Современиот класик „Сто години самотија“ од Габриел Гарсија Маркес излезе од печат во издание на „Арс Ламина“

Светскиот книжевен класик „Сто години самотија“ од колумбискиот писател и нобеловец Габриел Гарсија Маркес деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот „Сто години самотија“, кој е дел од едицијата „Современи класици“, се смета за магнум опус на Маркес, а важи и за едно од највлијателните дела…

Книгата „Соништата на писателот“ од Мимоза Рајл ќе биде промовирана во КИЦ

Новата книга „Соништата на писателот“ од проф. д-р Мимоза Рајл, во издание на „Арс Ламина“, ќе биде промовирана на 9 јуни (четврток), со почеток во 19.19 часот, во „Салон 19:19“, при Културно-информативен центар – Скопје. Промотивниот настан ќе биде мултимедијален, со книжевна, драмска, музичка и ликовна презентација, на која ќе учествуваат еминентни уметници, актери и…

Писателката Алма Растодер одржа час инспириран од книгата „Музеј на детството“ во ООУ „Александар Урдаревски“ од Чучер-Сандево

Во прегратките на Скопска Црна Гора, во близина на нашата метропола, а сепак надвор од градскиот метеж, ООУ „Александар Урдаревски“ во Чучер-Сандево беше домаќин на час по литература за паметење. Во топлото јунско утре, непосредно пред завршување на учебната година, се одржа инспиративна средба на учениците, љубители на пишаниот збор и Алма Растодер, писателка на…

„Мултиверзум за почетници“ на врвот на топ 10 листата со најбарани книги минатиот месец

Првата популарна книга за космологија, астрономија и космогонија напишана на македонски јазик, „Мултиверзум за почетници“ од Златко Василкоски, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е најпродаван наслов од областа на нефикцијата минатиот месец во книжарниците на „Литература.мк“. На втората позиција е „Децата и разводот: Психологија на разводот од перспектива на…

Движењето за креативност „Иво Лауренчиќ“ и „Арс Ламина“ на Меѓународниот ден на детето ги промовираа авторите и илустраторите на „Новите бајки од Македонија“

На одбележувањето на Меѓународниот ден на детето – 1 јуни, беше промовирана едицијата „Нови бајки од Македонија“, со што се збогати македонската литература за деца. На настанот беа промовирани и авторите на бајките, како и илустраторите кои работеа на визуализација и „оживување“ на ликовите. Четирите бајки од едицијата „Нови бајки од Македонија“ – „Бакнежот на…

Јордан Николов: Книгата „ОбојОбојОбој“ е мојата книжевна плоча, со раскази како музички секвенции

Во автентичниот амбиент на Културниот центар „Магаза“ во Битола, проследено со соодветен музички избор, вчеравечер (26 мај) беше промовирана новата збирка „ОбојОбојОбој“ од авторот и диџеј Јордан Николов. Промоторка на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше Бисера Бендевска. „Во оваа книга по првпат се применува методот…

Ване Костуранов одржа изложба и работилница на фестивалот за сликовници „Овца во кутија“ во Нова Градишка, Хрватска

Познатиот македонски сликар, илустратор и автор на книги за деца Ване Костуранов одржа изложба и работилница на Меѓународниот фестивал за сликовници „Овца во кутија“, што од 23 до 25 мај се одржа во Нова Градишка, Хрватска. Настанот е во организација на „Креативна мрежа“, „Книга во центарот“ и Домот на културата Нова Градишка, каде што се…

„Арс Ламина“ ја поддржа Меѓународната научна конференција на Институтот за педагогија по повод 75-годишниот јубилеј

По повод одбележувањето на јубилејните 75 години од постоењето на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет, во Охрид, од 16 до 18 мај 2022 година, се одржа Меѓународна научна конференција на тема „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“. Издавачката куќа „Арс Ламина“, чијашто долгорочна мисија е поттикнување и унапредување на образованието,…

Промоција на книгата „ОбојОбојОбој“ од Јордан Николов во КЦ „Магаза“во Битола

Книгата „ОбојОбојОбој“ од авторот Јордан Николов ќе биде промовирана на 26 мај (четврток), со почеток во 19 часот, во КЦ „Магаза“, Битола. Збирката раскази, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е најново прозно остварување на Николов – битолчанец, книжевник и диск-џокеј. Промоторка на книгата ќе биде Бисера Бендевска,…

„Арс Ламина“ го објави последното дело од Петре Бакевски – поемата „Нова Атлантида“

Последното дело од истакнатиот македонски писател Петре Бакевски, поемата „Нова Атлантида“, деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за финалната книга на којашто Бакевски работел пред својата смрт во 2011 година. Изданието е сочинето од три пеења: „Бротче од хартија“, „Ecce homo“ и „Јазол од…

Јован Андоновски: Чест ми е што учениците ОУ „Лазо Ангеловски“ и СУ „Васил Антевски-Дрен“ ќе учат за реториката од моите книги

Заменик народниот правобранител д-р Јован Андоновски деновиве одржа предавања и промоции на своите книги во училиштата каде што завршил основно и средно образование: ООУ „Лазо Ангеловски“, односно СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“, во Скопје. Во присуство на многубројни ученици и наставници, тој ги претстави своите дела: „Реторика“, „Реторика: историски и современи аспекти“ и „Македонско енергетско право“, кои…

Промоција на „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од Магде Ангова во Гевгелија

Илустрираната книга за деца „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од младата авторка Магде Ангова деновиве ќе биде промовирана и во Гевгелија. Дружбата со читателите од градот на писателката ќе се одржи на 20 мај (петок), во 18.30 часот, во новата книжарница „The Book Shop“. Книгата, која е во издание на „Либи“,…

Нови бајки од Македонија од Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“

Најмладите читатели, но и повозрасните љубители на волшебните светови имаат уште една причина за радост. Излезе од печат новата едиција „Нови бајки од Македонија“, што ја сочинуваат четирите бајки: „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“, а се во издание на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и…

Марко Виденовиќ: Секој стих од „До сто и една и назад“ е дел од мојата душа

Со интерпретација на стиховите, во придружба на музичка изведба во живо, вчеравечер (12 мај), во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ се одржа промоција на книгата „До сто и една и назад“ од музичарот и поет Марко Виденовиќ. На настанот учествуваа познати музички имиња: Анна Кондратенко (виолина), Владимир Костов (виолина), Паскал Краповски (виолончело) и Ива…

Збирката размисли од најбогатиот човек во светот Џеф Безос – „Да се смислува и да се талка“ објавенa во издание на „Арс Ламина“

Како најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, ги развива своите идеи? По кои принципи се води американскиот интернет-претприемач, деловен и медиумски магнат и инвеститор? Која е тајната на неговиот огромен успех во бизнисот? На овие и на уште многу прашања поврзани со основачот на меѓународната технолошка компанија „Амазон“, одговара новата книга „Да се смислува и…