Движењето за креативност „Иво Лауренчиќ“ и „Арс Ламина“ на Меѓународниот ден на детето ги промовираа авторите и илустраторите на „Новите бајки од Македонија“

На одбележувањето на Меѓународниот ден на детето – 1 јуни, беше промовирана едицијата „Нови бајки од Македонија“, со што се збогати македонската литература за деца. На настанот беа промовирани и авторите на бајките, како и илустраторите кои работеа на визуализација и „оживување“ на ликовите. Четирите бајки од едицијата „Нови бајки од Македонија“ – „Бакнежот на…

Јордан Николов: Книгата „ОбојОбојОбој“ е мојата книжевна плоча, со раскази како музички секвенции

Во автентичниот амбиент на Културниот центар „Магаза“ во Битола, проследено со соодветен музички избор, вчеравечер (26 мај) беше промовирана новата збирка „ОбојОбојОбој“ од авторот и диџеј Јордан Николов. Промоторка на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше Бисера Бендевска. „Во оваа книга по првпат се применува методот…

Промоција на книгата „ОбојОбојОбој“ од Јордан Николов во КЦ „Магаза“во Битола

Книгата „ОбојОбојОбој“ од авторот Јордан Николов ќе биде промовирана на 26 мај (четврток), со почеток во 19 часот, во КЦ „Магаза“, Битола. Збирката раскази, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е најново прозно остварување на Николов – битолчанец, книжевник и диск-џокеј. Промоторка на книгата ќе биде Бисера Бендевска,…

Промоција на „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од Магде Ангова во Гевгелија

Илустрираната книга за деца „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од младата авторка Магде Ангова деновиве ќе биде промовирана и во Гевгелија. Дружбата со читателите од градот на писателката ќе се одржи на 20 мај (петок), во 18.30 часот, во новата книжарница „The Book Shop“. Книгата, која е во издание на „Либи“,…

Марко Виденовиќ: Секој стих од „До сто и една и назад“ е дел од мојата душа

Со интерпретација на стиховите, во придружба на музичка изведба во живо, вчеравечер (12 мај), во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ се одржа промоција на книгата „До сто и една и назад“ од музичарот и поет Марко Виденовиќ. На настанот учествуваа познати музички имиња: Анна Кондратенко (виолина), Владимир Костов (виолина), Паскал Краповски (виолончело) и Ива…

Радмила Костова-Мила: „Инспирирај се за промени“ на волшебен начин го отвора патот до лична трансформација

Мотивациската книга, чијашто цел е да им помогне на сите што се соочуваат со навидум несовладливите предизвици на современото живеење, „Инспирирај се за промени“, беше промовирана вчеравечер (10 мај), „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“. Авторите Радмила Костова-Мила и Иван Лапчевиќ, покрај тоа што ја претставија книгата, пред присутните одржаа инспиративни говори, споделувајќи го своето…

Златко Василкоски: Во „Мултиверзум за почетници“ на македонските читатели им нудам одговор на најголемите мистерии во науката денес

Првата популарна книга за космологија, астрономија и космогонија напишана на македонски јазик, „Мултиверзум за почетници“ од Златко Василкоски беше промовирана на 7 мај (сабота), на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“, за време на Саемот на книгата 2022. Кон книгата, покрај промоторот и уредник на книгата – Филип Видиновски, се осврнаа и проф. д-р Мимоза…

Драгана Батиќ: Книгата „Децата и разводот“ ја обработува психологијата на разводот од перспектива на децата

– Благодарна сум на „Арс Ламина“ што препозна општествен интерес оваа книга да биде објавена и што сега им е достапна на сите идни психолози и брачни советници, но и на паровите што поминуваат низ бракоразводна постапка. Таа советува како да се пристапи кон децата и да им се помогне полесно да го пребродат процесот…

Сликовницата „Шила“ од Калиопи Трпчева и Јана Мишо „шие“ волшебен свет што им помага на децата кои се поразлични од другите

Во весела атмосфера, со многубројни деца и нивните родители, во саботата (7 мај) на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“, во рамките на Саемот на книгата, беше промовирана новата несекојдневна сликовница „Шила“ од авторката Јана Мишо и илустраторката Калиопи Трпчева. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ја промовираше…

Промовирана сликовницата „Рекичето што сакаше да порасне“ од Ване Костуранов и Ана Торма

Новата сликовница на познатиот македонски сликар, илустратор и автор на книги за деца Ване Костуранов, со текст на српската авторка Ана Торма – „Рекичето што сакаше да порасне“ беше промовирана вчера (петок, 6 мај), за време на Саемот на книгата. За пловноста на приказната на македонски јазик придонесе Бисера Бендевска. Заедно со уредничката и промоторка на книгата – Оливера Ќорвезироска, таа пред присутните на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ го раскажа процесот на создавање и превод на книгата, што во првична верзија била напишана на српски јазик. Сепак, првото издание е на македонски јазик и е објава на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Трибина во организација на „Арс Ламина“: Реобјавувањето на „Македонските книжевни класици“ е инвестиција во културната иднина на следните генерации

Со познатата мисла на Крсте Петков Мисирков „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред“, вчеравечер, на главната бина во рамките на Саемот на книгата, беше заокружена трибината во чест на Денот на македонската азбука и на македонскиот јазик (5 мај). На настанот „Македонски книжевни класици – подарок за поколенијата!“, во организација на издавачката…

Оливија Георгиевска: Со „Игра со придавки“ децата преку рима и весели илустрации ќе се запознаат со македонскиот јазик

Придавките се најдобри другарки на именките, затоа што ни помагаат да ги разликуваме една од друга. Авторката и едукатор Оливија Георгиевска, сакајќи да ја избегне сувопарната дефиниција дека придавките се зборови што ги означуваат особините на предметите и појавите и на разигран начин да им ја објасни на децата улогата на придавките, ја создала книгата…

Музичка промоција на стихозбирката „До сто и една и назад“ од Марко Виденовиќ

На 12 мај (четврток), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ ќе се одржи музички настап и промоција на книгата „До сто и една и назад“ од Марко Виденовиќ. Стиховите во збирката поезија „До сто и една и назад“, која е во издание на „Попули“, пулсираат од љубов. Тој ги…

Кафе-дружба и промоција на „Инспирирај се за промени“ од Радмила Костова-Мила и Иван Лапчевиќ

На 10 мај (вторник), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ ќе се одржи кафе-дружба и промоција на книгата „Инспирирај се за промени“, со авторите Радмила Костова-Мила и Иван Лапчевиќ.Книгата „Инспирирај се за промени“, која е во издание на „Попули“, е охрабрувачко четиво за сите што се соочуваат со навидум…

Промоции на книги за деца, ден на Хари Потер и попусти до 60 отсто на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ на Саемот на книгата

Под слоганот „По книгата денот се познава“, со промоции на книги за деца, денови на Хари Потер и Шерлок Холмс и попусти, издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе се претстави на претстојниот Саем на книгата, кој ќе се одржи од трети до деветти мај, во СЦ „Борис Трајковски“, Скопје. На заедничкиот штанд со книжарниците „Литература.мк“ ќе…