Промовирана книгата за деца „24 часа во Еднорозија“ од Јасмина Кантарџиева Димков

Во присуство на највеселата и најискрена публика – децата, вчеравечер (19.06.2019) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ беше промовирана новата книга „24 часа во Еднорозија“ од aвторката и новинарка Јасмина Кантарџиева Димков. Во приказната од романот, кој е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“, присутните ги воведе уредничката Бисера Бендевска. Преку…

Промовирана книгата со хаику-поезија „Дремката на облакот“ од Софија Бислимоски

Во присуство на бројни гости вчеравечер (12 јуни 2019г. ) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ беше  промовирана книгата со хаику-поезија „Дремката на облакот“ од младата поетеса Софија Бислимоски. Книгата е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ‒публикации“, а е дел од едицијата „Млади креативци“ . Промоторка и рецензентка на изданието беше Весна…

Промовирана новата едиција „Лесно читливи лектири“ со 40 книги во издание на „Арс Ламина“

Новата едиција „Лесно читливи лектири“, со 40 нови лектирни изданија за основно образование, беше промовирана денеска (21 мај 2019) во локалот „Амбрела“ (Umbrella Lounge Bar) во Скопје. Издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“, преку својот импринт „Либи“, ги објави новите лектири, кои се разликуваат од сите претходни лектирни изданија на пазарот, пред сѐ, по тоа…

Промовиран романот „Солунска 28“ од Неле Карајлиќ на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ на Саемот на книгата 2019

Ѕвездата на „Забрането пушење“ и „Топ-листа на надреалистите“, д-р Неле Карајлиќ, вчеравечер (9 мај) ја промовира својата втора книга „Солунска 28“ на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“, за време на Саем на книгата 2019. Романот, кој неодамна ја доби престижната српската книжевна награда „Момо Капор“, на македонски јазик го објави „Арс Ламина ‒ публикации“.…

Отворена нова книжарница на „Литература.мк“ во „Веро центар“

Со коктел, попусти и слатки изнедувања за најмладите читатели, на 24.04 2019 г. беше отворена новата книжарница на „Литература.мк“ во „Веро центар“ – Скопје. Продажното место е сместено на првото ниво, во близина на влезот за супермаркетот. „Литература.мк“ носи литературна свежина во еден од најпосетените трговски центри во Скопје, продолжувајќи да ги пласира светските книжарски…

Промовиран готвачот „Најдоброто од македонската кујна“ од Давор Панчевски во „Литература.мк“

Во присуство на многубројни гости, љубители на македонската традиционална кујна и на пишаниот збор и вчера (19 април 2019 година) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ беше промовирана новата книга за готвење „Dave’s kitchen: Најдоброто од македонската кујна“ од Давор Панчевски. Готвачот, што го објавува издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“, содржи 125 едноставни и…

Промовирана книгата „Аутопсија на љубовта“ од Moџо Килингтон, во издание на „Арс Ламина“

Книгата поезија „Аутопсија на љубовта“ од Божидар Божиновски, познат како Moџо Килингтон, беше промовирана вчеравечер (18 април) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. „Аутопсија на љубовта“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е прва книга на младиот автор. Книгата содржи длабоко интимна поезија, еден вид внатрешна исповед на…

Промовирана новата сликовница „Девојче и мече“ од Ване Костуранов во „Литература.мк“

Во весела атмосфера, со многу деца, родители, љубители на современата детска литература и по некое кадифено мече, вчеравечер во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ беше промовирана новата сликовница „Девојче и мече“ од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е топла, сонувачка…

Книгата „Реторика – Историски и современи аспекти“ промовирана на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Во присуство на многубројни студенти и професори денеска (десетти април) во конференциската сала на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип беше промовирана книгата „Реторика – Историски и современи аспекти“, која е во издание на „Арс Ламина ‒ публикации“. Зад ова дело стојат група автори-професори: Мирјана Поленак-Аќимовска, Владо Бучковски, Гоце Наумовски, Димитар Апасиев и…

Промовирана книгата „Реторика – Историски и современи аспекти“ во издание на „Арс Ламина ‒ публикации“

Во свечената сала на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Скопје, вчера (20 март 2019 г.) беше промовирана книгата „Реторика – Историски и современи аспекти“ од група автори, професори: Мирјана Поленак-Аќимовска, Владо Бучковски, Гоце Наумовски, Димитар Апасиев и Јован Андоновски. Книгата е во издание на „Арс Ламина ‒ публикации“. Промоторот на книгата, проф. д-р Горан Коевски, декан…

Промовирана сликовницата „Џиновска продавница за фантазии“ од Бистра Георгиева

Новата илустрирана книга за деца „Џиновска продавница за фантазии“ од авторката Бистра Георгиева беше промовирана вчеравечер (6 март 2019 г.), во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Книгата, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е со илустрации од шпанската илустраторка Моника Каретеро.   Уредничката на сликовницата, Билјана С. Црвенковска, на промоцијата истакна:…

Промовирана книгата „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ од Зоран Михајлов

Во присуство на многубројни спортисти и некогашни шампиони, новинари, коментатори и љубители на спортот, денеска (13.02.2019) во салата за конференции во СЦ „Борис Трајковски“, Скопје беше промовирана книгата „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ од доајенот на македонското спортско новинарство, Зоран Михајлов. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“, содржи…

Промоција на илустрираната книга „Девет“ од Славимир Стојановиќ – Футро во книжарницата „Литература.мк“

На 27 ноември, вторник, со почеток во 19.30 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ ќе се одржи промоција на романот „Devet – roman u ilustrovanim pričama“ од еден од најпознатите графички дизајнери, Славимир Стојановиќ Футро. Книгата со илустрирани раскази е автобиографски и емотивен роман на Славимир, составен од 47 кратки раскази од најраните почетоци…

Отворена нова книжарница на „Литература.мк“ на Широк Сокак во Битола

На 17 ноември (сабота) на најфреквентното шеталиште во Битола, Широк Сокак, официјално беше отворена новата книжарница на „Литература.мк“. Почетокот на новата приказна на „Литература.мк“ во градот на конзулите беше одбележан со коктел-забава и концерт на познатата битолска група „Фолтин“. Уште во првите неколку часови, неколку стотици битолчани, од сите генерации ја посетија книжарницата, којашто е…

Промоција на „Упатство за употреба на креативниот ум” од Дејв Бирс во „Литература.мк“

На 16 ноември, петок, со почеток во 19.30 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ ќе се одржи промоција на светски популарната книга „Упатство за употреба на креативниот ум” од Дејв Бирс. Книгата на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Ова е првпат некоја од книгите на…