Што ако љубовта беше болест?

Бестселерите „Делириум“ и „Пандемониум“ се прогласени за едни од најдобрите тинејџерски романи на сите времиња и се споредуваат со „Игри на гладта“ (Hunger Games). Моќниот дистописки роман на Лорен Оливер – „Делириум“ (првиот дел од трилогијата „Делириум“) претставува свет страшен како Орвеловата „1984“ и една забранета романса споредлива со онаа на Ромео и Јулија. „Делириум“ е најпродавана…

Нов наслов во едиција Лауреати: „Времето на жените“ од Елена Чижова

Во Мртви души, Гогољ пишува дека постојат некои мали нешта што се чинат мали само кога ќе станат дел од книжевно дело; вон него – изгледаат небаре се најважни на светот. И буквално и симболично, Времето на жените на Елена Чижова како да го тврди спротивното: постојат некои мали (намерно и немарно нарекувани) женски нешта – лупењето кромид,…

Конечно! Водич за почетници по бебе-технологија!

Книгата, или поточно прирачникот „Бебе – упатство за употреба“е наменет за татковците-почетници – да ги поучи, насмее и да им се обрати на јазикот кој тие го разбираат, со типични „машки“ паралели и термини. Од неговото деби во 2003 година па сè до денес, овој прирачник е преведен на повеќе од 25 јазици и продадени…

„Харемот на Гадафи“ ексклузивно со Вест

„Харемот на Гадафи“ – дел од нова едиција на Литература.мк Од петок, 14 ноември, Литература.мк и Вест ќе ја престават новата едиција со наслов „Женски исповеди – Тајниот живот на лидерите“,  достапна ексклузивно со Вест, со доплата од само 200 денари во продажните места на МПМ.

Биографијата за Роналдо на македонски

Од вчера е во продажба биографијата за Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер според ФИФА за минатата година, „Роналдо: Опсесија за совршенство“, во издание на Арс Либрис.   Роналдо е роден пред 29 години во мало португалско гратче, во семејство на обична готвачка и општински градинар, а денес важи за едно од најпрепознатливите лица на планетата. Независно дали…

Промотивно на Off Fest: Биографија на Мулату Астатке, таткото на етио-џезот

По повод гостувањето на Мулату Астатке во Скопје во рамките на Off Fest, Арс Либрис ја промовира биографијата „Мулату Астатке: Како се создава етио-џез“. Мулату Астатке е таткото на етио-џезот. Тој е еден од најзначајните синови на културата на Етиопија и воедно еден од најуспешните џез-музичари на светот. Астатке бил првиот музичар од Етиопија школуван во странство…

Забавна книга за сите возрасти

„Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна“ на Јонас Јонасон   Приказната за Алан Карлсон, ведриот старец кој на својот стоти роденден скокнува низ прозорец, цврсто решен старечкиот дом во Малмкопинг да не биде место на кое ќе го заврши својот век, добива свој заплет кога стариот присвојува еден куфер од еден криминалец. Тоа ќе…

Некои приказни живеат засекогаш

Најново од Арс Либрис: „Раскажувачката“ од Џоди Пико   Сејџ Сингер се спријателува со еден старец, омилен во заедницата – пензиониран наставник и тренер во јуниорската бејзбол лига. Нивното пријателство започнува во пекарницата во која работи Сејџ. Еден ден тој ја замолува за услуга: да го убие! Таа е шокирана и одбива… И тогаш започнува…

Дали вистинската љубов може да промени еден маж?

„Проектот Роузи“ од Грем Симсион   Запознајте го Дон Тилман, брилијантен професор по генетика, но асоцијален човек, кој одлучил дека е време да си најде сопруга. Така, на уреден начин базиран на докази, на кој што Дон пристапува кон сите нешта, тој го дизајнира „Проектот-Сопруга“ за да ја пронајде совршената партнерка. Проектот претставува научно-валидна анкета,…

Новото издание на Нојферт во претпродажба со 50% попуст

Најновото 40-то издание на „Нојферт архитектонско проектирање“ е достапно во претпродажба на половина цена од 2.700 денари. Книгата претставува суштинска референца за проектирање и планирање на изградбата на кој било објект. Изданието е дополнето со ревидирани и ажурирани содржини и графика, јасно уредени функционални шеми и типологии кои нудат соодветно планирање, брз преглед и безбедно воведување…

Нурнете се во имагинарниот свет на „Господин Пип“

Во еден роман што е едновремено напрегнат, прекрасен и бајколик, Лојд Џоунс пронижува една трансцедентна приказна што ја слави отпорноста на човековиот дух и моќта на приказните да ги променат нашите животи. На тропски остров разрушен од војната и богат со бакар, од кого учителите – како и безмалку сите други – имаат пребегано, само…

Зошто Наоки сака да скока?

Тивкиот глас на аутизмот низ зборовите на едно дете       Вчера, на 23-ти април, во Хотел Арка се одржа хуманитарен настан на кој издавачката куќа Арс Либрис и Ротари клубот „Кирил и Методиј“ од Скопје, ја промовираа книгата „Зошто сакам да скокам“ – вистинска лична приказна на едно аутистично дете. Книгата претставува еден вид…

Промоција на графички романи

Арс Либрис денеска ги промовираше насловите „Боксерот“, „Дон Кихот“ и „Фауст“   Денеска на штандот на Арс Либрис се одржа промоција на нов жанр – графички романи, преку три наслови: „Боксерот“, „Дон Кихот“ и „Фауст“.   На настанот дадоа збор Дарко Фиданоски – еден од основачите на Арс Либрис, дел од Арс Ламина публикации и Ласко…

Автобиографијата на Фергусон достапна и на македонски

Вчера, на штандот на Арс Либрис, на Саемот на книгата, беше одржана промоција на книгата „Мојата автобиографија“ од Алекс Фергусон, поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, најтрофејниот тренер во историјата на англискиот фудбал и една од највлијателните фигури во возбудливиот свет на убавата игра. На промоцијата зборуваа Дарко Фиданоски, еден од основачите на Арс Либрис, дел…

Арс Либрис на Саемот на книгата 2014

100 нови наслови и 300 книги подарок Од 8 април започнува Саемот на книгата. Арс Либрис ќе промовира 100 нови наслови и ќе подели 300 книги како подарок за посетителите.   Новите наслови од едицијата „Бестселери“ ќе вклучуваат не само нови дела и нови автори, туку и сосема нови жанрови кои досега не биле достапни…