Промовиран научно-фантастичниот роман „Архангел – Ослободување на ѕверот“ од Даниел Бибовски
Утопискиот научно-фантастичен роман „Архангел – Ослободување на ѕверот“ од Даниел Бибовски беше промовиран вчеравечер (11 декември) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Станува збор за дебитантски роман на младиот автор, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Илустрацијата на корицата ја нацрта илустраторот Оливер Коларевски. Промоторката на книгата, писателката Фросина Пармаковска…














