Летно освежување со бестселерите од „Литература.мк“

Летото е идеално време за одмор, патувања, дружби, но и релаксација со некоја убава книга. Без разлика дали овој одмор ќе го поминете на плажа, на планина, во некоја светска метропола или, пак, ќе се релаксирате во вашето омилено катче во домот, уживањето секогаш е комплетно со добар избор за читање. Ви претставуваме листа со…

Трилерот „Списокот со гости“ од Луси Фоли продаден во два милиона копии во светот

Најдобриот трилер според „Гудридс“ за 2020 година и бестселер на „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“ – „Списокот со гости“ од британската авторка Луси Фоли се продаде во над два милиона копии во светот. Оваа информација ја сподели еден од највлијателните клубови на читатели, на познатата актерка Рис Витерспун, која ја препорачува оваа книга. Романот на…

Конкурс за дизајн на корици за романи од едицијата „Порта Европа“  

Издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ ги поканува илустраторите и дизајнерите на возраст до 35 години да достават предлог-дизајни на корици за шест романи од едицијата „Порта Европа“.Целта на проектот „Порта Европа“ е да се создаде книжевна едиција заснована на еколошка заднина што подразбира превод, објавување, дистрибуција и промоција на шест извонредни европски книжевни дела.…

Релаксација со креативната боенка за возрасни „Тајната градина“ од Оливија Георгиевска

Новата креативната боенка за возрасни „Тајната градина“ од авторката Оливија Георгиевска деновиве излезе од печат во издание на „Скрипти“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Ова издание содржи 19 прекрасни илустрации на цветови од градината, кои можат да се обојат и да се врамат во слика. На задната страна од секој цртеж за боење е…

„Дневник на прочитани лектири“– бележник за книгите што ги читаат децата на летниот распуст

Летниот распуст, покрај одморот, забавата, патувањата, дружбата, е време за читање лектири. Секој има свој ритуал при читање: едни преферираат да читаат во тишина, за себе, други на глас, трети сакаат да споделуваат размислувања со своите родители или со другарчињата… Има и деца кои сакаат да запишуваат впечатоци за прочитаното. Тоа е одличен начин да…

Поговор кон „Тесна врата“ од Оливера Николова

Кица Колбе: Оливера Николова во својот прв роман за возрасни „Тесна врата“ ја раскажува сложената приказна за загадочното исчезнување на Петра со многу акрибија, луцидност и писателска ревност, небаре самата морала да помине низ некоја „тесна врата“. Асоцијацијата е оправдана, затоа што и таа по дваесет години успешно творештво за деца, се осмелува да го освои „непознатото“ – царството на романот за возрасни.

„Здив: нова наука за една загубена уметност“ од Џејмс Нестор ја открива суштината правилното дишење

Без разлика што јадете, колку вежбате, колку сте слаби, млади или мудри, ништо од тоа не е важно ако не дишете правилно. Ова е главната порака на новата книга од областа на популарната наука – „Здив: нова наука за една загубена уметност“ од новинарот Џејмс Нестор. Книгата излезе од печат на македонски јазик во издание…

Излезе од печат „Малибу во пламен“ од Тејлор Џенкинс Рејд – книга на годината според „Гудридс“

Од авторката на бестселерите „Седумте мажи на Евелин Хуго“ и „Дејзи Џонс енд Д сикс“, Тејлор Џенкинс Рејд, деновиве од печат излезе новиот роман „Малибу во пламен“. Трите книги се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и се достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на http://www.literatura.mk. Книгата на годината според…

Џон Илија Апелгрен: Книгата „Забранети луѓе“ се солидаризира со музичарите кои беа „забранети“ за време на пандемијата

Со музички настап во живо, во присуство на многубројни гости, вчеравечер (22 јуни), во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“, познатиот џез-вокалист Џон Илија Апелгрен ја промовираше својата прва книга „Забранети луѓе“. Делото, кое е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е своевидно сведоштво за незавидната состојба на дел…

Сликовницата „Девојчето и градот“ од Ване Костуранов објавена на португалски јазик

Книгата за деца „Девојчето и градот“ од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов деновиве излезе од печат и на португалски јазик, со наслов „A Menina e a Cidade“. Книгата ја објавува португалскиот издавач „Алфароба Едисоенж“ (Alfarroba Edições). Сликовницата првично беше објавена во 2020 година, на македонски јазик, во издание на „Либи“, дел од „Арс…

Комплетот „Шерлок Холмс за деца“ отсега и во колекционерска кутија

Новиот серијал „Шерлок Холмс за деца“, со десет книги за генијалниот детектив, адаптирани за деца, отсега е достапен и во колекционерска кутија. Станува збор за десет романи базирани на книгите од славниот шкотски писател сер Артур Конан Дојл, наменети за најмладите читатели, кои на македонски јазик се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина…

Музичка промоција на книгата „Забранети луѓе“ од џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен

Познатиот џез-вокалист Џон Илија Апелгрен на 22 јуни (среда), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ ќе ја промовира својата книга „Забранети луѓе“. Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап во живо на Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс…

Александар Русјаков добитник на годинашното „Рациново признание“ за романот „Хотел меѓу две војни“

Писателот Александар Русјаков е добитник на годинашнoто „Рациново признание“ за неговата најнова книга „Хотел меѓу две војни“. Комисијата, во состав Јасминка Делова-Силјанова (претседател) и членовите Снежана Петрова-Џамбазова и Маја Апостолска, едногласно одлучи, од доставени 22 книги на конкурсот, наградата да се додели за ова прозно остварување кое плени со својата оригиналност и нестереотипен раскажувачки дискурс.…

Мимоза Рајл: „Соништата на писателот“ е книга за патот од страдањето до златната доба на убавината и на смислата

Со мултимедијален настан, вчеравечер (9 јуни), во „Салон 19:19“ при Културно-информативниот центар – Скопје, беше промовирана новата книга „Соништата на писателот“ од проф. д-р Мимоза Рајл. На промоцијата имаше книжевна, драмска, музичка и ликовна презентација, со еминентни уметници, актери и музичари. „Соништата на писателот“, во издание на „Арс Ламина“, е најновото дело на д-р Рајл…

„Прочитај повеќе“ – нова кампања на „Арс Ламина“ со попусти до 60 отсто

Под слоганот „Прочитај повеќе“, со попусти до 60% на над сто наслови, издавачката куќа „Арс Ламина“, од 8 до 30 јуни, ја организира новата продажна кампања во рамките на целата држава. Во акцијата ќе биде вклучен голем избор на книги од белетристиката за возрасни и литературата за деца, како и интерактивни изданија за најмладите. Во…