ВТОРИОТ ТИРАЖ ОД „ТОРОНТО ЕКСПРЕС“ Е ВО ПРОДАЖБА

За само три недели се распродаде првиот отпечатен тираж од книгата „Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ од Зоран Спасов – Ѕоф. Книгата е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а со купување на книгата читателите добиваат и бесплатен ваучер за истоимената театарска претстава која се игра во Македонскиот народен театар, со…

Донација на „Литература.мк“ и „Арс Ламина“ во хуманитарната акција на Црвен крст – „Подари пакетче, подари радост“

Книжарниците „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ донираа 350 изданија за деца во предновогодишната хуманитарна акција на Црвен крст – Кисела Вода, „Подари пакетче, подари радост“. Под мотото „Вистинските суперхерои носат срце полно љубов“, на 24 декември, во Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Пролет“ во Скопје беа доделени пакетчиња на деца од социјален…

„Арс Ламина“ донира книги од едицијата „Лесно читливи лектири“ за библиотеката на ООУ „Киро Глигоров“

Со цел поттикнување на читачките навики кај учениците издавачката куќа „Арс Ламина“ донира пакет книги на ООУ „Киро Глигоров“ – Скопје. Со оваа донација ќе се збогати книжевниот фонт во училишната библиотека. Станува збор за читанки од едицијата „Лесно читливи лектири“, кои се наменети за деца што сакаат да прочитаат книга плус. Книгите се со…

Книгата за деца „Мистериозниот град под калето“ од Александра Тодоровиќ објавена и на англиски јазик

По успехот на македонското издание, наградуваната книга за деца „Мистериозниот град под калето“, од авторката Александра Тодоровиќ, деновиве излезе од печат и на англиски јазик. Делото, кое е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е со илустрации на Марко Јанев. Оваа интерактивна книга за деца е посветена на Скопје и на…

Со секоја сметка над 2.000 денари – подарок сет книги во „Литература.мк“

Предновогодишното празнување и подарување во книжарниците на „Литература.мк“ продолжува со нова акција. Од 24 до 31 декември, со секоја сметка над 2.000 денари, потрошувачите ќе добијат подарок сет книги. Ќе можат да одберат еден од петте специјално спакувани сетови со книги, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Првиот сет од…

Роза Вентрела: „Градината на олеандрите“ е семејна сага за судбините на четири храбри жени

Интернационалниот бестселер „Градината на олеандрите“ од италијанската писателка Роза Вентрела, кој е семејна сага од југот на Италија, во периодот пред и по Втората светска војна, вчеравечер (20 декември) беше промовиран преку онлајн-разговорот, кој во живо можеше да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. Покрај авторката, на онлајн-промоцијата се вклучија и проф.…

Италијанската писателка Роза Вентрела онлајн ќе го промовира македонското издание на романот „Градината на олеандрите“

Интернационалниот бестселер „Градината на олеандрите“ од италијанската писателка Роза Вентрела ќе биде промовиран вечерва (20 декември, понеделник), со почеток во 19 часот, преку онлајн-разговорот, кој во живо ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. Покрај авторката, на онлајн-промоцијата ќе се вклучат и проф. д-р Радица Никодиновска, која го преведе романот…

По свечениот настан на „Арс Ламина“ посветен на Блаже Конески: Секој си има свој Конески

Во чест на стогодишнината од раѓањето на великанот на македонската книжевност Блаже Конески и со цел да го зачува од заборавот и да го доближи до новите генерации, издавачката куќа „Арс Ламина“ реобјави пет негови значајни дела. Книгите беа промовирани на свечениот настан „Сто години од раѓањето на Блаже Конески: Песна од копнеж и песна…

Мултимедијална промоција на стихозбирката „Карши“ од Маријана Котевска-Георгиева во Битола

На мултимедијален настан, со изложба на слики, музички настап и книжевен осврт, на 17 декември (петок), со почеток во 19 часот, во НУ Центар за култура – Битола, ќе биде промовирана стихозбирката „Карши“ од авторката Маријана Котевска-Георгиева. Книгата, која е објавена на македонски и на англиски јазик, е во издание на „Арс Либрис“, дел од…

„Арс Ламина“ ќе промовира пет реобјавени дела од Блаже Конески, во чест на стогодишнината од неговото раѓање

Во чест на стогодишнината од раѓањето на великанот на македонската книжевност Блаже Конески, издавачката куќа „Арс Ламина“ реобјави пет негови значајни дела. Станува збор за стихозбирките „Везилка“, „Црква“, „Црн овен“ и двотомниот избор од творештвото на Конески: „Збор и опит 1“ и „Збор и опит 2“, кои се со нови предговори и поговори, напишани од…

Цел месец новогодишно празнување и подарување во книжарниците „Литература.мк“

Со подарок книга за секоја купена книга и попусти до 50 отсто почнува новогодишното прославување во книжарниците „Литература.мк“. Во акцијата „Празнуваме и подаруваме“, која ќе трае еден месец, од 10 декември до 10 јануари, ќе има специјални новогодишни понуди на едукативни пакетчиња за деца, намалувања на цените на книги и пакет книги, како и на…

Преку книгите „Изброј ги ѕвездите“ и „Куферот на Хана“ раскажана е приказната за децата во холокаустот, на семинар за наставници во Скопје

Во рамките на меѓународниот семинар за наставници од основните и од средните училишта од земјава и регионот, што го спроведоа Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и „Центропа“, се одржа и промотивна презентација на книгите за деца, „Изброј ги ѕвездите“ од Лоис Лаури и „Куферот на Хана“ од Карен Левин, кои се плод…

Зоран Спасов Ѕоф: Со книгата и претставата „Торонто експрес“ ја промовираме македонската култура

Во присуство на многубројна публика, во празничниот амбиент на „Literatura.mk Superstore“ во „Ист гејт мол“, вчеравечер (7 декември) беше промовирана новата книга на Зоран Спасов Ѕоф – „Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“. Книгата, како и претходниот хит-роман, „Тито, мојот претпоследен херој“, е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“. „Торонто експрес“ е…

„Арс Ламина“ со попусти до 50 отсто на предновогодишниот книжевен базар во „Скопје сити мол“

Со попусти до 50 отсто на најбараните изданија и празнични новитети, издавачката куќа „Арс Ламина“ е дел од предновогодишниот книжевен базар, што од 7 до 12 декември се одржува во „Скопје сити мол“. Настанот е во координација на Македонска асоцијација на издавачи (МАИ). Книгите се траен и вреден подарок, кој влева радост со секое ново…

„Последната од девојките Месечини“ од Барбара Дејвис е роман за љубовта, загубата и простувањето

Бестселерот на топ-листите на „Амазон“, „Последната од девојките Месечини“ од Барбара Дејвис деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за роман за љубовта, загубата, семејните тајни, сеќавањата и простувањето. Приказната се движи околу Лизи Месечина – последната од девојките Месечини кои имаат посебна дарба. Лизи…