Умберто Еко во тестамент ги забранил дебатите за себе

Големиот писател и мислител во својата последна порака забранил да се водат расправи, предавања и дебати за него, следните десет години по неговата смрт. Умберто Еко успеа дури и од гроб, културната јавност да ја извади од колосек, со своето последно писмо во кое забранува да се водат расправи и предавања за него и за…

ШЕСТ ПРИКАЗНИ ВО ИСТРАЖУВАЊЕ НА МОЖНОСТА ЗА ОТКРОВЕНИЕ

Промоција на книгата „Кратка теорија за патувањето и пустината“ Во рамките на Саемот на книгата, минатата недела на штандот на Арс Ламина беше промовирана првата од петте книги од едицијата „Прошетка низ Европа“, проект кофинансиран од Програмата „Креативна Европа на Европската унија“. Станува збор за превод на делото „Кратка теорија за патувањето и пустината“, добитник…

Трибина на тема „Авторски права: состојби и предизвици во Р. Македонија”

Авторските права на издавачите во фокусот на денешниот Саем на книгата. На трибината во организација на „Арс Ламина публикации” дискутираа Ванчо Каранфиловски – „Табернакул”, Дарко Фиданоски – „Арс Ламина – публикации”, Драгана Ќурчиоска – Министерство за култура и Дарко Константиновиќ – адвокат. Дискусијата ја отворија издавачите „Табернакул” и „Арс Ламина – публикации”, со проблемите со…

Тивкиот глас на аутизмот низ зборовите на едно дете

Делото „Зошто сакам да скокам“ – вистинска лична приказна за тринаесетгодишно момче со аутизам, претставува еден вид на мемоар во кој што Наоки Хигашида ни демонстрира како аутистичниот ум размислува, чувствува, гледа и реагира на начин кој само неколку од нас можат да си замислат. Родители и членови на семејството кои никогаш не мислеа дека можат…

Интерес за детската литература на „Арс Ламина публикации“ на Саемот на книгата во Париз

Здружените издавачки куќи „ТРИ“, „Арс Ламина“ и „Култура“ во улога на комесари за прв пат ја претставија македонската издавачка дејност на саемот на книгата во Париз (Salon du livre) кој што се одржа во експо-центарот „Порт де Версај“ во организација на Националниот центар за книга (CNL). На саемот се собира околу 1.200 издавачки куќи од 50…

Избрани победниците на конкурсот за дизајн „Прошетка низ Европа“

Петте романи од едицијата „Прошетка низ Европа“ добија свои дизајнери на „Конкурсот за дизајн на корица“, кои ликовно-графички ќе го обликуваат кориците на овие романи. Издавачката куќа „Арс Ламина публикации“ избра пет наградувани литературни дела со Наградата за литература на Европската унија (European Union Prize for Literature) од различни европски автори и ја создаде едицијата…

Македонската книжевност претставена на Саемот во Париз

Од огромно значење е што Македонија првпат се претставува на Меѓународниот саем на книгата во Париз. Ова синоќа го заклучија учесниците на трибината „Македонија како книжевна и духовна дестинација на Европа“, што се одржа во рамки на саемот. Модератор на трибината беше Јордан Плевнеш, а учествуваа и авторите Луан Старова, Владимир Мартиновски и професорот на…

Македонската книжевност ќе биде претставена на Саемот на книгата во Париз

На штанд со над 400 наслови од македонската книжевна продукција, Македонија првпат официјално ќе учествува на еден од најголемите европски саеми на книгата, Саемот во Париз, што се случува оваа недела, од 17 до 20 март. Комесари на македонското претставување во Париз се здружените издавачки куќи „ТРИ“, „Арс Ламина“ и „Култура“. На Саемот во Париз ќе бидат…

Конкурс за дизајн на корици за романи од едицијата „Прошетка низ Европа“

Издавачката куќа „Арс Ламина публикации“ ги поканува креативните студенти да достават предлог-дизајн корици за пет романи од едицијата „Прошетка низ Европа“. Оваа едиција вклучува романи на современи европски автори и има цел да го одведе читателот на книжевно патешествие низ различните културни предели на Европа. Издавањето на едицијата претставува дел од проектот „Креативна Европа“, поддржан…

Катерина Николовска ќе ja илустрира едицијата „Бајки од Македонија“

Младата илустраторка Николовска e добитник на паричната награда од 200.000 денари, што ја доделува Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“. Едицијата „Бајки од Македонија“ ќе биде издадена во мај годинава, кога ќе може да се најде и во продажба Креативното решение на Катерина Николовска за илустрација на едицијата „Бајки од Македонија“…

Среќен роденден „Фејсбук“

Во писмото што пред 12 години Марк Закерберг го праќа до инвеститорите, тој ги запознава со идејата за „Фејсбук“, не само да стане компанија туку и да ја оствари својата социјална мисија – да го направи светот поотворен и поврзан. По 12 години тој и неговиот тим остануваат доследни на мисијата, но создадоа и многу…

Книга што би можела да ви го спаси животот

Кога на својата триесет и прва година, при еден МРТ-преглед од страна на неговите двајца најблиски соработници, францускиот невро-истражувач Давид Сербан-Шрајбер ќе открие дека има рак на мозокот, веројатно и самиот нема да може да претпостави дека деценија и пол подоцна, на страниците на својата книга Антиканцер: Нов начин на живот, токму овој миг ќе…

Во најава е екранизација на „Нека снежи“

Продукциската куќа „Јуниверзал“ ја најави екранизацијата на книгата „Нека снежи“ за 9 декември 2016 година. Филмот ќе биде базиран на збирката од три љубовни зимски раскази од триото најпродавани автори на денешницата, Џон Грин, Морин Џонсон и Лорин Миракл. Оваа трогателна, смешна книга, исполнета со празнична магија, е достапна на македонски јазик во издание на…

„Уличниот мачор Боб“ ќе добие филмска адаптација

Бестселер автобиографијата за бездомниот уличен пејач Џејмс Бовен, во која тој раскажува за своето опоравување од зависноста со помош од еден напуштен мачор, ќе добие филмска адаптација. Тоа беше приказна со мошне скромен почеток, приказна за патот до опоравувањето на еден човек од бездомништвото и зависноста со еден напуштен мачор за пријател до себе. Сега,…

„Арс Либрис“ и „Либи“ на саемот на книгата, Кочани 2015

Во рамките на одбележувањето на месецот на книгата, Јавната општинска установа библиотека „Искра“ – Кочани го организира традиционалниот есенски продажен „10. Саем на книгата – Кочани 2015“, како понуда на најнови наслови на книги од повеќе издавачки куќи до љубителите на пишуваниот збор во општината Кочани. Издавачката куќа „Арс Ламина“, со своите импринти „Арс Либрис“…