Промоција на „Варшавската срна“ од Мимоза Ристова во Музејот на Град Скопје

Новиот роман „Варшавската срна: трите љубови на Марија Склодовска Кири“ од Мимоза Ристова ќе биде промовиран на 14.06 (среда), во 19 часот, во Музејот на Град Скопје. Промотор на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. Романот се темели на некои општопознати факти…

Катица Ќулавкова: Стихозбирката „На врв на јазикот“ е рефлексија на личните и општествените емоции за домот и јазикот

Во присуство на многубројни гости од културната и академската сфера, читатели и претставници на медиумите, вчеравечер (6 јуни), во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје се одржа промоцијата на новата стихозбирка на академик Катица Ќулавкова – „На врв на јазикот“. Модераторката на настанот и уредничка на книгата, Оливера Ќорвезироска, го почна ова поетско претставување…

Работилница инспирирана од едицијата „Нови бајки од Македонија“ во чест на Меѓународниот ден на децата

Приказните од сликовниците од едицијата „Нови бајки од Македонија“ беа инспирација за работилницата за деца, што денеска, 1 јуни, се одржа во Канцеларијата на претседателот на Р. С. Македонија, „Млади хаб“ во Скопје. На настанот, кој беше реализиран во чест на Меѓународниот ден на децата, учествуваа учениците од 3-1 одд. при ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“…

Владо Јаневски: Патувањата низ светот ми се најголема инспирација за пишување

Помеѓу две патувања, со куфер подготвен за следната дестинација, македонскиот писател Владо Јаневски, кој многу години живее и работи во Сиднеј, Австралија, вчеравечер (31 мај) одржа средба со своите читатели. На настанот, во пријатниот амбиент на книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“, Јаневски зборуваше за своите книги во издание на „Арс Ламина“: романот „Мртвите знаат најдобро“…

Промоција на стихозбирката „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова

Новата стихозбирка на академик Катица Ќулавкова, „На врв на јазикот“, ќе биде промовирана на 6 јуни (вторник), со почеток во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Наташа Аврамовска, а модератор уредничката Оливера Ќорвезироска. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс…

Свечено врачена наградата „Роман на годината“ за 2022 година на Влада Урошевиќ

Со свеченост во Музејот на современата уметност – Скопје (МСУ), вчеравечер, на академик Влада Урошевиќ му беше врачена наградата „Роман на годината за 2022 година“, која по 24 пат ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Писателот го доби престижното признание за романот „Вистинита но не многу веројатна историја за…

Донација на „Арс Ламина“ и промоција на хрватскиот превод на книгата „Детелинки-белинки“ во Филозофскиот факултет во Риека

Издавачката куќа „Арс Ламина“ донираше 50 книги во библиотеката на Лекторатот по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека, Хрватска. Во донацијата се вклучени изданијата од едицијата „Македонски книжевни класици“ во рамките на која „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, реобјави дел од творештвото на нашите книжевни великани. Со оваа донација, библиотеката при лекторатот…

Збирката хаику-поезија „Реми“ – дел од Фестивалот на јапонска култура „Нихон-Џи 2.0“

Во рамките на Фестивалот на јапонска култура „Нихон-Џи 2.0“, што се одржа на 27 мај 2023 година, во Мултимедијалниот центар Мала станица во Скопје, имаше хаику-читање, на кое учествуваа петмина истакнати македонски хаику-мајстори: Владимир Мартиновски, Александар Маџаровски – Читачот, Николина Андова-Шопова, Искра Донева и Дејан Василевски – Гето Руди. Секој прочита по 10 песни, во…

Средба со писателот Владо Јаневски во „Литература.мк“ на ул. „Македонија“

Македонскиот писател Владо Јаневски, кој живее и работи во Австралија, ќе одржи средба со читателите на 31 мај (среда), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“. На настанот ќе бидат претставени неговите книги во издание на „Арс Ламина“: романот „Мртвите знаат најдобро“ (добитник на наградата „Пегаз“ за 2020 година), „Смртта не…

По јубилеен петти пат се распишува конкурсот за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината

Издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, го распишува петтиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, што се доделува за најдобар необјавен роман на годината. Конкурсот ќе биде отворен до 30 септември 2023 година, а победникот ќе биде прогласен најдоцна до крајот на 2023 година. За…

Нова акција на „Арс Ламина“ за месецот на менталното здравје: Книги за личен развој и самопомош на попуст до 20 отсто

Мај е месец посветен за подигнување на свеста за менталното здравје. Менталното здравје е составен дел на општото здравје, а претставува важен сегмент во балансот и сигурноста на поединецот, семејството и работниот колектив. Со цел зголемување на свесноста за психичката состојба, издавачката куќа „Арс Ламина“ оваа година го одбележува месецот на менталното здравје со акција…

Нови бајки од Македонија по повод десетгодишнината од Движењето за креативност Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“

Со промоција на четири нови современи бајки од млади автори и илустратори, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ одбележа десет години од своето постоење. Во изминатиот период „Браво сине!“, во партнерство со издавачката куќа „Арс Ламина“, реализираше значајни проекти од национална важност. На почетокот, со проектот „Бајки од Македонија“, македонското народно…

Промоција на „Микрохируршка ендодонција“ од д-р Арналдо Кастелучи во Скопје

Стручната книга „Микрохируршка ендодонција“ од д-р Арналдо Кастелучи ќе биде промовирана на 13 мај (сабота), во периодот од 15.25 до 17 часот, во хотелот „Double Tree By Hilton“, Скопје. Гостувањето на италијанскиот автор во нашата метропола е во рамките на 26-тиот конгрес на BaSS (Balkan Stomatological Society), најголемата стоматолошка научна и професионална организација на Балканот,…

Златко Василкоски одржа предавање во Скопје инспирирано од книгата „Мултиверзум за почетници“

Во преполниот амфитеатар на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, на 9 мај, проф. д-р Златко Василкоски одржа предавање на тема „Дали живееме во универзум или мултиверзум“. Предавањето беше базирано на неговата книга „Мултиверзум за почетници“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Организатор на настанот беше Скопското астрономско…

„Арс Ламина“ со шест награди од Македонската асоцијација на издавачи

Издавачката куќа „Арс Ламина“ доби шест награди од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), кои беа врачени денеска, за време на 35. Меѓународен саем на книгата во СЦ „Борис Трајковски“. На седмото издание на наградите на МАИ, кои се доделуваат на најдобрите книги, издавачи и автори меѓу двете саемски изданија, „Арс Ламина“ и нејзините соработници и…