Промовирана монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“ од Ерина Богоева во „Литература.мк“
Монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“ од Ерина Богоева, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (13 ноември) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Книгата содржи 80-ина фотографии, со фокус на 33 објекти создадени во втората половина на дваесеттиот век, меѓу кои: Управата за хидрометеоролошки работи,…








