Хит читанки за млади, Отчукувања, Биди со мене, Светот на рамена

 На саемот на книгата Literatura.mk ќе промовира супер избор од најхит романите за млади од минатата година, наменети за читателската публика од 16 години па нагоре. ОТЧУКУВАЊА на Хавиер Руескас и Франсеск Миралјес Овој необичен роман, структуриран како преписка преку социјална мрежа и без нараторски патоказ, ја обработува безусловната љубов, идеалистичката, онаа што е недостижна…

Промоција на петтата книга од едицијата „Прошетка низ Европа“

На годинашниот Саем на книга, а во рамки на саемското претставување на проектот „Прошетка низ Европа“ на издавачот Арс Ламина, ќе биде промовиран и македонскиот превод на романот „Најмал отпор“ од данската писателка Ада Дјоруп. Романот „Најмал отпор“ дава прониклив поглед врз една значајна година од животот на една млада жена. Ема решава да плови кон нови…

Неле Карајлиќ, Жан Бак, Хавиер Руескас и Франсеск Миралјес – гости на „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2017

Многу гости, странски автори, специјални настани и промоции, нови и атрактивни наслови, едукативни изданија и дидактички помагала, креативни работилници за деца, турнири во дидактички игри и многу други изненадувања Издавачката куќа „Арс Ламина“, како и досега, ќе се претстави со низа нови наслови, но и со многу промоции и специјални гости, како домашни, така и…

„Чувар“ на Пeтер Терин го води читателот низ лавиринтите на раздразливоста и неизвесноста

Нова книга од едицијата „Прошетка низ Европа“: „Чувар“ на Пeтер Терин, дистописка алегорија за современите општества Кафкијанска, и по замислата и по изведбата, „Чувар“ на Петер Терин е дистописка алегорија за современите општества што трезно и внимателно го води читателот низ лавиринтите на раздразливоста и неизвесноста кон освестување пред тешко пребродливата состојба на едновремено отсуство и потреба за…

Бестселерот на Ник Кејв „Смртта на Бани Манро“ во книжарниците на Литература.мк

Вториот роман на Ник Кејв, познатиот пејач и предводник на групата „Ник Кејв енд д Бед Сидс“, именуван како „Смртта на Бани Манро“ е напишан цели дваесет години по неговиот прв роман, „И магарето го виде ангелот“. Ова дело е хроника на размислувањата на Бани Манро и портретирање на релацијата татко – син.  Романот е приказ на…

Најомилени наслови во Literatura.mk за 2016 година

Ова се петнаесетте најомилените и најпродавани наслови во Literatura.mk за 2016 година: „Доктор Сон“, Стивен Спилберг (хорор) „Те чекам“, Џенифер Л. Арментраут (романса / книга за млади) Трилогија „Бриџит Џонс“ („Дневникот на Бриџит Џонс“, „На работ на разумот“ и „Луда по него“), Хелен Филдинг (женска фикција / романса) „Нултиот број“, Умберто Еко (мистерија) „Љубов во…

Нов наслов во едицијата „Прошетка низ Европа“

„Градот Бохејн“ – маѓепсувачка фантазија и амбициозна лингвистичка инвентивност Излезе од печат македонскиот превод на дистопискиот роман „Градот Бохејн“ на ирскиот писател Кевин Бери, како дел од едицијата „Прошетка низ Европа“. Дејството на романот се одвива четириесет години во иднината. Некогаш великиот град Бохејн на западното крајбрежје на Ирска е на колена, заразен од пороци…

Куса репортажа од промоцијата на монографијата „МАЕСТРО АЛЕКСАНДАР ЏАМБАЗОВ – Живот низ сеќавања, афоризми, сентенции“

Куса репортажа од промоцијата на монографијата „МАЕСТРО АЛЕКСАНДАР ЏАМБАЗОВ – Живот низ сеќавања, афоризми, сентенции“ од музиколозите Јулијана Папазова и Елени Новаковска. Книгата е во издание на Центарот за музикологија ЦЕМ, а е создадена по иницијатива на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ во чест на 80-годишнината од раѓањето на Александар Џамбазов. Промоцијата се…

Едиција „Фиданки“ за идните страсни читатели

Едицијата насловена како „Фиданки“ е серија детски лектирни изданија за почетно читање. Идеално создадена за најмладите ученици, оваа едиција детски илустрирани книги може да им помогне на децата при полесно совладувањето на техниката на читање, истовремено нудејќи им привлечна шареноликост со изборот на теми и ликови во приказните. Секој од четирите наслови во серијата зборува за…

Прв превод на кирилица за „Врвот на величественоста“

За време на трката за Големата награда на Австрија во Шпилберг, македонскиот новинар Александар Табаковски се сретна со Џејмс Ален, авторот на книгата „Врвот на величественоста“.  Неофицијална автобиографија на Михаел Шумахер „Врвот на величественоста“, издание на „Арс Ламина“, беше повод за средба на македонскиот новинар Александар Табаковски со Џејмс Ален. „Ова е мое прво дело…

„Аматер“ од Жан Бак, нов наслов во едицијата „Прошетка низ Европа“

Од печат излезе македонскиот превод на романот „Аматер“ на Луксембуршкиот писател Жан Бак, како дел од едицијата „Прошетка низ Европа“. Овој краток роман вдомува комплексен наратив. Дејството е сместено во 2007 година, кога нараторот наидува на расказ што го напишал уште како осумнаесетгодишен студент во 1971 година. Се одлучува да ја препише првичната приказна, овој…

„Исповеди“ од Колин Хувер, добитник на наградата „Гудридс чојс“ за најдобра романса

Ново на литература.мк: Исповеди од Колин Хувер – роман, добитник на наградата „Гудридс чојс“ за најдобра романса. Од број еден бестселинг-авторката на „Њујорк тајмс“ Колин Хувер излезе нов роман за ризикување сè заради љубов – и за пронаоѓање на своето срце некаде помеѓу вистината и лагите. „Исповеди е уште една емотивно наполнета и извонредно срочена…

Ново во едицијата „Лауреати“: „Месечарска земја“ од Миа Коуто

Ново на literatura.mk во едицијата „Лауреати“ – романот „Месечарска земја“, прогласен за една од дванаесетте најдобри африкански книги на XX век. Стилски во дослух со најдобрите навики на латиноамериканскиот магичен реализам, опусот на Миа Коуто го одразува и влијанието на гигантите на бразилскиот книжевен XX век, Жоао Гимараинш Роса и Жоржи Амадо. Црпејќи од регионалниот мозамбички вокабулар, Коуто…

Маркес, за оние кои обожаваат да читаат современи класици

Ново од „Арс Либрис“ во едицијата Современи класици: Четири наслови од еден од најзначајните прозаисти на XX век, добитник на Нобеловата награда за книжевност, Габриел Гарсија Маркес, кој е еден од ретките критички уважени автори лесно пристапни и за обичниот читател. Љубов во време на колера Длабоката младешка љубов на Флорентино Ариса и Фермина Даса…

Нултиот број на Умберто Еко

„Нултиот број“, последниот роман на Умберто Еко, сега достапен и на македонски јазик. Tрилер што се чита во еден здив, а ни открива како новинарството уште во текот на деведесетте години на минатиот век добива таблоидна форма и станува оружје во рацете на оние што грабаат богатство и моќ. Приказната, поставена во 1992 година, се…