Оливера Николова: Пишувањето книги ме очовечи и го збогати до невидени размери моето битие

Нарекувајќи ја „мајка на сите македонски писателки“ и „мајката на Зоки Поки“, со благодарност за трасираниот пат на жените-авторки, како и за нејзиното целокупно творештво и придонесот во нашиот јазик, проследено со долг аплауз и овации, вчеравечер (30 март) во преполното фоаје на Националната опера и балет, македонската книжевна сцена ѝ оддаде почит на легендарната…

„Арс Ламина“ ќе промовира десет тома од творештвото за возрасни на Оливера Николова

На 30 март (среда), со почеток во 19 часот, во фоајето на Националната опера и балет, ќе се одржи промоцијата на десет тома со 12 книги за возрасни на познатата писателка Оливера Николова. Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, го реобјавува целокупното творештво за возрасни од Николова. Книгите, кои се дел од едицијата…

Го одбележуваме Светскиот ден на театарот со новата книга „Театарот и актерите од сосема друг агол“ од Нада Поп-Јорданова

Со новата книга „Театарот и актерите од сосема друг агол“ од Нада Поп-Јорданова, во издание на „Арс Ламина“, го одбележуваме Светскиот ден на театарот, кој се прославува на глобално ниво на 27 март. Станиславски, уште во минатиот век, велел дека aко има нешто фантастично, тогаш тоа е сцената. А што е тоа толку фантастично што…

Марија Костадиновска: „Волшебните прегратки“ и „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ носат порака за искреност, пријателството и љубов

Во присуство на многубројни деца и нивните родители, вчеравечер (24 март), во „Литература.мк Суперстор“ во „Скопје сити мол“, се одржа промоција на двете книги од младата авторка Марија Костадиновска: „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ и „Волшебните прегратки“. Книгите се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. На промоцијата, покрај Костадиновска, се…

„Четири илјади седмици“ од Оливер Буркеман е упатство како обичните смртници да управуваат со времето

Бестселерот на „Њујорк тајмс“ и еден од најголемите книжевни хитови за 2021 година, „Четири илјади седмици“ од Оливер Буркеман, деновиве излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата е своевидно упатство за обичните смртници: како да управувате со времето. Изданието стана и бестселер на „Сандеј…

Промоција на книгите „Волшебните прегратки“ и „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ од Марија Костадиновска

Две книги од авторката Марија Костадиновска, „Волшебните прегратки“ и „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе бидат промовирани на 24 март (четврток) со почеток во 18:30 часот, во книжарницата „Литература.мк Суперстор“ во „Скопје сити мол“.Промоторка на книгите ќе биде проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Извадоци од…

„Музеј на детството“ е стаклен сад со спомени и трауми од детството

Во присуство на многубројна публика, вчеравечер (17 март), во книжарницата „Литература.мк Суперстор“ во „Скопје сити мол“ беше промовирана новата книга за деца и млади „Музеј на детството“ од авторката Алма Растодер. Промоцијата на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ја водеше уредничката Оливера Ќорвезироска. – Насловот „Музеј на…

„Музеј на детството“ од Алма Растодер е прозна сложувалка од повеќе приказни за детството од различно време и простори

Новата книга за деца и млади „Музеј на детството“ од авторката Алма Растодер ќе биде промовирана на 17 март (четврток), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска.„Музеј на детството“,…

НАСКОРО: „Арс Ламина“ ќе реобјави десет тома со 12 книги за возрасни од Оливера Николова

На денешен ден (11 март), во 1936 година во Скопје е родена една од најплодните, најнаградувани и најзначајни македонски писателки, Оливера Николова. Во чест на нејзиниот 86-ти роденден, со особено задоволство најавуваме дека издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, наскоро ќе го реобјави целокупното творештво за возрасни од Николова. Книгите, кои се дел…

Светскиот бестселер „Невидливиот живот на Ади Лару“ од В. Е. Шваб излезе од печат на македонски јазик

Интернационалниот бестселер „Невидливиот живот на Ади Лару“ од В. Е. Шваб излезе од печат на македонски јазик, во издание на„Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за бестселер на „Њујорк тајмс“ (37 последователни недели на оваа листа), „Ју-ес-еј тудеј“, „Нешнел инди“ и „Вашингтон пост“, преведен на 30-тина јазици. Во ноември 2021 година…

Конкурс на САНО: „Јас сум пријател на децата во болница“ – есеј на Јелопи Седеу Нишевиќ (прво место)

Низ маалото сум позната како „Златокоса“, како што и изгледам. Постојано носам шарени фустанчиња и накитени чевличиња, а по должината на мојот ’рбет се простираат долги златни прамени коса што стигнуваат сѐ до зглобовите на моите раце. Овој карактеристичен изглед секогаш бил моја симболика и никогаш не сум помислила да го променам. Првиот училиштен ден…

„Деса“ од Ивана Трајаноска, во издание на „Арс Ламина“, влезе во најтесниот избор за „Роман на годината“

Романот „Деса“ од Ивана Трајаноска, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, влезе во најтесниот избор за престижната награда „Роман на годината 2021“. За признанието, што по 23-ти пат го доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, ќе се борат четири финалисти. Жирито во состав…

„Сто љубовни сонети“ од Пабло Неруда – совршен подарок за сите драги жени

По повод Меѓународен ден на жената – 8 Март, денеска, со секој купен примерок од стихозбирката „Сто љубовни сонети“ од Пабло Неруда во книжарниците „Литература.мк“ ќе следува слатко изненадување. Секоја жена заслужува внимание спакувано во стихови. А песните од ова дело се инспирирани од жената на Неруда, Матилда Урутија. Овие стихови се дефиниција за љубовта…

„Арс Ламина“ ги награди најдобрите на конкурсот „Jас сум пријател на децата во болница“ во организација на Здружението САНО

Неколку стотици ученици од основните и средните училишта од цела Македонија учествуваа на креативниот конкурс на тема „Jас сум пријател на децата во болница“ во организација на Здружението за подобро здравство, образование и социјална грижа САНО – Скопје. Победниците беа наградени со дипломи и книги во издание на „Арс Ламина“, на настан што се одржа…

„Писатели и љубовници“ од Лили Кинг е нежна приказна за љубовта, загубата и пишувањето

По успехот на нејзиниот високо ценет и наградуван роман „Еуфорија“, писателката Лили Кинг се враќа со нова, нежна приказна за љубовта, загубата и за предизвиците на една млада авторка. Станува збор за романот „Писатели и љубовници“, кој неодамна излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.…