„Харемот на Гадафи“ ексклузивно со Вест

„Харемот на Гадафи“ – дел од нова едиција на Литература.мк Од петок, 14 ноември, Литература.мк и Вест ќе ја престават новата едиција со наслов „Женски исповеди – Тајниот живот на лидерите“,  достапна ексклузивно со Вест, со доплата од само 200 денари во продажните места на МПМ.

Книги и мода – совршен пар!

Арс Либрис и Литература.мк – дел од овогодинешниот FWSK   Зошто книги и мода, или книги и стил? Затоа што, според нас, книгите се исто толку битни за градењето на стилот како што е тоа и облеката – едното те оформува однадвор, а другото однатре :).   Арс Либрис катчето на FWSK ќе можете да…

Ричард Фланеган добитник на Букеровата награда

Овогодинешниот добитник на најпрестижното книжевно признание на светот – Букеровата награда (Man Booker Prize 2014) е Австралиецот, или поточно Тасманиецот Ричард Фланеган, за неговиот епски роман „Тесниот пат кон длабокиот север“ (The Narrow Road to the Deep North).   Ова е шести роман на Фланеган и е дело со епски размери, кое ја раскажува приказната…

Франкфурт 2014: Книжевни трендови оваа есен

Минатата недела го посетивме најголемиот саем на книга во светот – Frankfurt Buchmesse. Саемот траеше од 8 до 12 октомври, распослан на површина 190.000 м2, со 7.300 излагачи од 102 земји од светот, 600 литературни агенти, 9.300 новинари од 71 земја, преку 300.000 посетители, и непознат број изодени километри низ 8-те огромни хали на саемот.…

Најпродаваните наслови на Garage Sale

По успешната и многу забавна недела на нашиот штанд на Garage Sale во Ramstore Mall, ви пренесуваме дел од атмосферата и ви ги претставуваме најпродаваните наслови во текот на овие седум дена. Garage Sale во Ramstore Mall траеше од 20 до 27 август, а нашите најпопуларни наслови беа на попусти од 30%, 50% и 70%.…

Garage Sale: Најпопуларните наслови на попуст и до 70%

Најпопуларните наслови на Арс Либрис (бестселери, биографии, графички романи…) од денеска па до 27 август ќе бидат на попусти од 30%, 50% и 70% на популарниот Garage Sale кој втора година по ред се одржува во Ramstore Mall. „Паркирајте се“ во Ramstore Mall и не пропуштајте да купите добра книга 🙂  

Настан за децата со аутизам во Скопје ЗОО

Во организација на Арс Либрис, здружението „Во Мојот Свет“ и Скопје ЗОО  Денеска, во скопската зоолошка градина, заедно сo Здружението „Во мојот свет“ организиравме заедничка акција за децата со аутизам. Децата со аутизам се дружеа, цртаа, се возеа на ЗОО вовчето, јаваа пони и галеа животни, а посетителите на зоолошката имаа можност да се запознаат…

Подарете им книга на Вашите татковци

15 јуни (недела) е светскиот ден на таткото. Подарете им книга на Вашите татковци! За таткото кој навива или оној кој сервира, за таткото кој со носталгија зборува за стрипови или оној кој сака хорор, за татковците кои сакаат да се смејат на глас или оние кои одат на концерти. За сите татковци што ќе…

Донаторска акција за аутизам во соработка со Ротари Клубот Скопје – Центар

На 6 јуни, Арс Либрис во соработка со Ротари Клубот Скопје – Центар и Здружението за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“, организираше донаторска акција за помош на децата со аутизам. Имено, во рамки на настанот кој го организираше Ротари Клубот Скопје – Центар по повод петгодишнината од чартерувањето,…

Промотивно на Off Fest: Биографија на Мулату Астатке, таткото на етио-џезот

По повод гостувањето на Мулату Астатке во Скопје во рамките на Off Fest, Арс Либрис ја промовира биографијата „Мулату Астатке: Како се создава етио-џез“. Мулату Астатке е таткото на етио-џезот. Тој е еден од најзначајните синови на културата на Етиопија и воедно еден од најуспешните џез-музичари на светот. Астатке бил првиот музичар од Етиопија школуван во странство…

Новото издание на Нојферт во претпродажба со 50% попуст

Најновото 40-то издание на „Нојферт архитектонско проектирање“ е достапно во претпродажба на половина цена од 2.700 денари. Книгата претставува суштинска референца за проектирање и планирање на изградбата на кој било објект. Изданието е дополнето со ревидирани и ажурирани содржини и графика, јасно уредени функционални шеми и типологии кои нудат соодветно планирање, брз преглед и безбедно воведување…

Арс Либрис на Саемот на Книга во Скопје Сити Мол

Саемот на Книга во Скопје Сити Мол (II кат) започнува на 15-ти мај и ќе трае до 20-ти мај, секој ден од 10-22 часот! Посетете го штандот на Арс Либрис, купете книги со саемски попусти и очекувајте многу изненадувања и акции! Преку 100 нови наслови. „Алекс Фергусон:Мојата автобиографија“, „Џулијан Асанж: Неавторизирана автобиографија“, бестеселерите „Сјаење“- хорор-романот…

Зошто Наоки сака да скока?

Тивкиот глас на аутизмот низ зборовите на едно дете       Вчера, на 23-ти април, во Хотел Арка се одржа хуманитарен настан на кој издавачката куќа Арс Либрис и Ротари клубот „Кирил и Методиј“ од Скопје, ја промовираа книгата „Зошто сакам да скокам“ – вистинска лична приказна на едно аутистично дете. Книгата претставува еден вид…

100 колачиња за 100 пријатели

По повод промовирањето на 100-те нови наслови, приредивме изненадување на Саемот на книгата за своите пријатели, соработници и посетители на штандот на Арс Либрис: 100 колачиња за 100 пријатели! Ги вкусивме заедно најдобрите книги и најубавите приказни: новели, биографии, графички романи…па нека се множат, за да има повод за уште многу колачиња 🙂    

Промоција на графички романи

Арс Либрис денеска ги промовираше насловите „Боксерот“, „Дон Кихот“ и „Фауст“   Денеска на штандот на Арс Либрис се одржа промоција на нов жанр – графички романи, преку три наслови: „Боксерот“, „Дон Кихот“ и „Фауст“.   На настанот дадоа збор Дарко Фиданоски – еден од основачите на Арс Либрис, дел од Арс Ламина публикации и Ласко…