Атанасова, уредничка во „Арс Ламина“, а покрај авторката Китановска-Кимовска, за книгата…