Промоции на книги за деца, ден на Хари Потер и попусти до 60 отсто на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ на Саемот на книгата

Под слоганот „По книгата денот се познава“, со промоции на книги за деца, денови на Хари Потер и Шерлок Холмс и попусти, издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе се претстави на претстојниот Саем на книгата, кој ќе се одржи од трети до деветти мај, во СЦ „Борис Трајковски“, Скопје. На заедничкиот штанд со книжарниците „Литература.мк“ ќе…

Се распишува четвртиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2022 година

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишуваат четвртиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2022 година. На изборот можат да конкурираат сите необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори – кандидати…

Го одбележуваме Светскиот ден на книгата со драмите од Шекспир адаптирани за деца

Книжевниците, издавачите, авторите, библиотекарите и љубителите на книгата од целиот свет денеска (23 април) го одбележуваат Светскиот ден на книгата и на авторското право. Датумот 23 април има голема симболика за светската литература. На овој датум во 1616 година починале Шекспир, Сервантес и Инка Гарсиласо де Ла Вега. Исто така, тоа е датум на раѓање…

„Исидора Мун ја запознава Забовилата“ – нова магична приказна од авторката Хариет Мункастер

Магична вест за сите фанови на Исидора Мун! Од печат излезе новата книга од серијалот за малата самовила-вампир Исидора Мун од авторката Хариет Мункастер. Станува збор за „Исидора Мун ја запознава Забовилата“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации. Исидора Мун е посебна, бидејќи е поинаква. Мајка ѝ е самовила,…

Се „шие“ нова несекојдневна сликовница – „Шила“

Новата несекојдневна сликовница „Шила“ од авторката Јана Мишо и илустраторката Калиопи Трпчева,  во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, наскоро ќе пристигне во книжарниците на „Литература.мк“. „Шила“ е топла сликовница за патот до среќата на едно срамежливо девојче, „сошиена“ од лирската приказна на Јана Мишо и колоритните илустрации на Калиопи Трпчева. Играта…

Нови авантури со Дина и Додо за велигденските празници

Овие велигденски празници израдувајте ги најмладите со новите авантури на Дина и Додо. Интерактивни, забавни и едукативни, со интересни илустрации и приказни се новите боенки, книги со активности и картички, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн преку http://www.literatura.mk.…

Поговор кон романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова

Калина Малеска: „Размислувајќи на што се должи впечатокот што ми го остави „Адамовото ребро“, сфаќам дека ова не е само роман за љубовта туку и роман што се преиспитува самиот себеси, си ги соочува и видоизменува своите теми, ги става во различни контексти од кои произлегуваат различни последици, ги судира протагонистите од различни времиња, ја истражува суштината на пишувањето, има јасна свест за историските немири и за тоа колку ликовите можат да бидат и колку можат да не бидат свесни за нив.“

Волшебна дружба на денот посветен на Хари Потер во „Литература.мк суперстор“ во „Сити мол“

Многубројни ученици од основните и средните училишта, нивните наставници и родители, како и фанови на популарниот серијал за младиот волшебник од Џ. К. Роулинг, беа дел од настанот посветен на Хари Потер, што се одржа на 16 април (сабота) во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. На настанот беа промовирани книгите од серијалот „Хари…

Ден посветен на Хари Потер во „Литература.мк суперстор“ во „Сити мол“

Со промоција на книги, креативен конкурс, награди и изненадувања за фановите, на 16 април (сабота) од 11 до 13 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ ќе се одржи ден посветен на Хари Потер. На настанот ќе бидат прoгласени и наградени победниците на ликовниот и литературен конкурс „Светот на Хари Потер“, што се…

Магде Ангова: „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ им порачува на децата да бидат љубопитни за нови знаења

Разиграната илустрирана книга за деца, која ги актуализира и осовременува гатанките за новите генерации, „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од младата авторка Магде Ангова, беше промовирана во петокот (8 април), во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“,…

Александар Русјаков: „Хотел меѓу две војни“ е роман за љубовта на Елени и Ататурк што никогаш не се случила

Во присуство на многубројна публика од културната и книжевната сцена, вчеравечер (6 април) во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје се одржа свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2021 година и промоција на победничкиот роман – „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков. На доделувањето на наградата, покрај победникот Русјаков, се обратија и членовите…

„Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ ги оживува и ги осовременува гатанките

Новата илустрирана книга за деца „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од младата авторка Магде Ангова ќе биде промовирана на 8 април (петок), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе…

Доделување на наградата „Пегаз“ и промоција на победничкиот роман „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2021 година и промоција на победничкиот роман – „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, ќе се одржат на 6 април (среда), со почеток во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обрати жирито во состав:…

Двата последни дела од книгите за Хари Потер излегоа од печат во издание на „Арс Ламина“

Нова, двојна доза книжевна магија со Хари Потер! Со нетрпение очекуваните шести и седми дел од книжевниот серијал за Хари Потер од Џ. К. Роулинг деновиве излегоа од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Со „Хари Потер и Полукрвниот принц“ и „Хари Потер и Реликвиите на…