„Низ иглени уши“ од Кен Фолет е возбудлив шпионски трилер од Втората Светска војна

Шпионскиот трилер сместен за време на Втората Светска војна, „Низ иглени уши“ од познатиот велшки писател Кен Фолет, неодамна излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата, која првично била публикувана во 1978 година, е добитник на престижната награда „Едгар“ за најдобар роман, што ја доделува Американското здружение…

„На полпат: (критика или молк)“ е збирка со книжевни осврти на Оливера Ќорвезироска кон современите домашни и регионални изданија

Критички текстови кон 44 значајни изданија од современи македонски и регионални автори се собрани во новата збирка со книжевни осврти „На полпат: (критика или молк)“ од писателката Оливера Ќорвезироска. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи рецензии и колумни пишувани во периодот од 2016 година до денес.…

„Генералот на мртвата војска“ од Исмаил Кадаре е роман за залудноста на војната

Најпознатиот роман на албанскиот писател Исмаил Кадаре, „Генералот на мртвата војска: единаесет кажувања“, излезе од печат на македонски јазик. Ова е трета книга од Кадаре, објавена во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации, по современите класици „Куклата: Портрет на мајка ми“ и современиот класик „Прогонетата: Реквием за Линда Б“. Приказната во…

„Нашиот луд мозок“ од неврологот Дин Бурнет открива што навистина ни подготвува умот

Невронауката ни дава забавни и интригантни одговори на прашањата зошто понекогаш нашиот сопствен мозок нè саботира. Поради што губите во расправите со луѓе кои знаат многу помалку од вас? Зошто никогаш не можете да се сетите на името на жената со која штотуку сте разговарале, иако сте ја препознале и точно знаете која е таа…

„Животните од Европа“ и „Животните од Јужна Америка“ – нови пиши-бриши вежбанки со маркер

По популарните „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“, деновиве од печат излегоа две нови изданија од серијалот „Пиши-бриши“, кои се посветени на животните од Европа и од Јужна Америка. Станува збор за „Животните од Европа“ и „Животните од Јужна Америка“ – интерактивни пиши-бриши вежбанки со маркер во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина…

„Капут од мов“ од Стефан Тиќми е поетски роман за созревањето

Новиот роман за деца „Капут од мов“ од младиот наградуван српски писател Стефан Тиќми излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. „Капут од мов“ е поетски роман за созревањето, за осаменоста, за уметноста, за љубовта и за природата како лек против најразличните проблеми на современиот човек…

Новиот роман „Смртта не е крај“ од Владо Јаневски ја разработува темата – дали умирањето е нов почеток?

Колку е реалноста објективно вистинита, а колку постои само како субјективна свест за она што е околу нас? И дали воопшто тоа што го перципираме како природа на нашето постоење не е можеби производ на нешто надвор од нас самите? Дали смртта е нов почеток, а не крај? Дали е таа коректив на постоењето што…

„Здив: нова наука за една загубена уметност“ од Џејмс Нестор ја открива суштината правилното дишење

Без разлика што јадете, колку вежбате, колку сте слаби, млади или мудри, ништо од тоа не е важно ако не дишете правилно. Ова е главната порака на новата книга од областа на популарната наука – „Здив: нова наука за една загубена уметност“ од новинарот Џејмс Нестор. Книгата излезе од печат на македонски јазик во издание…

Современиот класик „Сто години самотија“ од Габриел Гарсија Маркес излезе од печат во издание на „Арс Ламина“

Светскиот книжевен класик „Сто години самотија“ од колумбискиот писател и нобеловец Габриел Гарсија Маркес деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот „Сто години самотија“, кој е дел од едицијата „Современи класици“, се смета за магнум опус на Маркес, а важи и за едно од највлијателните дела…

„Арс Ламина“ го објави последното дело од Петре Бакевски – поемата „Нова Атлантида“

Последното дело од истакнатиот македонски писател Петре Бакевски, поемата „Нова Атлантида“, деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за финалната книга на којашто Бакевски работел пред својата смрт во 2011 година. Изданието е сочинето од три пеења: „Бротче од хартија“, „Ecce homo“ и „Јазол од…

Нови бајки од Македонија од Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“

Најмладите читатели, но и повозрасните љубители на волшебните светови имаат уште една причина за радост. Излезе од печат новата едиција „Нови бајки од Македонија“, што ја сочинуваат четирите бајки: „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“, а се во издание на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и…

Збирката размисли од најбогатиот човек во светот Џеф Безос – „Да се смислува и да се талка“ објавенa во издание на „Арс Ламина“

Како најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, ги развива своите идеи? По кои принципи се води американскиот интернет-претприемач, деловен и медиумски магнат и инвеститор? Која е тајната на неговиот огромен успех во бизнисот? На овие и на уште многу прашања поврзани со основачот на меѓународната технолошка компанија „Амазон“, одговара новата книга „Да се смислува и…

Историскиот роман „Се викам црвена“ од Орхан Памук е приказна за судирот на Истокот и Западот

Историскиот роман од најпознатиот современ турски писател Орхан Памук, „Се викам црвена“, деновиве излезе од печат на македонски јазик, со ново руво, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Ова е петто дело од Памук публикувано во едицијата „Современи класици“ на „Арс Ламина“, по „Истанбул: Сеќавањата и градот“, „Белата тврдина“, „Нов…

Книгата за „Нетфликс“ открива како стриминг-сервисот направи револуција во индустријата на забава

Книгата за најпопуларниот стриминг-сервис изминативе години „Без правила: ’Нетфликс‘ и културата на реинвенција“ од авторите Рид Хејстингс и Ерин Маер деновиве излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Никогаш порано немало компанија како „Нетфликс“. Таа изврши вистинска револуција во индустријата на забава, остварувајќи милијарди долари…

„Шила“ правејќи кукли го „шие“ светот по мерка на среќата кон која сите се стремиме

Новата несекојдневна сликовница „Шила“ е топла приказна за патот до среќата на едно срамежливо девојче, „сошиена“ од лирската приказна на Јана Мишо и колоритните илустрации на Калиопи Трпчева. Книгата, која деновиве излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирана на седми мај (сабота), со почеток во 19…