Волшебна дружба на денот посветен на Хари Потер во „Литература.мк суперстор“ во „Сити мол“

Многубројни ученици од основните и средните училишта, нивните наставници и родители, како и фанови на популарниот серијал за младиот волшебник од Џ. К. Роулинг, беа дел од настанот посветен на Хари Потер, што се одржа на 16 април (сабота) во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. На настанот беа промовирани книгите од серијалот „Хари…

Магде Ангова: „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ им порачува на децата да бидат љубопитни за нови знаења

Разиграната илустрирана книга за деца, која ги актуализира и осовременува гатанките за новите генерации, „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од младата авторка Магде Ангова, беше промовирана во петокот (8 април), во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“,…

Александар Русјаков: „Хотел меѓу две војни“ е роман за љубовта на Елени и Ататурк што никогаш не се случила

Во присуство на многубројна публика од културната и книжевната сцена, вчеравечер (6 април) во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје се одржа свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2021 година и промоција на победничкиот роман – „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков. На доделувањето на наградата, покрај победникот Русјаков, се обратија и членовите…

„Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ ги оживува и ги осовременува гатанките

Новата илустрирана книга за деца „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од младата авторка Магде Ангова ќе биде промовирана на 8 април (петок), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе…

Доделување на наградата „Пегаз“ и промоција на победничкиот роман „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2021 година и промоција на победничкиот роман – „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, ќе се одржат на 6 април (среда), со почеток во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обрати жирито во состав:…

Оливера Николова: Пишувањето книги ме очовечи и го збогати до невидени размери моето битие

Нарекувајќи ја „мајка на сите македонски писателки“ и „мајката на Зоки Поки“, со благодарност за трасираниот пат на жените-авторки, како и за нејзиното целокупно творештво и придонесот во нашиот јазик, проследено со долг аплауз и овации, вчеравечер (30 март) во преполното фоаје на Националната опера и балет, македонската книжевна сцена ѝ оддаде почит на легендарната…

„Арс Ламина“ ќе промовира десет тома од творештвото за возрасни на Оливера Николова

На 30 март (среда), со почеток во 19 часот, во фоајето на Националната опера и балет, ќе се одржи промоцијата на десет тома со 12 книги за возрасни на познатата писателка Оливера Николова. Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, го реобјавува целокупното творештво за возрасни од Николова. Книгите, кои се дел од едицијата…

Марија Костадиновска: „Волшебните прегратки“ и „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ носат порака за искреност, пријателството и љубов

Во присуство на многубројни деца и нивните родители, вчеравечер (24 март), во „Литература.мк Суперстор“ во „Скопје сити мол“, се одржа промоција на двете книги од младата авторка Марија Костадиновска: „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ и „Волшебните прегратки“. Книгите се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. На промоцијата, покрај Костадиновска, се…

Промоција на книгите „Волшебните прегратки“ и „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ од Марија Костадиновска

Две книги од авторката Марија Костадиновска, „Волшебните прегратки“ и „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе бидат промовирани на 24 март (четврток) со почеток во 18:30 часот, во книжарницата „Литература.мк Суперстор“ во „Скопје сити мол“.Промоторка на книгите ќе биде проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Извадоци од…

„Музеј на детството“ е стаклен сад со спомени и трауми од детството

Во присуство на многубројна публика, вчеравечер (17 март), во книжарницата „Литература.мк Суперстор“ во „Скопје сити мол“ беше промовирана новата книга за деца и млади „Музеј на детството“ од авторката Алма Растодер. Промоцијата на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ја водеше уредничката Оливера Ќорвезироска. – Насловот „Музеј на…

„Музеј на детството“ од Алма Растодер е прозна сложувалка од повеќе приказни за детството од различно време и простори

Новата книга за деца и млади „Музеј на детството“ од авторката Алма Растодер ќе биде промовирана на 17 март (четврток), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска.„Музеј на детството“,…

Водичот за преживување на наставници „Од компетентност до комплетност“ на Kиро Јорданов промовиран во Штип

Книгата „Од компетентност до комплетност: водич за преживување на наставници“ на Kиро Јорданов, во издание на „Арс Ламина“, беше промовирана на 16 февруари во Домот на младите – Штип. Рецензенти и промотори на книгата беа проф. д-р Снежана Мирасчиева и проф. д-р Кирил Барбареев. Книгата претставува прирачник за преживување на наставници, односно им служи на…

Водичот за преживување на наставници „Од компетентност до комплетност“ на Kиро Јорданов ќе биде промовиран во Штип

Книгата „Од компетентност до комплетност: водич за преживување на наставници“ на Kиро Јорданов, во издание на „Арс Ламина“, ќе биде промовирана денеска (16 февруари, среда) со почеток во 19:30 часот, во Домот на младите – Штип. Рецензенти и промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Снежана Мирасчиева и проф. д-р Кирил Барбареев. Книгата претставува прирачник…

Катерина Трајановска: Со книгата „Мачешки исповеди“ сакам да ја разбудам емпатијата кај децата

„Сите среќни мачиња си прилегаат едно на друго, секое несреќно маче е несреќно на свој начин. Но, понекогаш тагата ги обединува сите живи нешта и понекогаш читателот може да си претстави што значи да се биде маче.“ Со овие зборови младата авторка Катерина Трајановска нè воведува во својата нова книга за деца „Мачешки исповеди или…

Книгата „Мачешки исповеди“ од Катерина Трајановска раскажува што значи да се биде маче

Новата книга за деца „Мачешки исповеди или Што значи да се биде маче“ од авторката Катерина Трајановска ќе биде промовирана на 11 февруари (петок), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката…