Книгата за деца „Мистериозниот град под калето“ од Александра Тодоровиќ објавена и на англиски јазик

По успехот на македонското издание, наградуваната книга за деца „Мистериозниот град под калето“, од авторката Александра Тодоровиќ, деновиве излезе од печат и на англиски јазик. Делото, кое е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е со илустрации на Марко Јанев. Оваа интерактивна книга за деца е посветена на Скопје и на…

„Последната од девојките Месечини“ од Барбара Дејвис е роман за љубовта, загубата и простувањето

Бестселерот на топ-листите на „Амазон“, „Последната од девојките Месечини“ од Барбара Дејвис деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за роман за љубовта, загубата, семејните тајни, сеќавањата и простувањето. Приказната се движи околу Лизи Месечина – последната од девојките Месечини кои имаат посебна дарба. Лизи…

„Дневник на прочитани лектири“ – модерен бележник за младите читатели

Читањето книги никогаш не излегува од мода. Тоа е една од најубавите навики, која децата ја стекнуваат уште од најрана возраст. Секој има свој ритуал при читање: едни преферираат да читаат во тишина, за себе, други на глас, трети сакаат да споделуваат размислувања со своите родители или со другарчињата… Има и деца кои сакаат да…

Романот „И љубовта“ од Драго Јанчар е приказна за Марибор во виорот на Втората светска војна

Судбината на словенечкиот град Марибор и неговите граѓани за време на Втората светска војна е во фокусот на романот „И љубовта“, од еден од најпознатите современи словенечки писатели, Драго Јанчар. Ова е втора книга од Јанчар, по „Таа ноќ ја видов“, која на македонски јазик е објавена во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс…

Книгата „Неописливи нешта“ од Џес Лаури e инспирирана од вистинска застрашувачка приказна

Некои книги влеваат страв со многу крв, неизвесност и насилство. Други, пак, со реалноста од најтемните ќошиња на животот. Одличниот роман „Неописливи нешта“ од Џес Лаури спаѓа во втората група. Книгата, која деновиве излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е инспирирана од вистинска, застрашувачка…

„Бело се пере на деведесет“ од Броња Жакељ е роман за растењето и за соочувањето со загубите

Наградуваниот роман „Бело се пере на деведесет“ од словенечката авторка и новинарка Броња Жакељ излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата е дел од едицијата „Литера модерна“. „Бело се пере на деведесет“ е шокантен, духовит и инспиративен роман, што ја бележи животната приказна на…

Мајк Викинг во „Уметноста на создавање спомени“ открива како да создавате и да помните среќни моменти

Која е вистинската тајна на среќата? Одлични спомени! Од авторот на меѓународниот бестселер „Мала книга за хиге“, Мајк Викинг, деновиве излезе од печат „Уметноста на создавање спомени: како да создавате и да помните среќни моменти“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Викинг, кој е истражувач на среќата и…

Новите книги „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“ го комплетираат серијалот „Безнадежно“ од Колин Хувер

Две нови книги, „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“, од најпродаваната авторка на „Њујорк тајмс“ ‒ Колин Хувер, деновиве излегоа од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за трет и четврти дел од серијалот „Безнадежно“ на Хувер, во кој досега се објавени романите „Безнадежно“ и „Изгубена надеж“, двете во…

НОВО: „Грофот Магнус и други приказни за духови“ од М. Р. Џејмс

Дали сакате страшни приказни за духови? Подготвени ли сте за хорор што ја смрзнува крвта? Новата книга во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, „Грофот Магнус и други приказни за духови“ од М. Р. Џејмс е токму таква, неизвесна и страшна, но доволно интересна за да не се откажете при првото…

„Жената со црвена коса“ од Орхан Памук e комплексен роман во кој се испреплетуваат политиката и психологијата

По „Истанбул: Сеќавањата и градот“, „Белата тврдина“ и „Нов живот“, од најпознатиот современ турски писател Орхан Памук, деновиве од печат излезе романот „Жената со црвена коса“ во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 2006 година. Неговите…

Пет нови книги од серијалот за џентлменот крадец Арсен Лупен во издание на „Арс Ламина“

Пет нови книги на англиски јазик од серијалот за легендарниот џентлмен крадец Арсен Лупен од францускиот писател Морис Леблан деновиве излегоа од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за романите: „Arsène Lupin: The secret of Sarek“, „Arsène Lupin: The eight strokes of the clock“, „Arsène Lupin: The…

Реобјавувањето на „Пасквелија и Нова Пасквелија“ и „Големата вода“ од Живко Чинго претставува навраќање кон нашите извори

Во рамките на проектот на издавачката куќа „Арс Ламина“ за реактуализирање на најзначајните дела од нашата книжевност, неодамна од печат излегоа класиците „Пасквелија и Нова Пасквелија“ и „Големата вода“ од Живко Чинго. Реобјавените книги се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, во издание на „Арс Либрис“, односно „Арс Ламина – публикации“ и се со нов,…

„Градината на олеандрите“ од Роза Вентрела е семејна сага за судбините на четири храбри и уникатни жени

Од авторката на бестселерот „Приказна за едно семејство“, Роза Вентрела, деновиве од печат излезе македонското издание на „Градината на олеандрите“. Станува збор за уште една семејна сага што обработува теми врзани со чувствата и грижите на жените. Авторката Вентрела воедно е и историчар и новинар, а нејзините дела ја обработуваат состојбата на жените низ историјата.…

Која холивудска филмска дива била инспирација за бестселерот „Седумте мажи на Евелин Хуго“?

Има нешто неодоливо во приказната за Евелин Хуго. Звучи гламурозно, мистично, скандалозно, романтично, недостижно, а сепак… познато. Како реалноста да оставила отпечатоци во фикцијата. Од авторката на бестселерот „Дејзи Џонс енд Д сикс“, Тејлор Џенкинс Рејд неодамна од печат излезе романот „Седумте мажи на Евелин Хуго“. Двете книги се во издание на „Арс Либрис“, дел…

Излезе од печат „Хари Потер и Пламениот пехар“ – четвртата книга од серијалот на Џ. К. Роулинг во издание на „Арс Ламина“

Одлична вест за сите љубители на Хари Потер! Неодамна од печат излезе „Хари Потер и Пламениот пехар“ од авторката Џ. К. Роулинг, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за четвртиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата. Ова…