Македонската литература на саемот на книга во Франкфурт

Постојат многу причини да се биде овој октомври во Франкфурт и да се посети најголемиот саем на книгата во светот. Од 19 до 23 ова ќе биде местото каде издавачите, авторите и љубителите на книгата ќе доживеат една „поинаква страна на книгата“. Најголемиот саем на книгата во светот од денеска ги отвори вратите за издавачката…

Боб Дилан добитник на Нобеловата награда за литература за 2016

Aмерикански музичар Боб Дилан е добитник на Нобеловата награда за книжевност за 2016 година. Тој е 259 Американец добитник на Нобеловата награда, а прв кој е награден за книжевност по две децении. Според шведската академија на Дилан, наградата му е доделена за „креирање нов поетски израз во рамки на големата американска музичка традиција“. Погледнете ја…

Саем на книгата во Франкфурт 2016: Пет дена во знакот на книгата

Постојат многу причини да се биде овој октомври во Франкфурт и да се посети најголемиот саем на книгата во светот. Од 19 до 23 месецов ова ќе биде местото каде издавачите, авторите и љубителите на книгата ќе доживеат една „поинаква страна на книгата“. Македонскиот промотивен штанд ќе биде сместен во петтата хала за меѓународни учесници.…

Книжарницата „Литература.мк“ од интернет се пресели на улицата „Македонија“

Вчеравечер (сабота, 15 октомври), во строгиот центар на Скопје, на најфреквентната пешачка артерија, се отвори ново место што ќе ги обединува сите фини нешта. Станува збор за нова, ексклузивна книжарница „Литература.мк“, која од интернет сега се пресели на улицата „Македонија“, бр. 21 (спроти спомен-куќата на Мајка Тереза). „Литература.мк“ постои на интернет веќе пет години, а сега…

„Литература.мк“ – книжевно катче во ТЦ „Рамстор“

„Литература.мк“ е новото место за љубителите на книгата, вљубениците во пишаниот збор и талкачите низ бескрајниот литературен простор. На првиот кат во ТЦ „Рамстор“ започна со работа „Литература.мк“, книжарница во која се обединети страста за убав збор, страста за шопинг и страста за враќање на книгата во нашето секојдневие. Низ интересен разговор со нашите книжари ќе бидете…

13 најчитани книги на литература.мк

Ова се најчитаните книги за ова лето според корисниците на литература.мк Нултиот број – Умберто Еко Tрилер што се чита во еден здив, а ни открива како новинарството уште во текот на деведесетте години на минатиот век добива таблоидна форма и станува оружје во рацете на оние што грабаат богатство и моќ. Момчето милијардер: Марк…

„Аматер“ од Жан Бак, нов наслов во едицијата „Прошетка низ Европа“

Од печат излезе македонскиот превод на романот „Аматер“ на Луксембуршкиот писател Жан Бак, како дел од едицијата „Прошетка низ Европа“. Овој краток роман вдомува комплексен наратив. Дејството е сместено во 2007 година, кога нараторот наидува на расказ што го напишал уште како осумнаесетгодишен студент во 1971 година. Се одлучува да ја препише првичната приказна, овој…

Дружење и читање на „Бајки од Македонија“ во рамки на летниот саем на книга во City Mall

Денеска со почеток од 18 часот, во рамки на летниот саем на книгата во трговскиот центар „Сити Мол“, издавачката куќа Арс Ламина организира дружење и читање на македонски волшебни приказни од едицијата „Бајки од Македонија“ со актерката Сања Арсовска од Драмски театар Скопје, позната и како Лина од 5+ бенд. Едицијата „Бајки од Македонија“ е составена од четири македонски волшебни…

„Арс Либрис“, „Либи“ и литература.мк во „Сити мол“ на Саемот на книга

Бестселери, ѕвезди на светската книжевност, детската литература и многу други наслови од различните едиции на „Арс Либрис“, „Либи“ и литература.мк од утре, 15 јуни, па до 21 јуни на попуст до 70% на летниот саем на книга, што ќе се одржи во на приземјето во трговскиот центар „Сити мол“. Вашиот истанчен вкус за книга и…

Македонска книжевност на секој дел од светот

Обединети околу дефинираните долгорочни цели, како подигнување на културата за читање книга, заедничка битка за правата на издавачите и промоција на домашната издавачка продукција во светот, издавачите ја формираа Македонска асоцијација на издавачи – МАИ, што на Саемот на книгата во Париз го имаше својот прв професионален предизвик. Во пресрет на следните активности, разговаравме со…

Арс Ламина и Скопје ЗОО организираат „ЗОО викенд со Маја“

Овој викенд, во сабота и во недела, со почеток од 11 и од 12 часот, Арс Ламина, во соработка со скопската зоолошка градина, организира серија работилници на тема „Пчеличката Маја и пријателите: Неверојатни факти за пчелите, бубачките и природата“. Во рамки на работилниците децата низ игра и забава ќе имаат можност да се запознаат со…

Лето со книга на „Арс Либрис“, „Либи“ и литература.мк

Најпопуларните наслови на „Арс Либрис“, „Либи“ и литература.мк од денес, па до четврти јуни на попуст до 70% на летниот саем на книга, што ќе се одржи во Трговскиот центар „Рамстор“. За вљубениците во книгата следуваат подароци и изненадувања. Ве очекуваме на штандовите на литература.мк, за да го најдете последниот реквизит потребен за убав одмор. Инаку,…

МАИ и „Рамстор“ со летен саем на книгата

Во пресрет на летните одмори Македонската асоцијација на издавачи – МАИ и Трговскиот центар „Рамстор“ првпат заеднички организираат летен саем на книгата. Саемот се одржува во „Рамстор мол“ од 31.05 до 04.06.2016 година, а ќе бидат презентирани најновите изданија на книгоиздателствата- членови на Македонската асоцијација на издавачи. Во текот на целата саемска недела издавачите обезбедија…

„Современост“ – симбол за македонската книжевност

Најстарото македонско списание за литература, култура и уметност „Современост“ со промоцијата на јубилејниот број на списанието, одбележa 65 години од постоење. Во чест на јубилејот во НУБ „Климент Охридски“ е поставена ретроспективна изложба што го прикажува развојот на списанието низ годините, што непрекинато излегува од 1951 година и на своите страници ја создавало историјата на…

Приказните од македонското творештво добија нов модерен идентитет во едицијата „Бајки од Македонија“

Илустрациите на сликовниците ги изработи Катерина Николовска чие идејно решение победи на конкурсот за избор на илустратор распишан од Движењето за поддршка на креативноста – Иво Лауренчиќ „Браво сине“, на кој пристигнаа 38 решенија. Во насока на поддршка на креативноста, селекција од 15 пристигнати решенија ќе бидат изложени во просториите на „Јавна соба“ од 13.…