Книгата „Мачешки исповеди“ од Катерина Трајановска раскажува што значи да се биде маче

Новата книга за деца „Мачешки исповеди или Што значи да се биде маче“ од авторката Катерина Трајановска ќе биде промовирана на 11 февруари (петок), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката…

„Сенки во подземјето“ од Марија Ралповска меѓу добитниците на наградата „Македонска книжевна авангарда“

Крими-трилерот „Сенки во подземјето“ од Марија Ралповска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е меѓу шесте добитници на наградата „Македонска книжевна авангарда“. Признанието, кое го врачува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје, се доделува за иновативна, експериментална и креативна, односно најдобра книга објавена во…

„Денови на литературата“ со попусти до 50 отсто и подарок сет книги од Маркес за секоја сметка над 3.000 денари

Со попусти до 50 отсто и подарок книги, од 5 до 20 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“ ќе се одржи второто издание на „Денови на литературата“. Во овие книжевни дестинации пишаниот збор се слави 365 дена во годината, но со оваа голема акција, читателите ќе можат на попуст да најдат голема селекција на книги…

„Барби од подрумот“ од Маша Колановиќ е носталгична приказна за последното детство во Југославија

Додека небото го прелетуваат борбени летала, а животот се одвива според диктатот на тревожните сирени, истовремено пред влезовите и низ маалата во Загреб се случува непрекинато детство, кое, гледано од денешен аспект, има музејска вредност. Главната игра е, всушност, паралелниот свет на популарните кукли-барбики, што толку внесено го создаваат децата од населбата Слобоштина. Ова е…

Излезе од печат „Хари Потер и Редот на фениксот“ од Џ. К. Роулинг во издание на „Арс Ламина“

Волшебна вест за сите љубители на Хари Потер! Од печат излезе „Хари Потер и Редот на фениксот“ од авторката Џ. К. Роулинг, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за петтиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата. Оваа,…

Сашко Илов: Книгата „Џоломарите“ е сведоштво за паганскиот ритуал кој е наше живо културно наследство

Традиционалниот пагански ритуал џоломари, што секоја Василица се одржува во селото Бегниште, Кавадаречко, е во фокусот на новата книга со фотографии „Џоломарите“ од Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов. Монографијата, која е двојазична, на македонски и на англиски јазик, е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата беше…

„Џоломарите“ е фотоприказна за традиционалниот пагански ритуал во с. Бегниште

Книгата со фотографии „Џоломарите“ од Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов ќе биде претставена со онлајн-промоција, на 26 јануари (среда), со почеток во 19 часот. Онлајн-разговорот со Сашко Илов, еден од авторите на фотографиите во книгата, ќе го води уредникот на изданието Филип Видиновски, а ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на…

Најпродавани книги за 2021 година од издавачката куќа „Арс Ламина“

Секоја година издавачката куќа „Арс Ламина“ ги избира десетте најпродавани книги што го предизвикале вниманието со нивните неверојатни пораки, интересни приказни и исклучителна важност за нашето живеење. Селекцијата ги опфаќа сите жанрови, книжевни класици, бестселери, инспиративни книги за самопомош и друго. Марк Менсон втора година по ред е најпродаван автор во издавачката куќа „Арс ламина“.…

Во конкуренција за наградата „Роман на годината“ влегоа 14 книги од „Арс Ламина“

Четиринаесет книги во издание на „Арс Ламина“ влегоа во конкуренција за престижната книжевна награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Во конкуренција за најдобар роман објавен во 2021 година се следните романи во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“: „Албино трип“…

НАСКОРО: Бестселерот „Невидливиот живот на Ади Лару“ од В. Е. Шваб на македонски јазик

Наскоро во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде објавен романот „Невидливиот живот на Ади Лару“ од В. Е. Шваб. Станува збор за бестселер на „Њујорк тајмс“ (37 последователни недели на оваа листа), „Ју-ес-еј тудеј“, „Нешнел инди“ и „Вашингтон пост“, преведен на 30-тина јазици. Во ноември 2021 година, беше објавено…

Книгата „Умирам ли?“ одговара на дилемата дали да се опуштите или итно да заминете во болница

Кога да се опуштите, кога да закажете лекарски преглед, а кога итно да заминете во најблиската болница?… Ова се прашањата на кои одговара новата книга Умирам ли?“ од Кристофер Кели и Марк Ајзенберг, која на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата е дел од едицијата „Здравје…

Објавени три книги од серијалот за генијалниот детектив Шерлок Холмс од Артур Конан Дојл

Три значајни книги од книжевниот серијал за генијалниот детектив Шерлок Холмс од Артур Конан Дојл излегоа од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за: „Студија во скарлетна боја“, „Авантурите на Шерлок Холмс“ и „Баскервилскиот пес“, кои веќе се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“…

„Прогонетата: Реквием за Линда Б.“ од Исмаил Кадаре е роман за апсурдноста на параноичниот режим

Современиот класик „Прогонетата: Реквием за Линда Б.“ од најзначајниот албански романсиер, есеист и драмски автор Исмаил Кадаре неодамна излезе од печат на македонски јазик. Ова е втора книга од Кадаре, по „Куклата: Портрет на мајка ми“, која е објавена во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата „Прогонетата: Реквием за Линда…

Наскоро нови книги и нов филм за сестрата на Шерлок, Енола Холмс

По успехот на првиот филм „Енола Холмс“, објавен во 2020 година на „Нетфликс“, популарниот стриминг-сервис деновиве објави дека е завршено снимањето на второто продолжение. Премиерата на „Енола Холмс 2“, со Мили Боби Браун во главната улога, се очекува да биде во текот на 2022 година. Судејќи според гледаноста на првиот филм (90% позитивни оценки од…

Јотам Отоленги во книгата за готвење „Plenty more“ открива нова вкусна димензија на зеленчукот

Од салата, додаток за главното јадење или малата чинија за гарнир, зеленчукот стана главно јадење, а зрната добија ново шарено руво и нов стил. Тоа е револуција која е смела, живописна и која постојано се шири. Во издигнувањето на зеленчукот во главен специјалитет многу помогна интернационалниот бестселер – книгата за готвење „Plenty more“ од познатиот…